"Нема да ми биде проблем доколку се вратам во Барселона, бидејќи Барса е мојот дом. Луѓето таму секогаш фантастично ме третирале".
"Гвардиола од секогаш бил мојот идол, уште од мал. Јас играв на неговата позиција и тој ми беше пример".
Фабрегас има огромна почит и кон Арсен Венгер за кој смета дека е најзаслужен за неговиот развој.
"Тој ми значи се. Тој е личноста кој влеа доверба во мене. Без него не знам дали ќе бев професионален фудбалер денеска".
"Му должам многу и имам посебна љубов кон него" - изјави Фабрегас.