Primera División 2009/2010

Кој според вас ќе ја освои Primera División во сезоната 2009/2010?


  • Вкупно гласачи
    297
Статус
Затворена за нови мислења.

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
^Прашањето е многу едноставно и е поставено чисто за мое инфо, значи еден натпревар каде не играл Игуаин сезонава а притоа Реал тепале убедливо, т.е не се мачеле со противникот ??
Против депортиво на гости 1-3:smir:
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
^Прашањето е многу едноставно и е поставено чисто за мое инфо, значи еден натпревар каде не играл Игуаин сезонава а притоа Реал тепале убедливо, т.е не се мачеле со противникот ??
Да ти кажам кога имаше брада кога не :)

Не памтам убаво, али почетокот на сезоната Игуаин влагаше како замена, Раул и Бензема играа.

Еден натпревар што памтам е тој со Марсеј дома, Игуаин влезе во 70 минута а резултатот веќе беше 3-0, плус последнава утакмица со Еспањол, влезе 70 минута на резултат 2-0.


Ако се обидуваш да кажеш дека важноста на Игуаин е иста со важноста на Меси, мислам дека не си во право. Како што еднаш кажав, последниве три утакмици Меси беше Барса. Не зборам за цела сезона, последните три утакмици. Верувам и сами знаете, и незнам зошто упорно го негирате тоа, не е ништо лошо :)
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
^Не го негирам тоа за последните 2/3 утакмици, проблемот е што тоа некој сака да го прикаже на друг начин па затоа го спомнав поназад натпреварот на Барса против Интер на кампот без Меси.
А, што се однесува за Игуаин, чисто информативно беше наменето прашањето, иначе факт е дека неговата одлична реализација ве носи да имате ист број на бодови со Барса како и фактот што фантастичните игри на Меси ја ставаат во позиција Барса да го дели врво со Реал.
Врти-сучи тоа е тоа...:)
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.611
Поени од реакции
14.465
Официјално: Севиља му врачи отказ на тренерот Маноло Хименез

Екипата на Севиља реши да му врачи отказ на својот тренер Маноло Хименез откако клубот од Андалузија на домашен терен не успеаа да го совлада последно пласираниот Ксерес

Бордот на директори на Севиља реши да му врачи отказ на Маноло Хименес откако седми натпревар во низа Севиља не успеаа да забележат победа.

По добриот старт на сезоната, Севиља сега е во голема резултатска криза која допринесе клубот да биде елиминира од Лигата на Шампионите и да испадне од топ четворката на табелата во Ла Лига.

На вчерашниот дуел со Ксерес, домакините одиграа само 1-1 со фенерџијата на табелата, откако гостите со погодок во 91та минута стигнаа до 1-1.

Очигледно ваквиот резултат ја прели чашата па Маноло Хименз доби отказ.

Севиља на својата официјална страна испрати соопштение кое гласеше: “Бордот на Директори на Севиља реши да му врачи отказ на Маноло Хименез.”

“Утрешниот тренинг ќе го предводат Рамон Ориа и Начо Орељана а Бордот дополнително ќе донесе одлука за новиот тренер на првиот тим.”

Заминувањето на Хименез претходно го потврди и директорот Мончи кој одржа кратка прес-конференција по крајот на натпреварот со Ксерес.

“Одлуката е многу болна но мораше да се решиме на ваков чекор. Се натпреваруваме за две многу важни цели, од спортска и економска гледна точка.”

“Хименес стори се што можеше за да ја надминеме кризата и имам само пофални зборови за неговата работа.”

Името на Луис Арагонес се споменува како главен кандидат за превземање на кормилото на Севиља но Мончи вели дека тие сеуште не контактирале со никого.

“Не можеме да говориме за тоа кој ќе биде нов тренер бидејќи сеуште не сме разговарале со никого.”
 

Fear In Madrid

Hala Madrid ! ! !
Член од
26 ноември 2009
Мислења
332
Поени од реакции
37
Фала Богу една добра дискусија...БЕЗ ПЦОВКИ,БЕЗ ПРОВОКАЦИИ,БЕЗ СПОМЕНУВАЊЕ РЕЗУЛТАТ ОД МИНАТИТЕ ГОДИНИ...БЕЗ БИЛО КАКВИ ГРДИ ЗБОРОВИ како што беше во претходните дискусии...да му е мерак на човек да седне и да чита и да чита...браво браво, така продолжете...
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Реал Мадрид - Гетафе изгледа нема да ја даваат на Алфа. Барселона вечер ќе ја даваат сигурно кажаа вчера на вестите, ама за Реалч само прочитаа дека ќе играат а не најавија дека ќе ги даваат на ТВ:tv:
 
B

Beck's

Гостин
Реал Мадрид - Гетафе изгледа нема да ја даваат на Алфа. Барселона вечер ќе ја даваат сигурно кажаа вчера на вестите, ама за Реалч само прочитаа дека ќе играат а не најавија дека ќе ги даваат на ТВ:tv:
alsat ke gi dava niv:)
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Од денеска до четврток во елитата на шпанскиот фудбал на програма се натпреварите од 28 коло. Вечерва на програмата се два натпревара. Спортинг Хихон е домаќин на Депортиво Ла Коруња, а Севиља на стадионот "Рамон Санчез Пижуан" ќе игра против тимот кој го држи фенерот во Ла Лига, тимот на Херес. Утре се играат најголемиот дел од натпреварите, додека во директен пренос на Алсат- М ќе можете да го следите натпреварот помеѓу Барселона и Осасуна. 28 –то коло завршува во четвртокот, кога на програма ќе бидат два последна натпревари. Хетафе во локалниот дерби ќе се соочи со Реал Мадрид, додека другиот тим од Мадрид, Атлетико во стадионот "Висенте Калдерон" ќе игра против на Атлетик Билбао.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.611
Поени од реакции
14.465
Пишува дека на програмата во четврток се два натпревари, а не пишува на програмата на ТВ Алсат. :) Како и да е, јас си се снајдов, унгарската Спорт 2 ќе пренесува.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom