Присилна наплата на МРТВ

  • Креатор на темата Princ
  • Време на започнување
P

Princ

Гостин
Граѓаните, сакале или не, ќе мора редовно да ги плаќаат сметките за радиодифузна такса, кои наскоро ќе ги добијат во своите поштенски сандачиња за цела измината година. Од МРТВ информираат дека тие веќе се доставени за над 70.000 фирми, а сега се очекува да ги добијат и околу 480.000 домаќинства, кои според законот треба да плаќаат по 130 денари месечно или три пати помалку отколку што беше одредено со претходното решение, секој 15-ти во месецот.

МРТ неплатениот износ присилно ќе го наплатува, со овластени извршители, кои ќе запленуваат предмети во домаќинствата. На фирмите долгот присилно ќе им се наплаќа преку тансакциска или каква било друга банкарска сметка. Од МТВ апелираат до граѓаните редовно да ги намируваат долговите за да се избегнат дополнителните трошоци за извршителите што паѓаат на сметка на должникот.

Според законот, секое домаќинство, фирма и угостителски објект е должно да плаќа радиодифузна такса, без разлика дали има телевизор, дали ги следи или не програмите на Македонската радио-телевизија или е приклучено на кабелска телевизија.

- Од минатиот месец, решенијата до обврзниците - правни субјекти ги доставивме преку Македонски пошти и почна со наплата на радиодифузната такса. Наплатата се однесува за периодот од јуни лани до јуни минатиот месец, а наскоро нив треба да ги добијат и домаќинствата. Плаќањата може да се извршат еднократно или на рати, најдоцна до 15-ти во месецот. За секое доцнење се плаќа камата утврдена со закон - објаснуваат од МРТ.

Според извршниот директор, Петар Каранаков, со редовната наплата на таксата ќе се овозможи финансиска независност на јавниот сервис, со што ќе се јакне создавањето политички урамнотежени дневни информативни емисии, како и нова продукција.

- Очекуваме ако граѓаните редовно ја намируваат обврската да собираме околу 15 милиони евра годишно, од кои 12 милиони евра би останувале за МРТ. Сметаме дека на овој начин ќе можеме редовно да им исплаќаме плати на вработените и да ја исполниме нашата должност како јавен сервис. Наша цел не е наплатата да оди преку извршители, не сакаме да отвараме пазар за извршителите бидејќи граѓаните ќе плаќаат многу повеќе од тие 130 денари за трошоците за извршителот. Но, наша законска обврска за која одговараме е да ја наплатиме таксата. Затоа апелираме до граѓаните да ја плаќаат таксата, а ние се обврзуваме дека со сите сили ќе ја оправдаме нивната доверба со поинтересни содржини за да го вратиме стариот лик на МРТ - вели Петар Каранаков, извршен директор на телевизијата.

Оттаму информираат дека за периодот од јуни лани до јуни годинава, граѓаните добиваат по две решенија, од кои едното се однесува за месеците јуни, јули и август лани, а таксата е пресметана по стариот закон, а второто решение е за периодот од септември лани до јуни годинава, каде што месечната РДТ изнесува по 130 денари.

Поради големите трошоци за печатење и за дистрибуција на овие решенија, МРТ во натамошниот период решенијата ќе ги доставува еднаш во годината.

„Долгот за радиодифузната такса како јавна давачка не застарува, како што е тоа случај и со другите сметки за комуналии. За правните и физичките лица што нема да ја извршуваат оваа законска обврска, МРТ ќе биде принудена наплатата да ја извршува преку извршители, при што не се исклучува и наплатата по судски пат“ - информираат од МРТ.

Неплаќањето на радиодифузна такса изминатиот период доведе до тешка финансиска криза во МРТ и другите корисници на парите. Од радиодифузната такса МРТ добива 76,5 отсто, за ЈП „Македонска радиодифузија“ одат 19,5 отсто, а за Советот за радиодифузија се одделуваат 4 отсто. Граѓаните неплаќањето на таксата го правдаа со незадоволството од програмата што ја добиваат од МРТ како јавен радиодифузен сервис.

Последен пат МРТ ја наплати радиодифузната такса во 2007 година, по што во 2008 година престанаа да доставуваат фактури, а јавниот радиодифузен сервис се финансираше со пари од буџетот.

Покрај домаќинствата, обврска да плаќаат радиодифузна такса имаат и сите правни лица и сопственици на деловен простор и тоа на секои 20 вработени по една радиодифузна такса. Хотелите и мотелите плаќаат по една радиодифузна такса за секои пет соби, а сопствениците на угостителски и други јавни објекти за секој приемник по една такса. Стопанствениците реагираа дека на овој начин дополнително се оптоваруваат со нови трошоци.

Дневник.
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107
Не може да плаќаш за нешто што не го користиш. Општа првооделенска логика е ова.

Ќе падне ова на уставен кај и да е.

Очекуваме ако граѓаните редовно ја намируваат обврската да собираме околу 15 милиони евра годишно, од кои 12 милиони евра би останувале за МРТ. Сметаме дека на овој начин ќе можеме редовно да им исплаќаме плати на вработените и да ја исполниме нашата должност како јавен сервис
ВАША должност е ги покренете мрсните дебели газови од тоа фотелјите и да почнете да работите. Нешто што се вика национална телевизија да има квалитет и гледаност помала од локална телевизија е само приказна за неуспешен социјализам. Понудете услуга па потоа барајте пари за неа. Ебате она паметните ебате.
 
А

Ајсшутер

Гостин
Како што кажа HsIlOmEdUs неможе да ми наплаќа за нешто што не го користам, еве не користам телевизор и за што ќе ми наплаќа ? - Кога не ми дава никаква услуга која ја користам нема да добие ни денар.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Имам 1500 пати кажано и уште толку ке кажам. Нека погледнат што се нуди на репертоарот ХРТ (со своите 3 програми) па нека бараат пари. Јас немам намера да плаќам телевизија во никој случај.

- Очекуваме ако граѓаните редовно ја намируваат обврската да собираме околу 15 милиони евра годишно, од кои 12 милиони евра би останувале за МРТ. Сметаме дека на овој начин ќе можеме редовно да им исплаќаме плати на вработените и да ја исполниме нашата должност како јавен сервис.
Сакате да кажете дека јас треба да ви платам 1500 денари годишно за да вие не работите ништо, и да се сметате дека сте најдобра телевизија? Не им плаќам ништо и на А1, Сител, АБ канал, Канал 5 па добивам 3467237612 пати поквалитетна програма од она срање што го гледам на МТВ (Тропски горештини актерите се веќе во пензија, бушава азбука од времето на комунизмот) а за спортски содржини не станува збор. Даваа Ф1, Мото ГП, Лига на Шампионите, сега ништо нема.

Така да ако сакаат, нека ми ја прекинат програмата ич кур не ме боли. Не сакам И НЕМА да плаќам за нешто што не сакам да гледам.
 
P

Princ

Гостин
А како воопшто можат ова да го бараат и да се закануваат по медиуми??? Јас сакам сите вработени во МРТВ да ми плаќаат по 300 денари месечно дека работат таму а не прават ништо. Несакам да чујам мрчење, завршен е муабетот.
 
D

drle

Гостин
бушава азбука од времето на комунизмот
Што имаше толку страшно во бушавата азбука, камо сега да има повеќе такви емисии, а не драгон бал, телетабиси или други срања од кои децата станувааат се поретардирани.

Извинете за офтопиот.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Што имаше толку страшно во бушавата азбука, камо сега да има повеќе такви емисии, а не драгон бал, телетабиси или други срања од кои децата станувааат се поретардирани.

Извинете за офтопиот.
Нема ништо страшно, кога беа толку иновативни да смислат таква емисија во 80-тите, шо не смислат нешто еднакво или подобро сега? Се нервирам што живеат на стара слава, истото та истото изминативе 15 години незнаат да смислат некоја понова емисија за деца, а бараат 1500 денари годишно.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Се зезаат нели?

Не се саглам овие, јас месечно треба да давам 600 денари за телевизија, од кои 120 денари за нивната прва програма што воопшто ја немам веќе низ програмите ни гужва да ми прави.

Им чади главата од топлото, не би било веројатно ова вака да остане.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не плаќам бе, а и не се води на мене таа сметка, на тој што би требало да се води нема транскациона сметка. А ова извршители да доаѓаат по куќи со нетрпение го чекам тој ден :zlo:.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Jaс ќе плаќам редовно ако и МРТВ ми плаќа месечно по 10.000 денари што има можност да ме сними со камера и емитува на ТВ додека се шетам низ град. Таа можност можат а и не мораат да ја ископристат али мора да платат.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
не плаќам за нешто што не го користам
каналите на мтв не ми се ни меморирани нити па радиото го слушам
а ако можат нека дојдат тие извршители :vozbud:
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Што има мене да ми наплатуваат кога користам сателитска?
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Бла бла бла... МТВ има невидени долгови па ќе се вади со присилно влечње пари од граѓаните кои и така не ја следат програмата на телевизијава (ако воопшто може да се нарече така). Ако тргнеме од функционирањето на „националнава“ телевизија, всушност не тргаме од ништо. Едноставно, под функционирање не подразбирам прикажување на образовни емисии снимени пред 1990, цртани кои имаат современо-глупава содржина, филмови на кои преводот е најверојатно пишуван директно врз снимката со машина за куцање и емисии кои одат во живо а сè уште користат техника од пред најмалку 10 години.
Во право беше Dzish... Кога А1, Сител, Алфа, Канал 5 (кои според мене имаат најубава програма) не добиваат никаков надомест од нас граѓаните, тогаш зошто МТВ би требало да добива?
Да му дадам пари на некој кој не успеал успешно да менаџира национална телевизиска куќа?
Нешто што највеќе ме иритира е следново. Како може НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИСКА КУЌА сè уште да нема телетекст, додека три други приватни имаат?
Можеби по правилникот за радиодифузија моите треба да ја плаќаат таа сметка, но како беше минатито пат така ќе биде и сега. Игнорирање...
 
S

StormRage

Гостин
Чекај бре упм... шо мене да ми идет да ми наплаќат за МТВ како прво само седит меморирана во ТВ и никој не е гледат и како второ иам кабловска... нека му наплатат на овој шо ми пушта кабловска не мене...
 
P

Princ

Гостин
Најголем дел од Македонија веќе е на кабловски оператори или IPTV.. ретко кој веќе користи антена да фаќа програма. Е сега, ние што имаме кабловска или IPTV треба да им се наплати на оние што на нас ни ја даваат всушност програмата.
Башка муабет што не може секој да бара да му платиш нешто само затоашто МОЖЕШ да го користиш. Замисли дур пешачиш по партизанска да ти застане таксист и да ти рече
- Дечки, дај стотка.
- Ама јас пешачам!
- Јебига, твој пропуст што не користиш прилика.

Колку што знам, за работата на МРТВ владата веќе оделува средства од буџет. Неоправдани според мене и тебе, ама ете, не е битно, дели. Капак на тоа, сакаат да го тероризираат целото население??? Нека фатат да менаџираат подобро, па и со јавна куќа ќе се наполнат пари (на првиот кат само, останатите нека си играат ТВ).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom