Неможе да биде полошо ниту за државата ниту за народот ако има повеќе луѓе со високо образование.
Кога ќе дојде време да се јави недостиг од ѕидари тогаш ќе се покачи и платата на ѕидарите до пристојна сума. Кога ќе снема земјоделци и дрвосечачи ќе мора да се најде излез или преку увоз на работна сила, или (со сигурност) ќе се намали желбата за студирање бидејќи недостигот на луѓе од тие професии ќе им овозможи на тие што ќе се решат да го работата тоа да имаат пристоен живот без да учат по 30 години, или ќе има потреба од воведување на нови технологии кои ќе го заменуваат човечкиот труд (кои што ќе се развиваат од тие кои завршиле факултети).
краткорочно е дури и добро да има 100% запишани на факултет: не се јавуваат како невработени (бидејќи се студенти), трошат пари од татко им и мајка им (па се развива економијата), итн.
НО - долгорочно е
катастрофа. Има 2 варијанти:
1. Голем дел да не завршат - тоа е огромен трошок, бидејќи за џабе студирале. Се знае кого го бива за шофер, а кого за научник.
2. Голем дел да завршат - тоа не само што е огромен трошок, туку НЕМА ДА ИМА каде да се вработат, па има тука 3 подваријанти:
2.1. Ќе седат дома и ќе бидат понатамошен трошок
2.2. Ќе си одат во странство, па џабе сме фрлале пари на нив
2.3. Ќе работат нешто што не завршиле, па ќе бидат несреќни и фрустириани луѓе.
Да не спомнувам што нема да знаеш кого да го вработиш, затоа што наместо 10 ќе ти се јават 1000 со исти „квалификации“, па оди ти најди кој е најдобар за тебе - ќе треба после фирмите да се претворат во универзитети кои ќе вршат ПОНАТАМОШНА селекција за 30 дена, а не факултетот каде што некој престојувал 4 години или образованиетот во целина каде некој бил 17 години.
Ова веќе се осеќа во некои области, како ИТ, каде ние за џабе обучуваме луѓе, за други земји да ни ги земаат, а овде да ни остануваат лоши студенти кои на прием изгледаат многу добро, ама по некое време се јауваат нивните „квалитети“.
на Македонија и требаат работници, необразовани кој ќе свиткаат кичма за благодет на нас, образованите. Кога сите би имале завршен факултет сите би биле господа и ќе нема работночка багра да како црнци ни овозможуваат убав и лагоден живот. Треба да се поострат критериумите за прием на факултет, не само успех од средно туку да може и да докаже дека потекнува од интелектуално и образовано семејство од дедо и прадедо. Да се создаде само една мала елита на која ќе и биде достапно високото образование.
голема глупост ти е мислата која ја искажа преку оваа цинична порака.
кој сака нека се образува, АМА не на трошок на државата НА КОЈА НЕ И ТРЕБААТ толку многу. Да се зголеми конкуренцијата, а не да се спушти критериумот!
убав и лагоден живот може да има секаде (особено во македонските села), само зависи од психата - дали си позитивен или циник...
ако си ова второто и роман абрамович да се викаш, нема да ти биде убаво.