Македонија со најмал надворешен долг во регионов

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Македонија со најмал надворешен долг во регионов
Иако на некој начин ја делиме судбината со земјите од регионот, сепак Македонија има далеку подобри параметри. Од Министерството за финансии велат дека минусот во буџетот е 1,3 проценти од БДП, а јавниот долг е 25,9 проценти од БДП


Индустриското производство за првите пет месеци во годинава во Македонија падна за околу 10 отсто. Споредено со земјите во регионот тоа е подобро од Србија, каде падот на индустриското производство е за 18,1 процент, но е нешто полошо од Хрватска, каде падот е 7,1 проценти. Македонија во однос на бруто-домашниот производ подобро котира и во однос на Србија и во однос на Хрватска. Падот на бруто-домашниот производ во земјава е 3 отсто, додека во Србија 3,5 отсто, а во Хрватска 6,7 отсто. Во Србија инфлацијата достигна 8,3 отсто, а во Хрватска се движи во интервалот меѓу 2 и 3 отсто. Според последните официјални податоци во Македонија инфлацијата се одржува на минимално ниво од околу еден процент. И во услови на светска економска криза, кога расте бројот на невработени лица Македонија може да се пофали со обратна ситуација. Како што деновиве изјави министерот за економија, Фатмир Бесими, за првото полугодие од годинава имаме зголемување на вработеноста за 2,5 проценти споредено со истиот период од лани.
Просечната плата на Македонецот, според податоците на Државниот завод за статистика, е околу 330 евра, што е на речиси идентично ниво како и просекот во Србија, додека Хрватите можат да се пофалат со просечна плата од 690 евра.
Македонскиот пензионер, просечно месечно го полни својот семеен буџет со околу 150 евра, но затоа пак кај пензионерите во Србија просечната пензија достигнува 215 евра, а во Хрватска 297 евра.
Нашата земја е далеку подобра кога ќе се анализира надворешниот долг. Тој, според податоците на НБРМ се движи околу 3,3 милијарди евра. Споредено со соседна Србија тој е далку понизок бидејќи кај нив надворешниот долг постигнал 21 милијарда евра, а во Хрватска уште поголем и достигнува 40 милијарди евра.
Кризата предизвика и драстично намалување на падот на инвестициите. Тие, во Србија достигнуваат и до околку 50 проценти помалку во однос на истиот период лани. Намалени се инвстициите и во Хрватска за 42 проценти. На ова ниво се инвестициите и во земјава.
Така во Македонија во првите четири месеци од годинава се влезени инвестиции од околу 90 милиони евра. Според податоците од УЈП во земјава не се планира промена на стапката на ДДВ, таа и понатаму ќе биде 18 проценти што е на исто ниво како во соседна Србија, додека во Хрватска оданочувањето е 22 отсто.
Иако на некој начин ја делиме судбината со земјите од регионот, сепак Македонија има далеку подобри параметри. Од Министерството за финансии велат дека минусот во буџетот е 1,3 проценти од БДП, а јавниот долг е 25,9 проценти од БДП.
Како што деновиве информира српска Политика креаторите на фискалната политика и на едната и на другата држава во моментов се спремаат за трето прекројување на буџетот од почетокот на годинава, пред се заради сериозниот недостаток на пари што го има во државната каса. И во двете држави се зборува за зголемување на ДДВ, а загрижува и падот на индустриското производство. Податоците за Србија и Хрватска се земени од дневниот весник "Политика", додека податоците за Македонија се официјални и како извор е користен НБРМ, Државниот заводот за статистика и Министерството за финансии.




http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=82B19088E12DB14CBD1EFDB807309CCD
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Трудно ке се согласам,заштото во текстот терминот регион се гледа само от страната на Србиja и Хрватска.Каде е една Албаниja,каде е една Грциja,една Романиja,една Босна и Херцеговина,една Црна Гора,една Бугариja?
Терминот регион за автора се сметат 2 држави от целиот Балкан.:wink:
 
N

n/a

Гостин
Терминот регион за автора се сметат 2 држави от целиот Балкан.:wink:
Хммм... :)
од бугарин да чуеш дека Македонија е дел од Србија...
ќе падне опасен град и тајфуни ќе фрчат вечерва, у.п.м. :pos2:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Хммм... :)
од бугарин да чуеш дека Македонија е дел од Србија...
ќе падне опасен град и тајфуни ќе фрчат вечерва, у.п.м. :pos2:
Каде виде да сум напишал такви работи?!?!
Ако не прочита и види погоре Македониja се сравнjaва само со 2 држави.:toe: от цел Балкан.Дали 2 држави са целиот регион?Критиката ми е ком автора на текста от "Време".
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Каде виде да сум напишал такви работи?!?!
Ако не прочита и види погоре Македониja се сравнjaва само со 2 држави.:toe: от цел Балкан.
Pa daj ako imas statistika za Bugarija...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Просечна плата 330:pos2::pos2:

Вработеност...раст +2.5%:pos::pos:
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Просечна плата 330:pos2::pos2:

Вработеност...раст +2.5%:pos::pos:

Abe da uspeat da gi legalizirat site sto se na crno vraboteni mislam deka nevrabotenosta bi opadnala i za 10%..Samo so vo toj slucaj sekako i prosecnata plata drasticno bi opadnala...
 
Член од
24 ноември 2008
Мислења
1.035
Поени од реакции
44
АБЕ АЈ ОВА СЕ ЗАЕБАВАШ ИЛИ ВИСТИНА ЗБОРИШ
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
352
Поени од реакции
3
Убаво ама гледајте как Гејција има долг 300 милијарди и никој не ги бара. Сега сите богати држави имат долгове во трилиони дори и САД. Ама ја некој да си ги земе од тех :pos2: Убаво ке биде Македонија да не зема заеми исто и Блгарија. Да си живеем по убаво сите :smir:
 
Член од
11 март 2009
Мислења
118
Поени од реакции
4
Ако имаме евро амбиции не треба да се споредуваме со балкански држави можеби со исклуќок на Словенија.
Овие бројки не држат вода.Невработеноста е помала, просечната плат и пензија се далекууу помали итн.
Растот на вработеноста кај нас во време на глобална криза е лош економски потег на Владата а добар политички(за Владата не за народот).
Сумасумарум далеку сме и од Хрватска и од Србија и тоа е многу жално затоа што можевме да бидеме втора Словенија на Балканот.
 

alek34

Многу искусен форумџија
Член од
23 јуни 2009
Мислења
451
Поени од реакции
25
Сумасумарум далеку сме и од Хрватска и од Србија и тоа е многу жално затоа што можевме да бидеме втора Словенија на Балканот.
сумасумарум далеку сме пред нив - по број на мрчатори песимисти...


инаку економски, многу сме слични, поточно кажано ПОБЛИСКИ сме сега отколку што бевме во СФРЈ. не знам дали си прошетал, ама белград и загреб не се нешто нарочито повеќе од скопје, особено кога ќе се земе големината на нивните држави од кои едната е 2,5 пати а другата 4 пати поголема.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
сумасумарум далеку сме пред нив - по број на мрчатори песимисти...


инаку економски, многу сме слични, поточно кажано ПОБЛИСКИ сме сега отколку што бевме во СФРЈ. не знам дали си прошетал, ама белград и загреб не се нешто нарочито повеќе од скопје, особено кога ќе се земе големината на нивните држави од кои едната е 2,5 пати а другата 4 пати поголема.
Муабетот за Југославија и економската позиција на Македонија во рамките на екс државата ти е ептен на место...
Што се однесува до градовите, Белград е град во кој се трпаа финансиките средства , така да после распадот на поранешниот систем освен црквата и Белград арената нема нешто позначајно средено..и они кубурат како ние со хигијената а и со инфраструктурата , обиколницата не им е готова, влезовите во градот запуштени и така натаму слика многу слична со Скопје...
За разлика од овие два града Загреб ама баш во ништо не се разликува од Европските градови...Доволно е да се види хигијената во градот која е на Германско ниво, влезовите во градот од сите можни страни се направени, инфраструктурата во градот прилично стегната, градскиот превоз исто така на ниво...Се на се Европски град , кој после распадот на Југославија отиде преку ноќ 50 години нанапред...Од што се патриоти дури и колите ги сменија преку ноќ, мислам дека скоро две милијарди долг имат само за обновување на возниот парк...
 

alek34

Многу искусен форумџија
Член од
23 јуни 2009
Мислења
451
Поени од реакции
25
Што се однесува до градовите, Белград е град во кој се трпаа финансиките средства , така да после распадот на поранешниот систем освен црквата и Белград арената нема нешто позначајно средено..и они кубурат како ние со хигијената а и со инфраструктурата , обиколницата не им е готова,
изгледа ти одамна не си бил скопје, затоа што и обиколницата околу скопје е направена :)

туку за загреб ми беше зборот. тие од секогаш биле почисти, зашто таков е менталитетот, а таква е и климата (кога слетуваш во љубљана е интересно - и во лето имаш нијанси на зелено и само зелено околу, а во скопје кога слетуваш имаш само нијанси на жолто и пожлто до кафеаво)

но не знам од каде ти текна дека толку многу се напреднати, кога ги имаат истите комунистички згради во околината, дури и полоши од скопје. а и центарот - кои улици ги има како скопје што ги има александар македнски, јане сандански и партизанска? какви такви, за 10-15 минути си на кој сакаш крај. за (речиси) милионски град како скопје не е лесно.
 
Член од
11 март 2009
Мислења
118
Поени од реакции
4
сумасумарум далеку сме пред нив - по број на мрчатори песимисти...


инаку економски, многу сме слични, поточно кажано ПОБЛИСКИ сме сега отколку што бевме во СФРЈ. не знам дали си прошетал, ама белград и загреб не се нешто нарочито повеќе од скопје, особено кога ќе се земе големината на нивните држави од кои едната е 2,5 пати а другата 4 пати поголема.
Живееме во најголемата криза од нашето постоење и не сум песимист туку ги гледам работите реално, такви како што се.
Хрватска и Србија се бореја за деловите на Југославија додека ние ги пуштивме да ни ги земат и плочките од купатилата.

И да Скопје не е Македонија. поздрав
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
изгледа ти одамна не си бил скопје, затоа што и обиколницата околу скопје е направена :)

туку за загреб ми беше зборот. тие од секогаш биле почисти, зашто таков е менталитетот, а таква е и климата (кога слетуваш во љубљана е интересно - и во лето имаш нијанси на зелено и само зелено околу, а во скопје кога слетуваш имаш само нијанси на жолто и пожлто до кафеаво)

но не знам од каде ти текна дека толку многу се напреднати, кога ги имаат истите комунистички згради во околината, дури и полоши од скопје. а и центарот - кои улици ги има како скопје што ги има александар македнски, јане сандански и партизанска? какви такви, за 10-15 минути си на кој сакаш крај. за (речиси) милионски град како скопје не е лесно.
Сум бил како не сум бил...Знам за обиколницата , ама како и се во државата правено не доправено, немаме ниту еден пројект реализирано како што треба , а повеќето се инцидентни...
А бидејки редовно сум во Загреб, можам да ти потврдам дека Скопје не може да се споредува, ако поради ништо труго тогаш поради хигијената (за која не е оправдување менталитетот) , секако градскиот превоз, и новите улици и булевари во градот...
Доволно е да се прошета човек во стариот град и се ќе му биде јасно, а види ја нашата Стара Чаршија на што личи...
Ако е тоа цена на задолжувањето тогаш подобро да сме малку позадолжени ама барем да имаме главен град кој барем малку ке личи на метропола...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom