Што народ ќе бевме бе у ПМ.
Само да се плука по некој. Сите ни сметаат сите се лоши, како ние најпаметни и надобри да сме.
Катарина е најдобрата македонска манекенка. Не дека нема и други убави девојчиња низ државава, ама ниедна нема храброст да се впушти во тој моден бизнис комплетно. Никоја несака да се исели од Македонија, а секоја сака да е модел на Долче и Габана. Ееее нема да ти тропнат на врата тие.
Затоа и останатите наши манекенки ќе ги гледаме на избори од типот Мис лето, Мис зима, Мис базен, Мис танга и во спотови на ЈЈ и Врчак компанија.
Имаме девојче што е топ модел и сите бла бла лоша била ваква била таква била. Погледнете се во огледало прво вие па после зборете.
нема некој посебен шарм ...а и патем .......мразам шмизли! :buum:
Од кај па ти го донесе овој заклучок? Се дружите?
Секое женско што e подобро од вас е шмизла, аман.
Типкава до пред некое време и не беше некое име кај нас. Но кога почнаа да ја форсираат по спотови, слушнав една нејзина изјава.
На прашањето: „Дали би соработувала со некој од македонските креатори за некоја овдешна модна ревија?“, следуваше одговор: „Во Македонија сè уште не сум сретнала креатор кој ме привлекол со своите креации. Поточно, кај нас нема креатори кои вредат за јас да се појавам во нивни дела. Сепак, имам работено во Милано со некои од најпознатите дизајнери и не би сакала да се појавам на некоја нискокласнична ревија“...
Ова мислам дека е реченица со која секој може слободно да стане лесно омразен меѓу пошироката јавност.
Иако има тело, одбивна е и ладна.
Воопшто не ја осудувам за ова што го кажа.
Зашто Македонија нема мода. Тука кај нас само Кара е позната (која ангажира познати личности за кампањи и си плаќа добро), немаме модна недела (т.е имаше годинава некоја во Битола) и креаторите наши служат за шиење на матурски фустани.
Иако има млади надежни креатори ама немаат средства за познат бренд сопствен да направат и работат за други.
И со тоа јасно е зашто Катарина не се појавува кај нас. Ќе се појави ако ја платат. А зашто да дојде да сними реклама за Орка пример за 100 евра, кога може за 10 000 да сними истиот тој период за Армани.
Па сепак се се врти околу парите.
Сфаќам што сакаш да кажеш, но, кој да и` креира тука облека?
Цаци Паковска? Андреев?
Нормално дека кога ќе возиш Ферари потоа не би сакал да возиш Југо. Исто е и со Катарина, кога веќе соработувала со познати дизајнери, нема што да бара во соработката со Цаци наша.
Цаци не е дизајнер
Цаци е стилист и само ги комбинира парчињата гардароба, а не креира сопствени модели
Али може Aндреев
Сепак некогаш може да се потрудиме да го цениме она што е наше. Се што е добро си оди од тука, зашто сите го игнорираме. Штом отиде во странство тука го навредуваме божем се занесувал, не вредел и триста глупости.
А на крај сепак сваќаме, али веќе е доцна.