се извинувам, ако навредив некого, ни јас навистина
несакам венгер да си замине, само бев крајно исфрустриран и лут за тоа како не успеваме да освоиме ништо,и вакви испади ми се случуваат по секој натпревар со
М.У и челзи, и натпреварите со нив ги гледам сам или само со навивачи од арсенал, оти ако има од нивните,
"ќе има крв". А овие повредиве се хронично заболување на арсенал последниве сезони, првиот тим на хартија никогаш нема играно заедно, барем на официјален премиерлигашки натпревар, и не сфаќам како на М.У и челзи не му се повредуваат клучни играчи и по неколку сезони.
И СЕКОГАШ ИГРАМЕ ПОУБАВ ФУДБАЛ ОД ДРУГИТЕ:uvo:, а верувам дека доколку
венгер би заминал, тој напаѓачки стил на игра ќе замине со него, и верувам дека тоа никој од нас не би го сакал
Нема за шо да се извинуваш, но мора да сфатиме дека некогаш има и тешки моменти во клубот... Овие 5-6 години беа тешки, а осеќам дека и оваа и другата ке бидат такви... Зошто ? Кога ние бевме шампиони, пред неколку години, имавме најдобар тим, имавме најдобра екипа, значи екипа како екипа и имаше плод на теренот и во витрините... Од тогаш, продадовме акции, се сменаа акционери, подпретседатели, се смена стадион, кој чинеше еден куп пари, се смена генерација на фудбалери и уште многу други работи... Ние останавме на врвот, и секогаш сме биле на врвот... Челзи 50 години, живееше тешко, т.е просечен тим, кој во предходните години, ништо не освоил... Респект за нив, во последните 8 години... Јунајтед бил секогаш лидер, но секогаш имал добра политика на водење... Ливерпул, не знам шо да кажам... Читав негде дека новите нивни газди биле мафијаши од Америка, и можно е ако не кренат глава, наредната години да ги гледаме во понизок ранг на натпреварувања... Значи со секоја промена, идат некои пореметувања во тимот... Кај нас, НЕ ! Секогаш останавме на едно високо ниво, иако во предходните 6 сезони без трофеј, 3-4 пати сме се бореле за истиот во ПЛ, сме играле во полуфиналиња и финале на ЛШ, сме играле финале на ФА Куп... Можеби, не е на рамниште на Барселона или Јунајтед, но барем сме биле тука, до нив... И тие ке имаат моменти кога ке им е тешко, можеби веке тие моменти кај Барселона, идат...
И да, јас стално го гледам натпреварите на Арсенал, во друштво, кафич на Широк Сокак, или некој локален трговски кафич, но никогаш немало некои конфликти... Го гледаме онака, релаксирано, и нормално има некој мајтап... До душа, 2 години немам направено мајтап на нивна сметка, али што е тука е....:pos2: .... И сигурно ако си замине Венгер, никогаш Арсенал нема да има таков фудбал... Тоа е гарант... И ако Гаврдиола, со оној состав има проблеми и губи поени од Херкулес и Мајрока, дома, тогаш што да речи Венгер ? Момци, тука е големината на тренерот... Според методите на работа, јас во светот, почитувам два тренери, Сер Алекс и Арсен Венгер... Сите други, имаат респект, некаков, кој заради трофеј, кој заради други успеси... Сето тоа е релевантно....
Поздрав, ганери
--- надополнето ---
Малку, али само малку си во заблуда ... Никој никогаш не го пцуел или не го сакал Анчелоти во сосема лош контекст го употребуваш некој ќе помисли дека е стварно ова што го пишуеш. Остај ти овде на форумов шо некој копуци не знаат да го ценат па ти си прочитал како они пљукаат по него па одма си го земал здраво за готово. Карло е еден од најценетите и најсаканите тренери во Милан затоа и толку време има останато на клупата на Милан најдолго од било кој тренер што го водел Милан.
Е сеа некогаш е потребна и промена како и за тренерот така и за навивачите и самиот тим, мене лично Венгер ми е страшно антипатична личност за се има изговор за се има оправдание класично п*дерче.
Дали си сигурен ? Никогаш кај вас немало некој кој рекол, дека треба да направи измена сега, а не во 90та минута ? Никој не го опцул по некој пораз ? Ти се молам... Јас бев сведок пред 2-3 години, кога не ви одеше најдобро, баш на такви изрази... Само неколку паметам, после поразот на Милан на Сан Сиро, токму од Арсенал.... Убеден сум, дека не го користам во лош контекст, туку сум сведок дека имало такви.... Добив доста ПП, од ваши навивачи, кои тоа го потврдија, во некои моменти...
Исто, тоа е релевантна работа... И мене не ми се допаѓа Амброзини, но 50 години игра во Милан... Веројано, е еден од подобрите во тимот...
Поздрав
--- надополнето ---
Лекарскиот тим,игралиштето каде што тренираат,лошата физичка подготвеност се тоа се фактори кои може да влијаат на толку честите повреди,иако не ми се верува дека тим како Арсенал може да си дозволи нешто да не штима во наведениве погоре,но не е ни чудно нешто да има тука.
Главниот лекар од Арсенал, Левин, си замине пред година-две, а очигледно можеби и тоа е една од причините... Се друго е смешно...
Поздрав