Serie A 2009/2010

Кој според вас ќе ја освои Serie A во сезоната 2009/2010?


  • Вкупно гласачи
    534
Статус
Затворена за нови мислења.

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Serie A



Отвораме нова тема за Италијанската Сериа А, затоа што старата стана многу непрегледна и обемна.

Сериа А е професионалната фудбалска лига на Италија и е највисока по ранг. Се состои од 20 клубови и во неа нема плеј-аут, односно последните три екипи отпаѓаат во втората лига. Првите три екипи играат директно во Лигата на Шампиони, додека четвртиот игра квалификации. Петтопласираниот и шестопласираниот играат во Лига Европа (стар УЕФА Куп), додека третото место за во овој куп му припаѓа на победникот на Копа Италија. Ако победникот на Копа Италија е веќе квалификуван по друга основа, поразениот во финалето на купот го зазема неговото место. Ако пак и двете екипи се квалификувани по друга основа, седмиот во лигата го добива местото за Лига Европа. Сезоната трае од август до мај, период во кој се одигруваат вкупно 38 кола. Само Интер може да се пофали со фактот дека не играл ниту еднаш во Сериа Б.

Формирана е во 1929 година. Статистички, Италија има дадено најмногу финалисти во Лигата на Шампионите. Актуелен шампион е Интер, кој титулата ја освои четврти пат по ред (сметајќи ја и административно доделената титула, одземена од Јувентус).

Еве ја листата на шампиони во Сериа А, по години:



Во Италија тимовите се рангираат прво по бодови, па по меѓусебен дуел, и на крај по гол разлика.

Повелете и анкета, и очекувам дискусија на ниво. :)
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.042
Поени од реакции
1.168
Прв сум јеееееее :)

Фаворит ми е Интер. Не дека навивам за нив, мислам дека имаат најдобар состав иако без Ибра со Ето, Милито, Мота, Лусио и еден добар плеј повторно треба да владеат со Италија.
Единствен конкурет е Јувентус кој добро се засили за оваа сезона но ќе се задоволат на крај со второ место.
Forza Inter!!!
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Фаворит за прво место е Јувентус со новите играчи како Диего,Мело,големиот талент Могли а како што видов на утакмицава со Реал Мадрид и Фабио Канаваро мислам дека го имаат тимот за да ја освојат Серија А.Новиве играчи кога ќе се додадат на старите Сисоко,Каморанези,Дел Пиеро,Амаури,Киелини и Буфон заедно прават еден супер страшен тим за високи дострели.Интер е втор фаворит ама со заминувањето на Златан мислам дека би било многу тешко за нив.Милан нема што да се збори за нив,за греота се:smir:
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
На прв поглед, да, според прикажаните резултати на пријателските натпревари ( кои не се толку важни и играчите не играат со потполна мотивација) многумина Милан го отпишуваат како конкурент за титулата. Се надевам дека Леонардо ќе ја пронајде вистинската постава и дека трансфер на барем двајца врвни играчи ќе придонесе во "изненадувачкиот" освоен трофеј. :)
 

брицо

liverpool
Член од
22 мај 2009
Мислења
567
Поени од реакции
2
во голема борба за скудето мислам дека ќе се води помегу јувентус и интер но и милан не ништо послаб од овие
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Убаво е сите што не сметаат за аутсајдери и за мене е тешко но ќе видиме.Интер и Јуве се засилија добро но сепак ќе гледаме интересно првенство оваа година се надевам неизвесност до крајот.Оваа година Рома многу ќе биде падната како и предходната очекувам борба на Лацио и Фиорентина за четвртото место но тука се и Наполи кој купија одлични играчи.Се на се интересна сезона престои пред нас се надевам на интересни натпревари.
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Милан не верувам дека ќе биде конкурентен за титулата оваа сезона,Интер има солиден состав и е прв фаворит,но очекувам Јувентус да ја освои титулата.
 
P

pepito*

Гостин
Мислам дека Интер и Јуве ќе се борат за титулата и на крајот
1.Интер
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.523
Поени од реакции
5.515
Џенова минатата сезона се дигнаа ама оваа нема ни во куп на УЕФА да влезат според мене, им заминаа најдобрите а Креспо неможе да го замени Милито.
Наполи има далеку подобар тим од Џенова... Лавеци, Хамшик, Сантакроче и Квараљела ќе бидат главни фаци сезонава за Наполи.

Е сеа незнам зошто сите го отпишувате Милан од борба за скудето.
Минатата година што дека беше главен фаворит? ништо... не победуваат секогаш фаворитите. Во тој период е Милан каде има смена на генерации во тимот и ќе треба време да се уиграат, нека не ве лажат пријателските натпревари каде Леонардо ги испробува сите играчи и ја бара вистинската формација.
Со само едно засилување во нападот било тоа Џеко, Хунти или Фабиано... Милан ќе има супер состав и нема да се примети заминувањето на Кака од тимот.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.720
Поени од реакции
43.767
Мое мислење е дека Јувентус ќе ја освојат титулата..Мислам дека е време да го тргнат Интер од тронот на Италија..
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Добро е што сте отвориле нови теми. Попрегледно е и ќе се фокусираме на сезонава а не на што било како било пред годиниве. Претпоставувам дека штом стои ваков наслов, сите дискусии за порано (знаете на што мислам) би требало да се сметаат за оф-топик.

Енивеј, анкетите се бескорисни, служат само да се преброиме кој за кого сме. Подобро е ако веќе ги има прашањето да биде: кој сакате да победи оваа година? Затоа што поголемиот дел од тие што гласаат за своите го прават тоа само за статистика.

Еве пример:

И еден обид за давање аргументи, иако според мене ништо од ова не држи вода:

Е сеа незнам зошто сите го отпишувате Милан од борба за скудето.
Минатата година што дека беше главен фаворит? ништо... не победуваат секогаш фаворитите. Во тој период е Милан каде има смена на генерации во тимот и ќе треба време да се уиграат, нека не ве лажат пријателските натпревари каде Леонардо ги испробува сите играчи и ја бара вистинската формација.
Со само едно засилување во нападот било тоа Џеко, Хунти или Фабиано... Милан ќе има супер состав и нема да се примети заминувањето на Кака од тимот.
Со почит кон сите фанови на Милан, ама оваа година го отпиша цел фудбалски свет а не само форумџиите овде. Значи да бидам попрецизен: Милан нема никакви шанси за скудетото оваа година. Не се работи за тоа дали секогаш победува фаворитот. И да не победи фаворитот, пак победникот нема да е Милан. Милан нема смена на генерации и Леонардо не ги испробува играчите како што тоа проба да го „аргументира“ членот погоре. Милан изгуби играчи и не ги надополни со нови (адекватни), а Леонардо се мачи да направи нешто со она што го има на располагање. Сезоната е долга и потребен е силен тим и силна клупа за да се освои скудетото, а Милан едвај има 11 играчи за прва постава и мизерна клупа. Кога ќе почне сезоната со повреди, жолти/црвени картони, тоа ќе биде ужас. Загубата на Кака е огромна и не може да се надомести со тоа што ќе се купи еден напаѓач, тоа е сулудо и да се помисли. На Милан му фалат играчи во сите линии.

Не сакам да навредам некого недај боже, ама реалноста е таа и ќе се покаже многу брзо. Интер и Јувентус ќе се борат за скудетото и се друго би било првокласна сензација оваа година во калчото. Интер го загуби Ибра но има 4-5 нови играчи во сите линии и клупа која може да ја издржи сезоната. Јувентус исто така се засили со Диего и Мело и вчера покажаа дека се одличен тим. Наполи е по дифолт домашна екипа која се мачи на гости а Џенова не верувам дека ќе ја повтори минатогодишната сезона. Единствено Рома никогаш не ја отпишувам од борба за највисок пласман затоа што играат поофанзивно од другите и кога ќе влезат во серија се многу опасни. Но сето ова е борба за место во ЛШ. Главниот збор ќе го имаат Интер и Јувентус.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Интер - Шампионот на Сериа А во минатите 4 сезони ке биде прв фаворит сезонава. Изгуби играч како Ибрахимовиќ, кој колку и да го мрзам копилето знае да игра фудбал. Го донесоа Ето. Врвен напаѓач но времето ке покаже колку добро ке се снајде во Италија зашто еве за разлика од Ибра кој е силен играч физички, Африканецот е послаб во тоа. Според мене Милито ке биде поопасен од Ето сезонава. Другите линии ке останат исти како лани плус засилувањата како Лусио но нема да се примети разлика зашто и лани беа доста јаки.

Јувентус - Старата дама до сега се засили и тоа како паметно. Диего и Мело се одлични решенија во средината со која се формира одлична средна линија од млади и одлични фудбалери. Одбраната ке биде засилена со стариот Канаваро и тоа е само еден плус. Нападот е солиден со доста добри напаѓачи па мислам дека ке нема проблем за давање голови сезонава. Според мене единствениот конкурент на Интер сезонава.

Милан - Милан го изгуби Кака. Исто така и Малдини. Двајцата најдобри играчи минатите сезони. Кога очекувавме сите јаки замени тие земаа играчи од Албинолефе и Стандард Лиеж. Леонардо сега за сега не се покажа како што се очекуваше и на пријателските натпревари Милан е очаен. Но ајде да не гледам и на тоа. Голманите - Абиати повреден на почеток на сезоната па замена ке биде Дида/Калач/Сторари. Ужас. Одбраната ке биде составена од двајца нови играчи (Огучи и Тиаго Силва) кои физички се исти и се надевам дека добро ке соработуваат. Плус секогаш добриот Неста и благодарните Замброта и Бонера па и до некаде Каладце се формира солидна одбрана ако сите се вклопат некако. Средината е полна со играчи но нема некој лидер во креирање на играта со оглед што одамна Пирло не е при себе. Се надевам дека Роналдињо ке биде тој играч што ке повлече сезонава. Нападот ке биде Пато, Пато и Пато. Се надевам дека и Инзаги ке даде по некој гол. Борјело онака ке биде во тимот. Борбата за ЛШ ке биде единственото нешто сезонава за мојот Милан. За жал.

Фиорентина, Џенова, Наполи и Рома - Од сите овие екипи мислам дека Рома конечно ке се врати во старата форма и конечно по долга пауза ке обезбеди место во ЛШ. Имаат тим за тоа но треба само среќа. Фиорентина исто така има солиден тим и ке се бори со Рома за 4тото место. Џенова изгуби играчи и заедно со Наполи мислам дека само ке бидат конкуренти за Еуролига.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.721
Поени од реакции
22.705
За трофејот ќе се бораат две екипи Интер и Јувентус..Милан мислам дека нема да има сили докрај да се бори..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom