Фан Клуб: Арсенал

Статус
Затворена за нови мислења.

derrain

артилерец
Член од
4 февруари 2009
Мислења
364
Поени од реакции
205
па што не држи нас како дебили да ги гледаме и да се нервираме? едноставно играат добар фудбал, но тоа треба да се материјализира, што се случуваше за време на серијата од 49, венгер вели дека едноставно незнаеле да изгубат, што е разликата, сегашниов тим е дури поталентиран од таа златна генерација. и ако пола прв состав е повреден, каков е тој тим со шампионски амбиции без силна клупа, а ако не сака да купува, нека ги носи на врач, можеби ќе им направи некоја заштита, ритуал и сл. :lud:, добро без заебанција, барем овие манчестерите да ги тепаме,
а ливерпул ни станаа пациенти :toe:
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.547
Поени од реакции
5.772
А кој ви ветува дека ако замини Венгер ке бидеме шампиони ? Ако има таков и јас сум за... Никој не можи да ни го вети тоа... Но, кој можи да ви вети дека клубот нема да е она што денес е Лидс, Нотингем и Ливерпул ? Тоа го ветил и докажал Венгер... Е заради ова, и заради еден тон други работи, тој ја има подршката од нас, управата и секој 2 викенд 60 000 публика на Емирати... Другото е неважен фактор...

Бидете поздравени....

п.с Немојте да бидете ко навивачите на Милан, кои сега го бараат назад дебелиот, а до пред 2 години, го пцуеа... Немојте да бидете ко навивачите на Ливерпул, за кој Рафа не чинеше, а сега се во зона на испагање прв пат после 50 години.... Немојте !

Еден ден, ке се чувствувате виновни, ако поддржувате други луѓе кои не се во клубот, а се ваша желба... За мене, барањето од вас, Венгер да си замини е исто како да го поддржувате заминувањето на Адебајор, Кол или Туре....

--- надополнето ---

--- надополнето ---

Зарем не мислите дека заслужува поддршка ?
 
gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
^^ За Венгер , за Туре , за Кол ... сосема се согласувам само не ми го спомнувај Аде... го ценев се додека не почне да дава такви изјави од кога го ЗАМРАЗИВ! А гестот по минатогодишниот погодок против нас... крајна мера беше тоа од негова страна!
 
stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
Никогаш не би сакал Венгер да замине... само да знаете :)
А и јас го мразам Адебајор, кога го згазна РвП на лице, и кога викаше дека Шити има подобар клуб и дека имал подобра иднина и такви срања.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.231
Поени од реакции
14.575
Затоа сеа ќе гние на клупа :)
Све се враќа све се плаќа, сите што си отидоа од Арсенал за пари и со јадење гомна гнијат на клупа или играат во шит тимови...
 
derrain

артилерец
Член од
4 февруари 2009
Мислења
364
Поени од реакции
205
се извинувам, ако навредив некого, ни јас навистина несакам венгер да си замине, само бев крајно исфрустриран и лут за тоа како не успеваме да освоиме ништо,и вакви испади ми се случуваат по секој натпревар со М.У и челзи, и натпреварите со нив ги гледам сам или само со навивачи од арсенал, оти ако има од нивните, "ќе има крв". А овие повредиве се хронично заболување на арсенал последниве сезони, првиот тим на хартија никогаш нема играно заедно, барем на официјален премиерлигашки натпревар, и не сфаќам како на М.У и челзи не му се повредуваат клучни играчи и по неколку сезони. :cuc: И СЕКОГАШ ИГРАМЕ ПОУБАВ ФУДБАЛ ОД ДРУГИТЕ:uvo:, а верувам дека доколку венгер би заминал, тој напаѓачки стил на игра ќе замине со него, и верувам дека тоа никој од нас не би го сакал:toe:
 
Ф

ФорцаМилан

Гостин
Лекарскиот тим,игралиштето каде што тренираат,лошата физичка подготвеност се тоа се фактори кои може да влијаат на толку честите повреди,иако не ми се верува дека тим како Арсенал може да си дозволи нешто да не штима во наведениве погоре,но не е ни чудно нешто да има тука.
 
Жути*

Kévin Constant за победа !
Член од
20 јули 2009
Мислења
794
Поени од реакции
275
п.с Немојте да бидете ко навивачите на Милан, кои сега го бараат назад дебелиот, а до пред 2 години, го пцуеа...

Малку, али само малку си во заблуда ... Никој никогаш не го пцуел или не го сакал Анчелоти во сосема лош контекст го употребуваш некој ќе помисли дека е стварно ова што го пишуеш. Остај ти овде на форумов шо некој копуци не знаат да го ценат па ти си прочитал како они пљукаат по него па одма си го земал здраво за готово. Карло е еден од најценетите и најсаканите тренери во Милан затоа и толку време има останато на клупата на Милан најдолго од било кој тренер што го водел Милан.

Е сеа некогаш е потребна и промена како и за тренерот така и за навивачите и самиот тим, мене лично Венгер ми е страшно антипатична личност за се има изговор за се има оправдание класично п*дерче.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.547
Поени од реакции
5.772
се извинувам, ако навредив некого, ни јас навистина несакам венгер да си замине, само бев крајно исфрустриран и лут за тоа како не успеваме да освоиме ништо,и вакви испади ми се случуваат по секој натпревар со М.У и челзи, и натпреварите со нив ги гледам сам или само со навивачи од арсенал, оти ако има од нивните, "ќе има крв". А овие повредиве се хронично заболување на арсенал последниве сезони, првиот тим на хартија никогаш нема играно заедно, барем на официјален премиерлигашки натпревар, и не сфаќам како на М.У и челзи не му се повредуваат клучни играчи и по неколку сезони. :cuc: И СЕКОГАШ ИГРАМЕ ПОУБАВ ФУДБАЛ ОД ДРУГИТЕ:uvo:, а верувам дека доколку венгер би заминал, тој напаѓачки стил на игра ќе замине со него, и верувам дека тоа никој од нас не би го сакал:toe:
Нема за шо да се извинуваш, но мора да сфатиме дека некогаш има и тешки моменти во клубот... Овие 5-6 години беа тешки, а осеќам дека и оваа и другата ке бидат такви... Зошто ? Кога ние бевме шампиони, пред неколку години, имавме најдобар тим, имавме најдобра екипа, значи екипа како екипа и имаше плод на теренот и во витрините... Од тогаш, продадовме акции, се сменаа акционери, подпретседатели, се смена стадион, кој чинеше еден куп пари, се смена генерација на фудбалери и уште многу други работи... Ние останавме на врвот, и секогаш сме биле на врвот... Челзи 50 години, живееше тешко, т.е просечен тим, кој во предходните години, ништо не освоил... Респект за нив, во последните 8 години... Јунајтед бил секогаш лидер, но секогаш имал добра политика на водење... Ливерпул, не знам шо да кажам... Читав негде дека новите нивни газди биле мафијаши од Америка, и можно е ако не кренат глава, наредната години да ги гледаме во понизок ранг на натпреварувања... Значи со секоја промена, идат некои пореметувања во тимот... Кај нас, НЕ ! Секогаш останавме на едно високо ниво, иако во предходните 6 сезони без трофеј, 3-4 пати сме се бореле за истиот во ПЛ, сме играле во полуфиналиња и финале на ЛШ, сме играле финале на ФА Куп... Можеби, не е на рамниште на Барселона или Јунајтед, но барем сме биле тука, до нив... И тие ке имаат моменти кога ке им е тешко, можеби веке тие моменти кај Барселона, идат...

И да, јас стално го гледам натпреварите на Арсенал, во друштво, кафич на Широк Сокак, или некој локален трговски кафич, но никогаш немало некои конфликти... Го гледаме онака, релаксирано, и нормално има некој мајтап... До душа, 2 години немам направено мајтап на нивна сметка, али што е тука е....:pos2: .... И сигурно ако си замине Венгер, никогаш Арсенал нема да има таков фудбал... Тоа е гарант... И ако Гаврдиола, со оној состав има проблеми и губи поени од Херкулес и Мајрока, дома, тогаш што да речи Венгер ? Момци, тука е големината на тренерот... Според методите на работа, јас во светот, почитувам два тренери, Сер Алекс и Арсен Венгер... Сите други, имаат респект, некаков, кој заради трофеј, кој заради други успеси... Сето тоа е релевантно....

Поздрав, ганери

--- надополнето ---

Малку, али само малку си во заблуда ... Никој никогаш не го пцуел или не го сакал Анчелоти во сосема лош контекст го употребуваш некој ќе помисли дека е стварно ова што го пишуеш. Остај ти овде на форумов шо некој копуци не знаат да го ценат па ти си прочитал како они пљукаат по него па одма си го земал здраво за готово. Карло е еден од најценетите и најсаканите тренери во Милан затоа и толку време има останато на клупата на Милан најдолго од било кој тренер што го водел Милан.

Е сеа некогаш е потребна и промена како и за тренерот така и за навивачите и самиот тим, мене лично Венгер ми е страшно антипатична личност за се има изговор за се има оправдание класично п*дерче.
Дали си сигурен ? Никогаш кај вас немало некој кој рекол, дека треба да направи измена сега, а не во 90та минута ? Никој не го опцул по некој пораз ? Ти се молам... Јас бев сведок пред 2-3 години, кога не ви одеше најдобро, баш на такви изрази... Само неколку паметам, после поразот на Милан на Сан Сиро, токму од Арсенал.... Убеден сум, дека не го користам во лош контекст, туку сум сведок дека имало такви.... Добив доста ПП, од ваши навивачи, кои тоа го потврдија, во некои моменти...

Исто, тоа е релевантна работа... И мене не ми се допаѓа Амброзини, но 50 години игра во Милан... Веројано, е еден од подобрите во тимот...

Поздрав

--- надополнето ---

Лекарскиот тим,игралиштето каде што тренираат,лошата физичка подготвеност се тоа се фактори кои може да влијаат на толку честите повреди,иако не ми се верува дека тим како Арсенал може да си дозволи нешто да не штима во наведениве погоре,но не е ни чудно нешто да има тука.
Главниот лекар од Арсенал, Левин, си замине пред година-две, а очигледно можеби и тоа е една од причините... Се друго е смешно...

Поздрав
 
Ф

ФорцаМилан

Гостин
Главниот лекар од Арсенал, Левин, си замине пред година-две, а очигледно можеби и тоа е една од причините... Се друго е смешно...
Поздрав
Глеај може тебе ти е смешно,но ете прашај ги и навивачите на Јувентус,дека можно е теренот каде што се тренира да ствара проблеми,тие го имаа истиот проблем и го смениа теренот.
 
Жути*

Kévin Constant за победа !
Член од
20 јули 2009
Мислења
794
Поени од реакции
275
Дали си сигурен ? Никогаш кај вас немало некој кој рекол, дека треба да направи измена сега, а не во 90та минута ? Никој не го опцул по некој пораз ? Ти се молам... Јас бев сведок пред 2-3 години, кога не ви одеше најдобро, баш на такви изрази... Само неколку паметам, после поразот на Милан на Сан Сиро, токму од Арсенал.... Убеден сум, дека не го користам во лош контекст, туку сум сведок дека имало такви.... Добив доста ПП, од ваши навивачи, кои тоа го потврдија, во некои моменти...

Исто, тоа е релевантна работа... И мене не ми се допаѓа Амброзини, но 50 години игра во Милан... Веројано, е еден од подобрите во тимот...
Убаво кажано релевантна работа ... Јас форумов го посетуем 1 година, за тоа незнам какви биле реакциите од страна на другите навивачи тука во фан клуб Милан. Но знам какви беа на други места.Јас никогаш не сум ја оспорувал работата на Карло и такви некој банални работи дали напраил измена или не затоа што потпуно му верував на човекот и има толку многу направено за Милан и како играч и како тренер, а такви банални работи за измена па мајку му сигурно не знаеме ние повеќе од тренерите на клубовите ;). Разбирам да се бунат за отказ кога беше Закерони или Фатих Терим но за Карло не сум сретнал до сеа навивач што сакал да си иде од клупата на Милан ( можда има но ете не сум зборел со никого ). Милан имаше премногу тешки времиња 2000та и почеток на 2001 година со доаѓањето на Карло ситуацијата се глеаше дека ќе биде далеку подобра и постабилна и човекот стварно го врати тој сјај на Милан што сега повторо е изгубен. 2 пати ја освои ЛШ и едно несреќно изгубено финале и 1 ја освои Серие А во време кога еден Јувентус беше страшен. Но да не давам премногу муабетот ми е од луѓето што ги познавам што навиваат за Милан не сакаа да си иде но сакаа промена, го оспоруваа неговиот систем и сите тие работи а нови играчи не се носеа и клубот тонеше и тонеше, а познавам исто што навивачи што и ден денес се против да се врати Карло зависи кој каков заклучок има. Али едно знам стварно знаеше од било кој играч да извади максимум.
Како и да е јас премногу бев задоволен од Анчелоти за тоа и ден денес го пратам секој натпревар со Челзи и иам некој симпатии према тој клуб нарочита ради Анчелоти иако не сум навивал за никого пред тоа во ПЛ а не ни сум ја прател толку многу.
 
Е тука е проблемот.... Секогаш има некој кој знае повеќе од тренерот... Не викам, за тебе, ама на нашиот фан клуб, т.е мојов, 90% од навивачите знаат повеќе од Венгер... Мене, тоа ми е чудно, оти не конкурираат за тренер... Никако да сфатам.... Значи, не викам лично за тебе, туку во тој контекст, дека секогаш има некој кој знае повеќе од тренерот... Имало и кај тебе, такви, верувај...

И нормално, кога гледаат што прави „ Дебелиот“ со Челзи им е криво, што си заминал... Епа, после ебење нема каење, и тоа е тоа...

--- надополнето ---

Глеај може тебе ти е смешно,но ете прашај ги и навивачите на Јувентус,дека можно е теренот каде што се тренира да ствара проблеми,тие го имаа истиот проблем и го смениа теренот.
Абе остај ги нив... На крај, не му чини теренот... Не им текнало да го сменат тимот ? Како на Дел Пиеро секој терен му чини ? Нормално, најјак е... И на 36-37 години.... Тоа ти се, другар, изговори... А ако те чуди нешто, повели, гледај еден меч на Емирати и ке видиш, дали има причина за промена на теренот... Теренот е стакло...

--- надополнето ---

Глеај може тебе ти е смешно,но ете прашај ги и навивачите на Јувентус,дека можно е теренот каде што се тренира да ствара проблеми,тие го имаа истиот проблем и го смениа теренот.
А и да, едит: Од ко го сменија им тргна.. Добро е, само 3 примија од Палермо...:pos2::pos2:
 
derrain

артилерец
Член од
4 февруари 2009
Мислења
364
Поени од реакции
205
македонец продолжи со блогот, супер ти е, ќе го читам и понатаму, а за тоа дека сите знаеме повеќе од тренерите, што да кажам ако не дека сме многу разгалени од убав фудбал, нормално, кога навиваме за арсенал, за мене, играме подобар фудбал и од барса, таму има премногу солирање, но тоа е веќе прашање за вкусови а за тоа нели не се дискутира поздрав до сите, се гледаме утре:salut: одам на:cug:
П.С мислам дека тука нема фанклуб Македонија:nesvest:, дајте преземете нешто, отворете тема, срамота е
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom