Новинарка, грешиш, ама не знам зошто точно грешиш. Дали поради личен интерес или бидејќи не размислуваш рационално.
Океј, МРТВ имаат документи, книги, снимки... сведоштво за едно време. И треба тоа да се емитува денес, да знае омладината како изгледале Колозови пред 30 години. Значи поради тоа треба да плаќаме. Меѓутоа, забораваш дека за 30 години одсега, моите деца, ќе треба моето време да го видат. Што креација направила МРТВ за зачувување на ова денешно време? Објавите на владата? Е фала многу.
Историјата, наследството, се многу заебана работа. Она што е за нас историја и наследство, потекнува од нашите предци. Ние сме нечии предци. Ние им оставаме ништо на нашите потомци. Нема потреба да ја финансираме МРТВ.
За спојот помеѓу националниот сервис како показател на новинарството во целина, нема со никој да се согласиш, ич не се надевај. Националниот сервис е владина институција, поради тоа не може да биде никаков показател за слободата на новинарите. 20 души зимаат плата, сите 20 работат работа што можат да ја работат двајца, куцаат владини соопштенија... Напротив, националниот сервис е показател и сведок на очајот на новинарството (кое го нема во таква куќа).