- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Македонија со најмал надворешен долг во регионов
Иако на некој начин ја делиме судбината со земјите од регионот, сепак Македонија има далеку подобри параметри. Од Министерството за финансии велат дека минусот во буџетот е 1,3 проценти од БДП, а јавниот долг е 25,9 проценти од БДП
Индустриското производство за првите пет месеци во годинава во Македонија падна за околу 10 отсто. Споредено со земјите во регионот тоа е подобро од Србија, каде падот на индустриското производство е за 18,1 процент, но е нешто полошо од Хрватска, каде падот е 7,1 проценти. Македонија во однос на бруто-домашниот производ подобро котира и во однос на Србија и во однос на Хрватска. Падот на бруто-домашниот производ во земјава е 3 отсто, додека во Србија 3,5 отсто, а во Хрватска 6,7 отсто. Во Србија инфлацијата достигна 8,3 отсто, а во Хрватска се движи во интервалот меѓу 2 и 3 отсто. Според последните официјални податоци во Македонија инфлацијата се одржува на минимално ниво од околу еден процент. И во услови на светска економска криза, кога расте бројот на невработени лица Македонија може да се пофали со обратна ситуација. Како што деновиве изјави министерот за економија, Фатмир Бесими, за првото полугодие од годинава имаме зголемување на вработеноста за 2,5 проценти споредено со истиот период од лани.
Просечната плата на Македонецот, според податоците на Државниот завод за статистика, е околу 330 евра, што е на речиси идентично ниво како и просекот во Србија, додека Хрватите можат да се пофалат со просечна плата од 690 евра.
Македонскиот пензионер, просечно месечно го полни својот семеен буџет со околу 150 евра, но затоа пак кај пензионерите во Србија просечната пензија достигнува 215 евра, а во Хрватска 297 евра.
Нашата земја е далеку подобра кога ќе се анализира надворешниот долг. Тој, според податоците на НБРМ се движи околу 3,3 милијарди евра. Споредено со соседна Србија тој е далку понизок бидејќи кај нив надворешниот долг постигнал 21 милијарда евра, а во Хрватска уште поголем и достигнува 40 милијарди евра.
Кризата предизвика и драстично намалување на падот на инвестициите. Тие, во Србија достигнуваат и до околку 50 проценти помалку во однос на истиот период лани. Намалени се инвстициите и во Хрватска за 42 проценти. На ова ниво се инвестициите и во земјава.
Така во Македонија во првите четири месеци од годинава се влезени инвестиции од околу 90 милиони евра. Според податоците од УЈП во земјава не се планира промена на стапката на ДДВ, таа и понатаму ќе биде 18 проценти што е на исто ниво како во соседна Србија, додека во Хрватска оданочувањето е 22 отсто.
Иако на некој начин ја делиме судбината со земјите од регионот, сепак Македонија има далеку подобри параметри. Од Министерството за финансии велат дека минусот во буџетот е 1,3 проценти од БДП, а јавниот долг е 25,9 проценти од БДП.
Како што деновиве информира српска Политика креаторите на фискалната политика и на едната и на другата држава во моментов се спремаат за трето прекројување на буџетот од почетокот на годинава, пред се заради сериозниот недостаток на пари што го има во државната каса. И во двете држави се зборува за зголемување на ДДВ, а загрижува и падот на индустриското производство. Податоците за Србија и Хрватска се земени од дневниот весник "Политика", додека податоците за Македонија се официјални и како извор е користен НБРМ, Државниот заводот за статистика и Министерството за финансии.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=82B19088E12DB14CBD1EFDB807309CCD