Увоз на автомобили?

  • Креатор на темата Креатор на темата Kiko
  • Време на започнување Време на започнување
Царината од 4% паѓа на 2% за половните возила, додека за новите паѓа од 2% на 1%.

И не е некоја којзнае каква давачка царината, најголем дел од давачките се акцизи, даноци...
 
А тоа акцизите има некаде да се видат колку се? Дали конечно може некаде да се добие во PDF?
 
Сега ако ве разбрав плаќаш три пати

-Царина 10 %
-ДДВ 18 %
-Акциза во зависност од кубикажата

Ако го купиш возилото од Германија дали Швабиве ти го оддбиваат ДДВ-то нивно од цената?

Не се нормални бре овие колегата ми продава Јагуар С 2003 со 3000 кубици за 8000 евра овде ќе ме кошта да го префрлам најмалку 20000 според цениве.

Ништо ќе си купам некоја половна Буба или Тико дур не намалат со овие давачкиве.

Ова последново малку потешко,се додека не добиеме претпристапни договори со ЕУ и кога македонските авто увознички-мафии нема да можат да ги поткупуваат моменталните влади поради неизбежното усогласување со европската регулатива,се дотогаш мој пријателе нема да ги намалат давачките.А дотогаш ќе се радуваме на половни Југа,Застави,Буби и останатиот "garbage".Поздрав :smir:

Дали некој знае точно да пише во врска со бг автомобилите, дали има некаков закон и дали е нешто изгласано? Има разни шпекулации од типот дека може да се возат само 6 месеци во МК и сл. Ако знае некој точно што и како, нека пише. Благодарам.
 
Точно дека може само 6 месеци да се возат ... колку што знам изгласан е законот
 
Може ли некој да ми направи пресметка за увезување на Голф 4 1.6 кој чини 7980 евра. Значи со акциза, хомологација и ДДВ колку вкупно би ме чинело?
 
Кај најде Голф 4 8000 евра? :) Бидејќи е над 1.5, рачунај уште барем 5-6 за сите давачки.
 
Може ли некој да ми направи пресметка за увезување на Голф 4 1.6 кој чини 7980 евра. Значи со акциза, хомологација и ДДВ колку вкупно би ме чинело?

Скапо е, давачките се големи ама искрено и голфов ти е изгор, другар ми зеде голф 4 1.6 во Италија за 2 400 евра и екстра му е колата.
 
Се плака акциза за делови????На пример имам Голф 4 тука со поминати на пр.190.000-200.000,и доколку најдеш некој од Германија само мотор со 70.000-80.000 поминати и да го бапнеш во Голфот???

За Голфот погоре што чини 7900 ^ евра...побогу па кај нај се околу 5000-6500 илјади евра,во Германија 8000???
 
za nissan navara kupen vo germanija mi pobaraa 7000 evra za da go registriram vo makedonija. posle go registrirav vo slovenija, so site davacki i plus osiguranje okolu 1900 evra. e sega racunaj dali se isplaca da doneses kola od germanija vo mk
 
Се плака акциза за делови????На пример имам Голф 4 тука со поминати на пр.190.000-200.000,и доколку најдеш некој од Германија само мотор со 70.000-80.000 поминати и да го бапнеш во Голфот???

Резервен дел е, нема акциза.
 
Јас прашав само колку би ме чинело увезувањето, односно секоја давачка посебно.

Инаку не е за мене Голфот. :wink:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom