Присилна наплата на МРТВ

  • Креатор на темата Princ
  • Време на започнување
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Тие начини на собирање средства не се ни од далеку толку ефективни како таксата. И Владата никогаш од кога сум родена, не се рекламирала вака нападно како сега.
Фала што ми кажа. Епа и телевизија се плаќа, затоа што ќе ти соберат предмет по избор од домот ти.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834

Ете сега... Гледаш колку сме засекирани сите? :pos2:
Го утна примерот со патарините па сега се вадиш.

Владата 20 години си прави кампањи. Предизборни фалби, плукање по противници на вести, во специјални емисии. Телевизијата во целост и служи на владата и се што се побарало од неа таа го исполнила. Не сме на подфорум Политика да расправаме која влада колку ја искористувала телевизијата. Секогаш е 100% ама тоа нас не ни е битно за муабетов. Владата ја користи МТВ, владата нека си ја плаќа. Тоа е тоа...

Како мислиш дека тие средства не биле ефективни како таксата? Фино лепо на седница на влада, откако ќе си добијат информација колку (реално) треба за МТВ, ќе си одвојат од буџет и од следната година ќе си има пари. Нека ни опнат некој данок за воздух, само да не знаеме. И нека ја плаќаат. Пак е од наш џеб, како не сваќаш?

Сум бил во држави во кои и јавниот превоз е на тој начин решен. Наместо да купуваш карта за ЈСП, сите плаќаат, иако сите не го користат. Како што велиш ти да биде за МТВ. Ама ако им побараат месечно по толку и толку пари, сите ќе се побунат зошто не го користеле превозот. Вака, си плаќаат, ама не знаат дека плаќаат. И никој не се буни.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
На МТВ им дадов шанса во 2007-ма. Добро почнаа. Од кога им исклучија телефон и интернет наредната година по кој знае кој пат пак отидоа надолу.

Сега што да видам. Одам на прва програма, реклами на владата за извештаи како службен весник да се. Во исто време, веднаш потоа вртам на третиот канал, каде што на рандом ги вртат сите реклами направени од владата од праисторија па до денес.

Абе ова некој од надвор да го види, сеири ќе фаќа огромни.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.580
Новинарка..........

Ајде заколни се во мајка, сестра, татко и брат дека не работиш во МТВ или ти или некој твој близок. :) Без да ми филозофираш со цел да избегнеш директен одговор.

Па потоа ке продолжам да разговарам со тебе.

(Инаку убаво пишуваш развиено со цел да не издупиш скрос во мозокот да не испереш, те научиле на некоа техника на пишување на факултет, се гледа дека не си го препишала факултетот - сакаш да допреш до читателот тоа е добро, ама тука си се заебала на овој форум пошто јеби га ние сме малце подолго време по форуми и медиуми и дебати, така да ке одиш во некое село кај што нема струја и вода и таму ке пробаш да го дупиш во умот поштениот народ со твоите високостилски драпај си меот убедувања да фрламе пари за воздух)
 
P

Princ

Гостин
Нема што да се заколни, пред некој пост кажа дека работела во македонско радио.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.428
Под тоа што се национален сервис, се подразбира дека ги финансира Владата. Секогаш МТВ вестите се најобјективни, затоа не ги ни гледате. Сензациите се поинтересни.
Работата е што Гвујо не издвојува средства за нив, поважни се спомениците и останатите куропецања по државава, па затоа ќе издвојат граѓаните. Не знам што не ви е јасно, и онака и овака ќе плаќаме за телевизијава. Колку луѓе у земјава реално немаат телевизор? И во маргинализираните средини имаат. И еве, дури и да се одделат средствата што тие би ги плаќале, пак нема да се многу. Така што, не барајте игла во сено...
П.С. Да, на крајот на краиштата тоа и планирав, да се преселам заради куќниов совет. Ама аналогно на тоа, и ти ќе треба да се преселиш од државата, ако не сакаш да плаќаш за МРТ. Законов, не го донесов јас. :smir:
Ќе се пресели, но треба да пази. И во другиот дел од европа во некои земји се плаќа за државна тв, не е само кај нас-не е наша измислица :smir: Едино чаре да престанат со крчмење и да ги пренасочат парите како што треба-во техника и кадар, намалување на безвезните и излишни трошоци и некојси отчет пред јавноста-нели јавен сервис се. Но за тоа тешко, мислам дека се јака чешма, добар извор на пари.

Инаку Новинарке добро беше еден период, имаше некаква програма. Посебно добри интересни беа регионалните хроники, емисијата за земјоделци со одлична новинарска екипа (за ралзика од А1 и Сител) во тој дел. Патеписи, животни приказни, интересни занаети, вести и настани од региони кои поинаку не би ги знаеле...но сето тоа се напушти, некако застана. Како со концептот, проектите, така и со техниката која се користи од оваа тв куќа.
Вестите за разлика од А1 и компанија беа релативно кратки, имаше вести и за она што се случило во областа на науката низ светот...имаше друга концепција порано. Сега...не знам :toe:
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Епа и телевизија се плаќа, затоа што ќе ти соберат предмет по избор од домот ти.
Можат да пробаат, мислам стварно нема смисла треба на цело маало да им земат нешто од дома, логички не е издржано.
Последниот пат човекот што се обиде да земи нешто без прашање не помина добро (крадец беше). Ќе го бесеа луѓево на бандера буквално, па мораше полиција да го спасува.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
1. Не гледам МТВ, ја немам на телевизор ни МТВ 1, ни МТВ 2, ни собраниски канал
2. Не слушам македонско радио 2
3. Не плаќам за нешто што не го користам
4. Нека пробаат да се појават извршителите слободно :)

КРАЈ!!!
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.580
Нема што да се заколни, пред некој пост кажа дека работела во македонско радио.
Епа нема тогаш што да се разговара повеке со неа...

Можат да пробаат, мислам стварно нема смисла треба на цело маало да им земат нешто од дома, логички не е издржано.
Последниот пат човекот што се обиде да земи нешто без прашање не помина добро (крадец беше). Ќе го бесеа луѓево на бандера буквално, па мораше полиција да го спасува.
....Штета што не го обесиле
 
D

Delux

Гостин
Jaс ќе плаќам редовно ако и МРТВ ми плаќа месечно по 10.000 денари што има можност да ме сними со камера и емитува на ТВ додека се шетам низ град. Таа можност можат а и не мораат да ја ископристат али мора да платат.
ej vidi pametno...ova ke go napisam vo zalbata vo rok od 8 dena od denot na dobivanjeto na tuzbata:)
rokot na zalbata mora da se zapazi:)
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Нема што да се заколни, пред некој пост кажа дека работела во македонско радио.
А што изработила, има некаков резултат или треба сега ние да ја финансираме нејзината иднина?
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Новинарка..........

Ајде заколни се во мајка, сестра, татко и брат дека не работиш во МТВ или ти или некој твој близок. :) Без да ми филозофираш со цел да избегнеш директен одговор.

Па потоа ке продолжам да разговарам со тебе.

(Инаку убаво пишуваш развиено со цел да не издупиш скрос во мозокот да не испереш, те научиле на некоа техника на пишување на факултет, се гледа дека не си го препишала факултетот - сакаш да допреш до читателот тоа е добро, ама тука си се заебала на овој форум пошто јеби га ние сме малце подолго време по форуми и медиуми и дебати, така да ке одиш во некое село кај што нема струја и вода и таму ке пробаш да го дупиш во умот поштениот народ со твоите високостилски драпај си меот убедувања да фрламе пари за воздух)
Најблиските луѓе што работат во МРТВ се комшиине од зграда, т.е. работеа како монтажери, сега се во пензија. :pipi:
Како иден новинар, многу е логично да имам став каков што имам. Националниот сервис, сведочи за новинарството во целина, во државата.Без национален сервис, нема иднина на информирањето. Базата на информациите се во јавниот сервис. Ако тебе ти е сеедно, дали основата на информирањето ќе ти бидат купот испечатени книги како и принципот на вадење документи(главна тема на МРТВ, деновиве), тогаш јас сакам пристојна телевизиска куќа што ќе сведочи за развиен менталитет и пристојна програма. Фала ти на комплиментите, навистина ми значат, со оглед на тоа што доаѓаат од една толку квалитетна личност, која деградира народ кој живее во рурални средини(без струја и вода).
 
P

Princ

Гостин
Новинарка, грешиш, ама не знам зошто точно грешиш. Дали поради личен интерес или бидејќи не размислуваш рационално.

Океј, МРТВ имаат документи, книги, снимки... сведоштво за едно време. И треба тоа да се емитува денес, да знае омладината како изгледале Колозови пред 30 години. Значи поради тоа треба да плаќаме. Меѓутоа, забораваш дека за 30 години одсега, моите деца, ќе треба моето време да го видат. Што креација направила МРТВ за зачувување на ова денешно време? Објавите на владата? Е фала многу.
Историјата, наследството, се многу заебана работа. Она што е за нас историја и наследство, потекнува од нашите предци. Ние сме нечии предци. Ние им оставаме ништо на нашите потомци. Нема потреба да ја финансираме МРТВ.

За спојот помеѓу националниот сервис како показател на новинарството во целина, нема со никој да се согласиш, ич не се надевај. Националниот сервис е владина институција, поради тоа не може да биде никаков показател за слободата на новинарите. 20 души зимаат плата, сите 20 работат работа што можат да ја работат двајца, куцаат владини соопштенија... Напротив, националниот сервис е показател и сведок на очајот на новинарството (кое го нема во таква куќа).
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.580
Новинарке, гледам дека не се уморуваш од контрањето со цел форум овде (и цела македонска јавност што мисли дека МТВ е за никаде и дека не вреди да се плаќа повеке поради тоа што со парите што ги собираше досега требаше да гледаме тродимензионална телевизија со телетекст и со најновите филмови, НБА и по некое првенство :smir:)

Нема друго, ова со рекетари пракање по куќи нема да проработи (за твоја жалост) поради тоа што може да се деси да отепаат некој рекетар на лице место (има свакакви типови) :toe: ... Што не земеш и ти да одиш со рекетарите по куќи? Дојдете кај мене дома, ке ве пречекам :helou: Имам чифте. хахаха

Не, озбилно имам.

Не деградирам никого освен тебе, ако прочиташ подобро кажав дека тоа се поштени луѓе, но не се навикнати на новинарки што имаат мерак да перат мозок по народов :) Тоа не ги прави глупави или слично, туку едноставно неискусни во дискусии со безвеза луѓе.

Ке не натераш да се чувствуваме виновни што не плакаме предплата да гледаме црно-бели филмови и Хипо и Чипо.... :helou: Срам да ви е на сите што не плакате!

Хипо и Чипо не е заебанција, Новинарка. Ги гледаш ли ти Хипо и Чипо? Може и затоа апелираш да плаќаме - за да не ги укинат...

Ај заебанцијата на страна, ова со рекетариве нема секако да биде, нека продадат пола и повеке зграда и со тие пари да си купат салам опрема и содржини, нека ги избркаат тие многу таму што само седат и ништо не работат, и готовооо. Со самото тоа што ке се купат нови квалитетни содржини од парите од зградата :) (озбилно не се зафркавам), ке се зголеми и бројот на гледачи, а со тоа ке се привлечат и фирми што ке сакаат да се рекламираат и ете ти парииииии.

А предплата да хранам 1000 души во замок за црно бела програма - ЈОК.

Новинарка, грешиш, ама не знам зошто точно грешиш. Дали поради личен интерес или бидејќи не размислуваш рационално.

Океј, МРТВ имаат документи, книги, снимки... сведоштво за едно време. И треба тоа да се емитува денес, да знае омладината како изгледале Колозови пред 30 години. Значи поради тоа треба да плаќаме. Меѓутоа, забораваш дека за 30 години одсега, моите деца, ќе треба моето време да го видат. Што креација направила МРТВ за зачувување на ова денешно време? Објавите на владата? Е фала многу.
Историјата, наследството, се многу заебана работа. Она што е за нас историја и наследство, потекнува од нашите предци. Ние сме нечии предци. Ние им оставаме ништо на нашите потомци. Нема потреба да ја финансираме МРТВ.

За спојот помеѓу националниот сервис како показател на новинарството во целина, нема со никој да се согласиш, ич не се надевај. Националниот сервис е владина институција, поради тоа не може да биде никаков показател за слободата на новинарите. 20 души зимаат плата, сите 20 работат работа што можат да ја работат двајца, куцаат владини соопштенија... Напротив, националниот сервис е показател и сведок на очајот на новинарството (кое го нема во таква куќа).
Тачно.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
Новинарката ни зборува за „иднината на информирањето“. Информирањето има иднина колку што има иднина производството на „Comodore 64“.

Од некои чудни причини се обидува да не убеди дека има или може да има објективно информирање. И дека ако сите плаќаме за него ќе биде уште пообјективно. :tapp:

Вистинското независно и објективно новинарство изумре кога умре класичната телевизија. Сите вие новинари сега си имате газди (било да е Велија, Ѕинго или Влада на РМ), и работите за тие газди. Доведени сте во состојба на интелектуална проституција, безгласни букви сте, читате тоа што ќе ви го дадат да го прочитате. Не сте вие криви. Да има избор, ќе проработи совеста некогаш, ќе си дадете отказ и ќе одите во друг медиум. Ама и самите знаете дека отказот не е решение, зошто кај и да одите е исто, или бетер. Затоа, ќе си читате „вести из несвести“ и ќе се правите на удрени.

Немој жити се да ни зборуваш за објективно новинарство. Вие не сте врста во изумирање, вие сте одамна изумрени. Единствени новинари кои информираат објективно, се спортските коментатори. И тие влечат кон некоја екипа, ама барем не им е наредено од газдата.

Енивеј, едно линкче за тебе: Network (1976)

Како што наведува авторот на клипчето од youtube: Филм од пред 30 години кој перфектно ја опишува денешната состојба на телевизијата, вестите и медиумите. Изгледа пологично и звучи поточно денес, отколку кога беше снимен:

...Единствена вистина за која знаете е таа што излегува од кутијата во дневната соба. Во моментов, има цела генерација на луѓе кои не знаат ништо освен она што излегло од кутијата...

...Оваа кутија може да направи или сруши претседатели, премиери, папи...

...Оваа телевизија е сега во рацете на CCA, 12-та најголема компанија на светот... А кога таква компанија има контрола над најсилната пропагандна играчка на светот, којзнае какво срање ќе ви прикажуваат како вистина...

...Ако сакате вистина, одете кај господ, кај вашите гуруа, кај вас самите... ама луѓе, нема да слушнете никаква вистина од нас... ние ќе ви кажеме било кое срање што сакате да го слушнете.

..Ние сме илузионисти, вие сте реалноста. Но вие луѓе, почнувате да верувате дека кутијата е реалност. Правите се што кутијата ви вели: Се облекувате, јадете, ги воспитувате децата, дури и мислите како што кутијата ви вели.

Ова е масовно лудило, вие манијаци!
За име божјо, вие сте реалноста, ние сме илузија! Затоа, исклучете ги приемниците, исклучете ги веднаш, и оставете ги исклучени...

Борбата на еден налудничав новинар да биде објективен и им каже на своите гледачи како ќе биде понатаму. Филм кој ја предвиде иднината. Не е ни чудо што Новинарка, не може да најде ни еден кој ќе се согласи со неа дека информирањето може да биде објективно. И дека објективноста на информирањето зависи од тоа дали ние плаќаме, или не.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom