Мистичен
Човек
Продаваш демагогија. Еве зошто:И доста трубите за тоа дека само богатите имаат шанса за високо образование, баш за сите да добијат шанса за образование сега би требало да послужат овие матурски испити што ги полагаат средношколците, порано за тоа беа приемните, не знам што кокодакате толку околу тоа, СИТЕ имаа и ќе имаат шанса за високо образование.
Факт 1: Само одреден дел од оние кои се одлични ученици а кои не можат да си дозволат да плаќаат ќе се запишат така, едноставно затоа што за сите нема место во државна квота. Не дека тие другите што ќе отпаднат не се одлични - едноставно, нема место за сите. Џабе ти се сите петки, кога за тебе место нема. Ако има место за тебе, ќе нема за друг кој бил исто така одличен и има желба да студира.
Факт 2: Богатите, без разлика на поените од средно ќе се запишат. И тоа на факултетот каде што сакаат. Имаш пари, плаќаш, запишан си.
Факт 3: Системот не го овозможуваше тоа ни пред десетина години (и тогаш оние кои имаа да платат партиципација или да фрлат мито се запишуваа таму каде што сакаат), а куп одлични ученици остануваа незапишани или во најдобар случај се запишуваа на неатрактивни факултети.Системот по кој функционираше образованието го овозможуваше и уште го овозможува тоа, за разлика од тие толку "опеани" западни земји, во повеќето од кои образованието е луксуз на тие што имаат пари.
Факт 4: Постојат професори за чии предмети не можеш да позајмиш книга, ниту да ја копираш, туку кои те уценуваат да ја купиш по екстра цена од неколку илјади денари, а притоа те евидентираат во нивен список дека си ја купил. Ако не ја купиш - ќе положиш никогаш.За тие што се навистина социјално загрозени, мислам дека постојат намалувања на партиципацијата на факултет, еве сега има и факултети скоро во секој град, книгите се копираат/позајмуваат, има начин да се снајдат.
Факт 5: Приватните одамна ги имаат престигнато државните. Начинот на предавање не се споредува. Ако на државен ти прават тортура со книги дебели ко библија, и учиш (пардон, бубаш) секакви глупости на кои никогаш нема да им најдеш реална примена во идната професија, додека професорот глуми незнам каков бог - не значи дека се поквалитетни. Или ако те бута на испит 16 пати за банални работи само за да те изрекетира за неколку стотки евра - не значи дека се поквалитетни. Ако на приватен место катаљарда глупости учиш стриктно тоа што ти треба (наместо на градежен да учиш нуклеарна физика јеботе и мораш сите формули за фисија и фузија да ги пееш на памет ко да полагаш тест за вработување у Меѓународна агенција за нуклеарна енергија, ало ненормални) не значи дека не е квалитетна институцијата. Напротив.За приватните факултети, кој сака нека повели да си плати, ама сега за сега се уште го немаат достигнато нивото на државните, па и да си платат нема да добијат повисоко ниво на образование. Кога ќе ги достигнат и престигнат, секогаш постојат стипендии за талентирани студенти, кредити, ако баш толку сакаат да бидат на приватен факултет има начини да студираат таму.
Да те прашам нешто. Ти зошто сакаш да студираш? И зошто мислиш дека си специјална и поинаква од другите кои сакаат да студираат, дека ти треба да студираш а некој друг не, и дека баш ти нема да бидеш вишок? Разликата помеѓу тебе и чистач може да не биде во интелектот или во успехот од средно или во желбата за студирање и подобар живот, туку само затоа што твоите имале средства да те запишат на факултет, а неговите - немале. Судбини.И не треба по секоја цена (како што пробуваат сега со кампањите) да се натераат сите средношколци да се запишат на факултет. Еве хипотетска ситуација, Македонија функционира совршено, има достапни работни места за секого, во сите бранши. 85% се со завршен факултет затоа што откако се запишале во прво гледале на телевизија реклами дека е најфраерски да завршат факултет, нема ни во обзир да земат да работат како земјоделци, шофери, што-и-да-е, или ќе поминат 4 години на факултет за да работат како високо образувани земјоделци, совршено, нели.
Со ова само се прави да се запишат на факултет и тие што не сакале, а ги мрзи да работат, па си имаат изговор дома "остај ме мамо, не можам да работам, студирам".
Сериозно немав намера на те навредам.