Дали е добро 85 % од младите да се запишат на факултет?

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
На пример - ќе имаме ли медицински сестри, ѕидари, мајстори за коли, продавачки, шофери, ...
дај боже да неаме...дај боже сите да се доктори и архитекти и за сите да има работа....ама нема...тоа сега нема а камо па тогаш...
Или ќе имаме невработрени доктори, архитекти (за кои нема доволно ѕидари), невработени машински инжинери, невработени економисти ...
невработени не...ако се што знаат е архитектура и инжињерчиња да бидат, а нема работа, ке си бидат продавачи, ке пасат овци, ке молзат крави, ке се пентарат на бандери, ке сечат дрва, копаат у рудник и штотијазнам....битно ке има работа, пак за ист процент како и секогаш...само овој пат може попаметните ке останат горе..
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
816
Поени од реакции
22
Па добро е што се отворија факултети во другите градови....Бидејќи имало капацитети но немаат финансии и пропаѓаат..Работат бедни работи за 5-6000 плата...
 
*Slash*

Comfortably Numb
Член од
31 јули 2008
Мислења
760
Поени од реакции
1.209
Интересна тема за дискусија.Сите ќе имаат диплома,ретко кој знаење а работа само преку врски.:uvo: Што ќе биде со Мк за 20-30 па и 50 години???
 
Член од
18 март 2007
Мислења
570
Поени од реакции
78
И јас истото се прашувам уште откако започна овој тренд на форсирање на факултетското образование.

Глупост невидена. Ако некој знае дека може, тоа треба да се пофали и поддржи. Но селанинот на кој местото му е во село и нема капацитет за да излезе оттаму - најдобро е да си остане каде што си е. И тоа е многу потребно. Истото важи и за граѓаните, секако. Матурантот што одвај прогурал низ средно, не му се учи понатаму, а со сила фрла паричка на кој факултет да се запише, нели треба да се запраша „Зошто го правам ова?“

Но целта на оваа шарада не е Македонија да е над сите во образовани луѓе, ами за што повеќе да се запишат и да ги фрлат парите. Токму и таа е целта на сите оние факултети што се отворија на секое ќоше. А повеќето од студентите после ќе се сликаат со таа диплома, зашто очигледно е дека 85% па и помалку нема да имаат работа во канцеларија.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
можеби си во право и добро е што 85% ќе се запишат на факултет но кога ти ќе завршиш факултет со кој ќе можеш да земаш 20 000 ден плата дали би се нафати да работиш за трипати помала како ѕидар? сепак мислам дека ваквите традиционални работи полека изумираат не само во земјава туку и во цел свет:toe:
Неможе да биде полошо ниту за државата ниту за народот ако има повеќе луѓе со високо образование.
Кога ќе дојде време да се јави недостиг од ѕидари тогаш ќе се покачи и платата на ѕидарите до пристојна сума. Кога ќе снема земјоделци и дрвосечачи ќе мора да се најде излез или преку увоз на работна сила, или (со сигурност) ќе се намали желбата за студирање бидејќи недостигот на луѓе од тие професии ќе им овозможи на тие што ќе се решат да го работата тоа да имаат пристоен живот без да учат по 30 години, или ќе има потреба од воведување на нови технологии кои ќе го заменуваат човечкиот труд (кои што ќе се развиваат од тие кои завршиле факултети).
Загрижува само квалитетот на образованието што се нуди кај нас.
Ако има многу дипломирани, нема толку многу магистри. Кога ке има многу со завршени постдипломски студии нема да има многу со докторски степен. Ќе се воведуваат нови критериуми за оценка и вреднување на знаењето и способностите на секого.

Нема потреба од таква загриженост, секој во крајна сметка ќе си го добие заслуженото.:toe:
 
ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Ne mora fakultet ama edno sredno da imat da bidat pismeni,ne ko Albancite da prasvat dali sirenjeto e svinsko.
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Интересна тема за дискусија.Сите ќе имаат диплома,ретко кој знаење а работа само преку врски.:uvo: Што ќе биде со Мк за 20-30 па и 50 години???
Па така беше и порано работа само со врски, единствената разлика е тоа што сега тие што имаат врски а немаат знаење ќе можат лесно да дојдат до диплома и да имаат и врски и диплома, а тие што имаат знаење а немаат врски ќе добијат диплома ама за џабе, кога немаат врски нема да најдат работа и автоматски ќе мора да се снаоѓаат или надвор или да пасат овци.
 
С

Спенсер

Гостин
лично сум сведок на човек со факултет,со добиени награди за својата успешна работа...да не кажувам каде работеше,важно имаше државна работа,али од високо место го спуштија многу подоле,а на тоа место беше 7 години, значи нема врска со партии,затоа што ке го сменеле порано,а на негово место ставиле човек кој првпат се запознава со таа работа а и нема соодветен факултет да го работи тоа...го стајле затоа што човекот си имал врскички...затоа не се замарам со учење...
 
R

Reve0ke

Гостин
Па така беше и порано работа само со врски, единствената разлика е тоа што сега тие што имаат врски а немаат знаење ќе можат лесно да дојдат до диплома и да имаат и врски и диплома, а тие што имаат знаење а немаат врски ќе добијат диплома ама за џабе, кога немаат врски нема да најдат работа и автоматски ќе мора да се снаоѓаат или надвор или да пасат овци.
Ако е дипломата за џабе тогаш дај сите да се откажиме од животот и од работата, ако нешто што те бидува и нешто што сакаш да го работиш нема тука што да те спречи во тоа. И нема везе тоа со врски работа да најдеш еве барем јас сум од Прилеп и ако сакаш да работиш во поголема фирма како Микросам или Витаминка ако упееш да се вработиш со врски и да земаш поголема плата од 100 евра јас ќе те честам.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
на Македонија и требаат работници, необразовани кој ќе свиткаат кичма за благодет на нас, образованите. Кога сите би имале завршен факултет сите би биле господа и ќе нема работночка багра да како црнци ни овозможуваат убав и лагоден живот. Треба да се поострат критериумите за прием на факултет, не само успех од средно туку да може и да докаже дека потекнува од интелектуално и образовано семејство од дедо и прадедо. Да се создаде само една мала елита на која ќе и биде достапно високото образование.
 
alek34

Многу искусен форумџија
Член од
23 јуни 2009
Мислења
451
Поени од реакции
25
Неможе да биде полошо ниту за државата ниту за народот ако има повеќе луѓе со високо образование.
Кога ќе дојде време да се јави недостиг од ѕидари тогаш ќе се покачи и платата на ѕидарите до пристојна сума. Кога ќе снема земјоделци и дрвосечачи ќе мора да се најде излез или преку увоз на работна сила, или (со сигурност) ќе се намали желбата за студирање бидејќи недостигот на луѓе од тие професии ќе им овозможи на тие што ќе се решат да го работата тоа да имаат пристоен живот без да учат по 30 години, или ќе има потреба од воведување на нови технологии кои ќе го заменуваат човечкиот труд (кои што ќе се развиваат од тие кои завршиле факултети).
краткорочно е дури и добро да има 100% запишани на факултет: не се јавуваат како невработени (бидејќи се студенти), трошат пари од татко им и мајка им (па се развива економијата), итн.

НО - долгорочно е катастрофа. Има 2 варијанти:
1. Голем дел да не завршат - тоа е огромен трошок, бидејќи за џабе студирале. Се знае кого го бива за шофер, а кого за научник.
2. Голем дел да завршат - тоа не само што е огромен трошок, туку НЕМА ДА ИМА каде да се вработат, па има тука 3 подваријанти:
2.1. Ќе седат дома и ќе бидат понатамошен трошок
2.2. Ќе си одат во странство, па џабе сме фрлале пари на нив
2.3. Ќе работат нешто што не завршиле, па ќе бидат несреќни и фрустириани луѓе.

Да не спомнувам што нема да знаеш кого да го вработиш, затоа што наместо 10 ќе ти се јават 1000 со исти „квалификации“, па оди ти најди кој е најдобар за тебе - ќе треба после фирмите да се претворат во универзитети кои ќе вршат ПОНАТАМОШНА селекција за 30 дена, а не факултетот каде што некој престојувал 4 години или образованиетот во целина каде некој бил 17 години.

Ова веќе се осеќа во некои области, како ИТ, каде ние за џабе обучуваме луѓе, за други земји да ни ги земаат, а овде да ни остануваат лоши студенти кои на прием изгледаат многу добро, ама по некое време се јауваат нивните „квалитети“.

на Македонија и требаат работници, необразовани кој ќе свиткаат кичма за благодет на нас, образованите. Кога сите би имале завршен факултет сите би биле господа и ќе нема работночка багра да како црнци ни овозможуваат убав и лагоден живот. Треба да се поострат критериумите за прием на факултет, не само успех од средно туку да може и да докаже дека потекнува од интелектуално и образовано семејство од дедо и прадедо. Да се создаде само една мала елита на која ќе и биде достапно високото образование.
голема глупост ти е мислата која ја искажа преку оваа цинична порака.

кој сака нека се образува, АМА не на трошок на државата НА КОЈА НЕ И ТРЕБААТ толку многу. Да се зголеми конкуренцијата, а не да се спушти критериумот!

убав и лагоден живот може да има секаде (особено во македонските села), само зависи од психата - дали си позитивен или циник...

ако си ова второто и роман абрамович да се викаш, нема да ти биде убаво.
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Ако е дипломата за џабе тогаш дај сите да се откажиме од животот и од работата, ако нешто што те бидува и нешто што сакаш да го работиш нема тука што да те спречи во тоа. И нема везе тоа со врски работа да најдеш еве барем јас сум од Прилеп и ако сакаш да работиш во поголема фирма како Микросам или Витаминка ако упееш да се вработиш со врски и да земаш поголема плата од 100 евра јас ќе те честам.
Таман работа да се откажеме, нема никој да се откаже сите ќе завршат факултети, но работа ќе имаат само тие со врските, способен човек не се вработува во Витаминка прилеп туку си отвара сопствен бизнис а најголемите бизниси ги држат луѓе што едвај завршиле средно школо па сега ти види:smir:
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Ако е дипломата за џабе тогаш дај сите да се откажиме од животот и од работата, ако нешто што те бидува и нешто што сакаш да го работиш нема тука што да те спречи во тоа. И нема везе тоа со врски работа да најдеш еве барем јас сум од Прилеп и ако сакаш да работиш во поголема фирма како Микросам или Витаминка ако упееш да се вработиш со врски и да земаш поголема плата од 100 евра јас ќе те честам.
Другар немој да ме смееш бе, денеска ако немаш човек нема да те примат ни ѓевреци да продаваш, такви се бар моите искуства, за кај вас у Прилеп не знам. Џабе и диплома и све, пак врски ти требаат.
 
Епа брат не оди на факултет не оди ни средно значи јас ако немам врски да земам сега од животот да се откажам и од факс да земам да се откажам и од се ако мислиш дека тоа е успех и дека така се наоѓа работа. Тие што вистина сакаат да најдат работа наоѓаат работа, а тие што не се трудат воопшто и што само лежат сигурно нема да најдат работа.
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Епа брат не оди на факултет не оди ни средно значи јас ако немам врски да земам сега од животот да се откажам и од факс да земам да се откажам и од се ако мислиш дека тоа е успех и дека така се наоѓа работа. Тие што вистина сакаат да најдат работа наоѓаат работа, а тие што не се трудат воопшто и што само лежат сигурно нема да најдат работа.
Ма никој не ти вика тебе да се откажеш од факултетот или од животот таман работа, него ние тука само ја претставуваме реалноста во Македонија, е сега ти ако сакаш да си ставиш перде пред очите не ја гледај реалноста, животот ќе те научи на неа понатаму, уште си млад, него работа можеш да најдеш точно е тоа само тука во Мк без врски можеш да најдеш работа за 5000ден, во некоја фабрика кај некој приватњак маста што ќе ти ја вади и ќе се изживува врз тебе и можеш во странство да најдеш работа, опциите за работа се тие.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom