Мислам дека Бендтнер е еден од најпотценетите млади играчи на денешницава. Некои забораваат дека има само 21 година, а има постиганто 15 гола во сезона во која не беше стартер. Можеби завршницата му беше слаба страна, но на пријателскиве покажа дека се подобрил. Има одличен скок, може да го натскока секого и да даде гол со глава. Треба да имаме еден таков фудбалер во шеснаесетникот кој ќе ја тероризира одбраната при корнерите на ван Перси.
Сега, лошо е тоа да нема конкуренција, па да игра лежерно и да не помага во одбраната, нешто како Адебајор лани. Тешко дека Едуардо ќе остане фит цела сезона (што е огромна штета), па така само тој му е конкуренција во нападот. Затоа е потребно засилување кое ќе му ги отежнува работите на Никлас. Читав некаде дека претсетателот на Бордо изјавил дека Венгер имал голема листа на напаѓачи од кои само еден од нив може да дојде во тимот. Чамак бил на врвот на таа листа, но Бордо барале многу пари за него, околу 15 милиони фунти. Ако успее да го донесе Венгер за цена помала од 10 милиони, ќе биде голем успех, за да може останатите пари да се инвестираат во ДМ и еден фудбалер во одбраната.
Ако ја гледавте утакмицата против Хановер, сигурно сте забележиле дека како времето течеше се потешко нашите стигнуваа до шанса за гол. Едуардо не е крупен, снажен напаѓач што ќе може да се носи со штоперите, туку на него му е потребна само една топка од Фабре или Арша за да ја смести во голот. ван Перси исто, не е голема закана во шеснаесетникот, посилна страна му се асистенциите. Сака да се враќа до центарот, и кога ја има таа улога на полушпиц одлично се снааѓа. Венгер го знае тоа, не е глупав. Знае и дека кога ќе дојдат на ред малите тимчиња со добро подготвени физички фудбалери, ќе се деси нешто како минатата сезона. Затоа е потребен добар шпиц, Чамак или Хунтелар. Кој и да дојде верувам дека одлично ќе се вклопи во играта и ќе води војна со Бендтнер за стартерската улога.
Туре замина, Ебуе следи, како и Сендерос. После утакмицата со Колумбија беше запрашан Венгер што ќе се случи со Сендерос, а овој ладнокрвно одговори дека ги разгледува многуте опции кои ги има. Цела сезона го прати на позајмица во Милан затоа што не беше константен, неможеше да се справи со притисокот и за малку ќе завршеше во лудница. Тоа значи дека Венгер ја изгубил довербата во него и го нема во плановите за следната сезона, затоа и не го игра како штопер туку како ДМ, колку да му даде шанса да остане во форма додека не го продаде.
Тоа се 3 заминувања, само Галас, Вермален, Џуру, Силвестер и Сонг како алтернатива остануваат. Проблемот е во десната бековска позиција. Замена за Сања може да биде Гевин Хојт, но колку младиот 18 годишен капитен е спремен за такво нешто само Венгер знае. Затоа е потребен играч кој може да игра и на штоперската позиција, и да покрие кога е потребно на десната бековска.
Останува уште ДМ, веројатно најслабата алка во тимот во моментов. Сонг е добар, најдобар во моментов. Денилсон слабо игра во предсезонава, веројатно и Венгер го гледа како замена, а пак Диаби или е повреден или ќе одигра како почетник кога ќе добие шанса. Виера е добра опција, но прашањето е дали ќе може да ги помине медицинските прегледи. Се шалам, Патрик добро би ни дошол како ментор за останативе. Матуиди или Де Роси во пакет со него и средината ќе биде доста цврста.
Чамак/Хунтелар, Виера и Матуиди/Де Роси, можеби Хангеланд за во одбрана и се враќаме во трката за титулата.