После 2004-та и славјето на Вајт Шит Лејн повредите ни ја уништуваа сезоната. Ај 2005-та не беше многу лоша бидејќи ги здрмавме Мен Ју во купот, а следната година игравме у финале на Лигата на шампионите кое заслуживме да го добиеме. Но понатаму Арсенал не беше оној што го познавав како мал. Можеби и смената на генерации си го зеде делот, но бројот на повредени фудбалери секоја сезона беше огромен. 2007/08 бевме најблиску до врвот, ако добро се сеќавам имавме 5 поени предност али се случи најстрашното, Дуду скрши нога, Росицки ја доби мистериозната повреда, Фламани и Сања се повредија... Доволно за огромен пад во играта, порази и се случи она неизбежното. Минатата сезона иста слика, Фабрегас и Тео се повредија, можеби ќе направивме нешто повеќе ако Вили и Клиши беа фит на крајот на сезоната, барем ќе игравме во едно финале со реални шанси за триумф и пак сезоната отиде у неповрат. Оваа сезона пак исто, ни отиде ван Перси у аут за цела сезона, Клиши, Џуру, Гибс, Насри, Тео, Бендтнер...
Повеќе од очигледно е дека секогаш кога доаѓаше клучниот дел од сезоната доаѓаа и повредите. Во последните неколку години секој петок кога ќе отворам arsenal.com и ќе ја прочитам листата на повредени ќе ми се уништи викендот. :nerv:
Во првиот тим имаме регистрирани 29 фудбалери (вклучувајќи ги Вилшер и Мерида кои не добиваат многу шанса) и се случува да имаме повредено по десетина фудбалери за еден натпревар и тогаш многу појасна станува сликата за квалитетот што го имаме на клупата. Значи за успешна сезона на Арсенал му се потребни 35 квалитетни фудбалери у првиот тим што теоретски не е изводливо.
Не е крив Венгер, не се криви шерхолдерите, крива е проклетата несреќа која кружи околу Арсенал. Со овие фудбалери доколку сите останат фит у тек на една сезона ќе се зголеми салдото на 14 трофеи, сигурен сум во тоа. Но тоа нема да се случи. Затоа како и лани со Аршавин ќе мора у јануари да го зееме она што ни фали - квалитетен шпиц (тешко дека ќе успееме да најдеме некој што ќе има право да игра во ЛШ, а воопшто и дали ќе најдеме некој квалитетен). Мора некако сезоната да ја вратиме во посакуваната насока и ако имаме мноооогу среќа можеби ќе се радуваме во мај.