Дали е добро 85 % од младите да се запишат на факултет?

alek34

Многу искусен форумџија
Член од
23 јуни 2009
Мислења
451
Поени од реакции
25
Дали ќе има некој кој во оваа држава ќе треба да работи физичка работа?

На пример - ќе имаме ли медицински сестри, ѕидари, мајстори за коли, продавачки, шофери, ...

Или ќе имаме невработрени доктори, архитекти (за кои нема доволно ѕидари), невработени машински инжинери, невработени економисти ...

Ако досега завршувале 10% од генерацијата факултет, а на другите 20% им пропаѓало времето и на крај завршувале како невработени и остарени, дали сега тоа нема да им се деси на 60% (ако не и повеќе) од младите?

Што ќе правиме со толку факултетски образовани?

Знае ли некој???
 
K

KomitaMKD

Гостин
Добра тема и интересна за размислување.Според мое мислење овие бројки ќе донесат катастрофа во македонското образование.во секое место е отворен по некој факултет.Тоа од една страна е добро бидејќи ќе се намалат трошоците на семејствата,меѓутоа од друга страна нема доволно квалитетни предавање што ќе се одрази на квалитетот на кадрите.времето ќе покаже.
П.С Почитувани матуранти.....
 
Член од
11 март 2009
Мислења
118
Поени од реакции
4
Ќе има шофери, џидари, таксисти само со високо образование.
Можеби нема да биде квалитетно образованието со дисперзираните студии од една страна.
Од друга страна било какво образование(диплома) е подобро од никакво.
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
Ќе има шофери, џидари, таксисти само со високо образование.
Можеби нема да биде квалитетно образованието со дисперзираните студии од една страна.
Од друга страна било какво образование(диплома) е подобро од никакво.
можеби си во право и добро е што 85% ќе се запишат на факултет но кога ти ќе завршиш факултет со кој ќе можеш да земаш 20 000 ден плата дали би се нафати да работиш за трипати помала како ѕидар? сепак мислам дека ваквите традиционални работи полека изумираат не само во земјава туку и во цел свет:toe:
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
ќе се наруши природната селекција со форсирањето. баш ме интересира што ќе стане понатаму...
 
С

Спенсер

Гостин
ееее ова ја го мислев уште 7мо одд кога бев...гледам сите 5 наредиле... сите директори и доктори ке бидат...али како и да е моментално магистри не се вработени...а шо ако завршат факултет и со 10 просек да завршат џабе им е...затоа што 95% од работните места се добиваат со врски...
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Најлошо од се ова е тоа што голем број на идни академски граѓани нема ни да знаат зошто завршиле и што можат да работат со својот факултет едноставно завршиле бидеќи сите се запишале на факултет, по неколку години по завршувањето на факултет ке им е криво поради тоа што нема да можат да најдат работа и сите викаат јас завршив факултет и немам работа а никој не кажува колку му помогнал тој факултет колку научиле и колку учеле на факултет и дали воопшто сакаат да работат за она што завршиле
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
една од најглупавите работи во државава што се десила ( не дека нема други али ова е една од нив)

рецимо одредена личност завршува шумарски и е шумарски инжињер, и се вработува како таков... е арно ама нема кој да му сече дрва... зашто??? затоа што и други 50 пример завршиле шумарски и сакаат да си работат нормално според струката и не тошеле време и пари за подоцна да работат пример како дрво сечачи... епа јбг неможе да бидат сите инжињери, мора некој и дрва да сече...
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.760
Поени од реакции
1.043
Веќе подолго време водам дискусии со луѓе од моето опкружување за оваа тема и тешко ги убедувам дека ова е повеќе лошо отколку добро...истото го мислам и за задолжителното средно образование...на секој кој има барем малку мозок му е јасно дека не го бива секого за книга и учење...факт е дека МОРА секој да има завршено основно образование , но да тераш некого со сила да учи средно па и факултет не е добра државна стратегија...како шо реков и предходно,не е секој роден за да учи и да се образува повеќе од основно училиште...ако одиме по тој принцип (задолжително средно и што повеќе да се запишат и завршат факултет) , тогаш за 10 години никој нема да сака да биде земјоделец или сточар (професии кои шо моментално ни се најмногу потребни) , комунален работник (ѓубреџија) , физички работник во фабрика , градежен работник (ѕидар) , возач (на камион,автобус) , продавач ( во продавница или на пазар ) и така натаму...убаво е човек да биде добро образуван но не по секоја цена и секој ( и тој шо го бива за учење и тој шо со сила мора да учи )...со овие две државни кампањи ( за задолжително средно и за што поголем број запишани на факултет ) , всушност се создаваат две негативни тенденции...првата е дека со законот за задолжително средно образование , ќе мора да се примат и да завршат средно училиште и деца кои немаат никаква желба за понатамошно школување и со самото тоа ќе мора со сила да ги истуркаат 4 или 5 години низ образовниот процес ( со подарени и напумпани оцени ) , а втората негативна тендеција која се однесува на апелот за што поголем број на матуранти да се запишат на факултет е поврзана со предходното , т.е. и нив ќе им се пумпаат и подаруваат оцени за да можат да се запишат на факултет...со тоа државата само ќе изгуби бидејќи ќе има се поголем број на граѓани кои имаат факултетски дипломи а всушност голем дел од нив ќе бидат тотално некомптентни за професијата ( факултетот ) која ја одбрале...не дека и сега нема такви но сепак не се во толку голем број
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
а вие мислите дека сите 85% можат да завршат факултет иако се запишале
ако можат се повлекувам од дискусија оти многу јака младина сме
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.875
Поени од реакции
10.401
Пола од тие што се запишани нема да завршат но како и да е се извртија работите во државава. Сите со факултет, појаки од Германија станавме. Не е секој за факултет, не може секој да биде mr. engineer. После прва година на факултет, би рекол дека само 10% на мојот факултет се навистина за факултет. Другите, без навреда, но едноставно не се и не можат да бидат. Ама мама и тате слушнале сите на факултет па и синчето мора да оди, а синчето 2+2 не знае да пресмета. Мислам дека со зголемувањето на бројот на студенти се намалува критериумот. Квалитетот на наставата не, но критериумот сигурно. Како и да е не се замарам со тие работи, гледам да научам што повеќе за да можам да работам нешто после факултет, надевајќи се дека има систем во државава кој правилно ќе оценува кој колку научил после завршување на факултет (како тестови од работодавците после конкурс за вработување...кој најмногу знае тој ја добива работата).
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Не е проблем за физичките работи и за работниците во фабрките таму ке си работат луѓе кој што се запишале на факултет и за 6 години успеале да го завршат со половина подарени оценки, а половина со препишување не може државата да му забрани да се запишуваат на факултет но најтрагично е тоа што тие ке се ставаат на исто рамниште со некој кој што третина од животот го поминале во учење

Најтрагично ќе е ако почне ваков тренд и за постдипломски студии :)
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Не е проблем за физичките работи и за работниците во фабрките таму ке си работат луѓе кој што се запишале на факултет и за 6 години успеале да го завршат со половина подарени оценки, а половина со препишување не може државата да му забрани да се запишуваат на факултет но најтрагично е тоа што тие ке се ставаат на исто рамниште со некој кој што третина од животот го поминале во учење

Најтрагично ќе е ако почне ваков тренд и за постдипломски студии :)
а зашто мислиш дека не е почнат???
јас на правен сум приморана да се запишам на тие мастер те постдипломски студии затоа што со ектс шитот јас сум потрчко... неможам да полагам правосуден и џабе сум ги поминала тие 3 години...

краткорочен план на Владата за намалување на невработеноста што многу лошо ќе се одрази на сите нас
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.556
Имало се има и ќе има.Така да треба.:helou:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.505
Поени од реакции
8.086
Во приватниот сектор верувам дека нема да има значајни промени. Кој знае да работи и се труди ќе просперира. Едино малку бед за оние што наместо да тупат 6 години на ЕТФ ќе стекнат вештини и практични знаења а нема да можат да аплицираат за одредени работни места зошто се само за високо образувани кадри.

Од друга страна во државниот сектор, платата се одредува според тоа кој колку образование има, и ќе биде полесно да се даваат големи плати на заслужните партиски војници.

Како и да е, времето ќе покаже кој работи и вреди да биде ангажиран, а кој едноставно ќе си вози такси со факултетска диплома. И сега ги има таквите.
Еднаш читав патеписна репортажа за една јужноафриканска земја. 50% од таксистите се со факултетско образование.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom