Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Епа брат не оди на факултет не оди ни средно значи јас ако немам врски да земам сега од животот да се откажам и од факс да земам да се откажам и од се ако мислиш дека тоа е успех и дека така се наоѓа работа. Тие што вистина сакаат да најдат работа наоѓаат работа, а тие што не се трудат воопшто и што само лежат сигурно нема да најдат работа.
Ма никој не ти вика тебе да се откажеш од факултетот или од животот таман работа, него ние тука само ја претставуваме реалноста во Македонија, е сега ти ако сакаш да си ставиш перде пред очите не ја гледај реалноста, животот ќе те научи на неа понатаму, уште си млад, него работа можеш да најдеш точно е тоа само тука во Мк без врски можеш да најдеш работа за 5000ден, во некоја фабрика кај некој приватњак маста што ќе ти ја вади и ќе се изживува врз тебе и можеш во странство да најдеш работа, опциите за работа се тие.
Абе ајде. Татко ми има фабрика, има слободни места, ама нема кој да работи. Неработна нација сме, и сите запишуваат факултет зашто очекуваат работата сама да им падне во раце откако ке земат диплома.
Приватњаците се иживувале. Леееее...дојди еден ден да видиш што се вика неспособна работна сила.
а зашто мислиш дека не е почнат???
јас на правен сум приморана да се запишам на тие мастер те постдипломски студии затоа што со ектс шитот јас сум потрчко... неможам да полагам правосуден и џабе сум ги поминала тие 3 години...
краткорочен план на Владата за намалување на невработеноста што многу лошо ќе се одрази на сите нас
Морам да го споменам и фактот дека во Македонија излегува генерација на доктори на наука кој немаат ни еден ден работно искуство,а се прашувам дали воопшто знаат и на што докторирале,ова е веќе убиствена комбинација.

Мислам дека е добро јас сум сите млади да се запишат на факултет досега не сум видел некој од тоа што ќе заврши факс да стани полош човек, ...........
јас мислам дека е подобро да бидеме интелектуална држава отколку држава со популација како ефтина работна рака
сепак ќе се навратам на поговорката од вујко ми
ако се сите мајстори ќе нема кој вода да носи
И јас мислам дека е така. за двете!
И двете се проблем наследен од самоуправниот социјализам.
таму се добиваше работа поради диплома. и плата поголема, ако имаш ваквца специјализација или онаква, а особено ако имаш „докторат“ (тоа што докторската ти била истражување од типот зошто тревата е зелена (а во денешно време ќе би била компаративна анализа со зеленоста на тревата во другите земји во ЕУ) и со тоа ама баш никаков докторски потез не си направил, ниту си измислил теорија на релативитет или нешто слично, никој не го занимаше - така и си мислат дека е и денес... )
таму не се ценеше кој колку сработува, туку колку че вика дека тито е најдобар и сл. за жал и денес така функционираме....
не знам дали е полош или подобар човек, но јас секој дневно среќавам машински инжинери кои не работат во струката (се затвореи МЗТ и сл.) и не ми изгледаат среќно. сигурно не се лоши, само се тажни за пропуштените години кога студирале нешто непотребно.
дали сакаш тоа што денес го имаат 1000 луѓе утре да биде судбина на СИТЕ млади?
дополнително, може ќе станат малку подобри, ама цената за тоа се изгубени 3-4-5-6 итн ГОДИНИ живот во кои можеле да се оженат и да одгледаат 2 деца, а во меѓувреме да направат фарма од која ќе заработуваат и во иднина и ќе ги одгледаат своите деца.
не се сите за наука, затоа треба да има лимит од 20% - 30% кои се запишуваат, а средното школо (4 години живот) и тестирањето треба да кажат кои се тие што треба да се пробаат и во науката. дополнително, ако некој смета дека образованието згрешило, треба да му се даде шанса да си студира со ПОТПОЛНО плаќање (ако заврши - да му се вратат парите) или некоја фирма да ја исправи грешката на државното 4 годишно образование и да му даде стипендија.
слушај си го вујко ти - постар --- повеќе има видено од тебе....
:wink
демек целта на секој рунтав Македонец од Аце па наваму е да се ожени,деца,викендичка,неделно воспевање на големиот електрон и се тоа да се обиде да го поврзе во некоја синергија и да не заборавам да си плаќа даноци,се друго останато е губење време.Неспособна работна сила, ми звучи на генерализирање. Дали е некој способен ќе видиш ако соодветно го платиш, ако го осигураш за стари денови, ако има услови за да покаже што и како умее. И секако ако одбереш кадар за соодветното работно место.Абе ајде. Татко ми има фабрика, има слободни места, ама нема кој да работи. Неработна нација сме, и сите запишуваат факултет зашто очекуваат работата сама да им падне во раце откако ке земат диплома.
Приватњаците се иживувале. Леееее...дојди еден ден да видиш што се вика неспособна работна сила.
Мачна е, ама реалност е. И постов воопшто не се коси со таа реалност, напротив.Ма никој не ти вика тебе да се откажеш од факултетот или од животот таман работа, него ние тука само ја претставуваме реалноста во Македонија, е сега ти ако сакаш да си ставиш перде пред очите не ја гледај реалноста, животот ќе те научи на неа понатаму, уште си млад, него работа можеш да најдеш точно е тоа само тука во Мк без врски можеш да најдеш работа за 5000ден, во некоја фабрика кај некој приватњак маста што ќе ти ја вади и ќе се изживува врз тебе и можеш во странство да најдеш работа, опциите за работа се тие.