Кардиф сакав да е трет патник во Премиер Лига. Едноставно, пошто е велшки клуб. И со среќа нека им е. Не смеат во натпреваруња меѓународни да играат, во ПЛ смеат.
Ц Ц Ц... Бог да чува:pop:
Туку, ај да напрааме една споредба меѓу Бербатов и Анелка... кој е подобар?
сакам да слушнам мислења
Шо е чудно? Појавата на Дрогба е таква ко шо е, исто и Роналдо. И Роналдо продава дресој, Дрогба не. Дрогба дури и во сезона кога во секој смисол е подобар од Руни, пак не му се признава, па не дресој „да продавал“.
Ако Бербатов ја игра улогата на Анелка во Челзи, тогаш или Фергусон стварно е сенилен, или Јунајтед е во катастрофално лоша позиција.
Добрата контрола на топка, подвижноста, искуството и желбата на Анелка му носат место во Челзи како комплетен плејмејкер, шо сака да прај по терен, каде сака да оди, на каде сака да оди, да се враќа назад, да не се враќа.... Тоа на европско ниво се разбира, се виде дека е катастрофално лошо (дебакл од Интер). Но во Премиер Лига успеа сезонава.
И како да го споредувам со Бербатов кој го мрзи да оди, а не пак да се враќа до 30 метри пред својот голман за да земи топка и да тргни во напад?
Еми, неефинтта да го праам играчо на МЈ подобар од тај на Челзи па и за тва не спорам. Единствено намерата ми беше само да кажам оти на тие утакмици шо го имам гледано Челзи, Анелка не ме аресаше со неговата игра, и дека нее којзнаа колко посјаен од Бербатов, а на форумо навивачето на Челзи стално говорат против него, не дека стварно го мислат тва и го гледат нон-стоп, туку да се напраат паметни, демек се доволно информирани, пратат ного, а уствари само читат на фан клуб МЈ шо говорат наши навиваче. Глупо ми е тва. И да, у право си, нее се до головите, ни до асистенциите, ако играа Бербатов напаѓач и нели ако не головите, асистенциите се негова работа, на 2-3 ситуации на кои се сеќавам се случуваше Бербатов да га организира цела акција, ја префрла топката на Валенсија, тај центаршут и Руни гол, па заслугата не оде само на голгетееро и асистенто.
Бербатов е класичен центарфор, барем во Тотенхем ко играше, како можи да игра ко Анелка?
Нормално ќе го спомнувам ко од таков гол-играч се очекуваат голови, и слободно можи да се рамни со Шевченко по својот успех во Јунајтед, а патем, беше и некое миљонче поскапо платен.
Ок е сфаќам да се изнервираш и да искритикуваш играч, но фановите од Челзи секогаш после пораз или кикс уште од почеток на пролетниот дел одеа да честитаат титула во други клубови (најмногу во манчестер). Тоа ми беше поентата на мојот пост со кој замина во дискусија кој играч колку вредел што не ми беше тоа поентата, но колку и да не изграч клубот добро т.е. играчите глупаво е одма да ги прачаш во аушвиц или на клада да ги ставаш. Сепак те сфачам зошто си изреволтиран но тој револт барај го кај Абрамовиќ бидејќи поради него Челзи стана клуб на платеници, а од такви играчи што можеш да очекуваш. Челзи беше многу убав клуб но парите го расипаа. Инаку мислам дека годинава за прв пат откако е дојден абрамовиќ истиот се освести во неговата грешка со фрлање на големи пари и преценување на играчи, па затоа и во јануар немаше трансфер.
Фанојте на Челзи не знам шо праеле, последен пат кога сум честитал титула на Јунајтед на форумов беше ко даде то пишпилето Македа фушарски гол против Сандерленд ми се чини минатата сезона.
На клада не, во Аушвиц ги пратив по натпреварот со Тотенхем, пошто за таму беа. „Работата ослободува“ пишува таму, а компирите тој ден изиграваа мајмуни во дивина. Исто и бев крајно револтиран по поразот од Манчестер Сити дома. Дали треба причина + за тој дуел?
Со Евертон изигравме дома 3-3. Но направија се што можеа, ко ќе нејќи, нејќи.
Со Евертон на гости лакрдија, и се истурив за Тери, но никогаш не спомнав ништо радикално.
Со Интер двата дуели беа срамотни, но знам дека толку им се капацитетите, особено без Есиен на средината и Малуда на лев бек.
Имаше премногу лоши моменти сезонава, но се истурив само за два - Тотенхем гости и М.Сити дома? Зошто? Прочитај од некој сајт извештај од двата дуели, па ќе прајме муабет.
Абрамович не е мета на мојот револт сега засега пошто прв веќе ја осети преполната чаша на Абрамович Мурињо, потоа и Питер Кенион по „авантурата“ со Сколари, а за моја најголема жал, сега и Џо Кол изгледа.
Абрамович е освестен, рековме од кога, 2007 иди така со Мурињо работата. И од тогаш цел за тренер е дебелиов шо е сега. Тој е цел пошто тој е тренер, не менаџер, и тој ќе дава сугестии за нови играчи, но нема да го има последниот збор. И со каков тим ќе биди, со таков ќе
работи, ќе му мести топки на еден пишпилик ко Брума да тренира слободни удари за разлика од менаџер-иштата англиски, Фергусон и Венгер, чии тренинзи ги водат помошниците, а тие само следат што се случува, и одвреме навреме докажуваат по нешто.
Управата мораше да им понуди доволно големи плати на Тери, Лампард, Дрогба ... за да се осигура нивното останување во клубот на подолг период, бидејќи се работи за фудбалери од врна класа кои полесно би направиле трансфер доколку некој друг финансиски моќен клуб им понуди подобри финансиски услови. Така да многу е сложена дискусијава во која за Челзи се зборува како "клуб на платеници".
И не верувам дека се работи за некој којзнае каков феноменален потег на Абрамович дека нема веќе фрлање големи пари и преценување играчи во јануарскиот преоден рок. Едноставно таква е политиката на клубот веќе подолг период, нема безглаво носење фудбалери на сред сезона. Мене освен Анелка и Ивановиќ кои му беа донесени како засилувања на Аврам Грант како логички побарувања на нов менаџер и ланската позајмица на Кварезма, не ми текнува ниедно друго засилувањ во зимскиот преоден рок во последниве неколку години.
Управата не мораше на 30-годишниот Лампард да му понуди договор на 5 години со основни 150000+ фунти неделно по сезона и покрај то шо тој се мислеше за Интер тогаш, но го направија тоа, и сега затоа Кенион нека размислува како ќе отвора фудбалско-маркетиншка заебанција со Бекам во Америка и нека шета низ ходниците на УЕФА; место да е прв оперативец на Челзи.
Па пример за зимско „засилување“ е Буларуж, иако мислам дека имаше можност да се повика Алекс назад на сред сезона од ПСВ, но сепак, гордоста на Мурињо е премногу голема за да се повика на еден „пронајдок“ на Френк Арнесен.