Што стана со наголемо најавуваниот инвестициски бум?

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Океј што сакате државата да гради фабрики?

-училишта се градат
-300 милиони евра за инфраструктура
-изградба на спортски сали
-компјутери за учениците
-бесплатни учебници
-ваучери
-60 милони евра за научни истражувања
-100 милиони евра за земјоделците (1 евро за килограм тутун)
-бесплатни станови
-рамен данок
-20000 хектари земјоделско земјиште распределено на земјоделците
-формирање на земјоделски кредитен фонд со буџет од 9 милиони евра кој ќе доделува кредити со минимална камата од 4%
-проект за самовроботување кредити во висина до 3 илјади евра со годишна стапка од 1% (буџет од 6 милиони евра)
-изградба на стариот театар
-дисперзирани факултети
-превод на најдобрите 500 книги кои се користат на врвните унирвезитети
-превод на литературни дела на автори што добиле Нобелова награда во последните 103 години
-намалена е стапката на ДДВ за земјоделската механизација и за ѓубривата на 5% од претходните 18%
-Инвестирани се 40 милиони евра за најсовремена медицинска опрема
-Запишување и бришење на хипотека во рок од 1 ден
-Намалена е стапката на ДДВ за лекови од 18% на 5%
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Пропаѓа Кинеско-Корејската инвестиција во Бунарџик?


Пропаѓа Кинеско-Корејската инвестиција во Бунарџик. Утре е последниот ден кога Хајер и Тривју требаше да почнат да ја градат фабриката за компјутери и ЛЦД монитори во слободната економска зона.
Дека рокот истекува, за А1 потврдија и од дирекцијата за слободни зони. Од таму велат дека инвеститорот со кој е потпишан договорот требал да почне со градба во рок од девет месеци од денот на потпишувањето на договорот за закуп на локација во Бунарџик. Последниот ден истекува на 30 јуни.
Првиот човек на Агенцијата за привлекување странски инвестиции вели дека Владата ќе постапува по договорот, иако не обелодени детали за тоа дали Хаjер и Тривју ќе добијат друга шанса.
„Сето она што е врз основа на договорот кој постои со таа или било која компанија, ќе се постапи врз основа на сите тие договорни процеси и ако постои некакво прекршување, соодветно ќе се постапи. До сега, немало прекршување“, вели Виктор Мизо, директор на Агенција за странски инвестиции.

Џон Шен
Според македонските закони во ваков случај кога не се испочитувани роковите за почеток на изградба договорот треба да биде раскинат, а земјиштето повторно се враќа во рацете на државата. Влезот на Хајер и Тривју во Бунарџик со инвестиција од девет милиони евра и вработувања на повеќе од 100 луѓе, беше најавен на голема врата. Гостите беа пречекани на највисоко владино ниво. Еве што тогаш изјави еден од странските менаџери.
„Самото лоцирање на активностите овде во Македонија ќе ни овозможи непречен влез до европскиот пазар, за разлика од локацијата Азија. Исто така конкурентната цена на работната сила во РМ беше еден од решавачките фактори да ја пренесеме нашата активност и овде“, рече Џон Шен, потпретседател на Тривју, во септември 2009-та.
Слободните економските зони беа еден од главните адути за привлекување инвеститори. Во овие локации каде важат бесцарински правила и даночни ослободувања засега работат само две компании.
Празните зони се правдаат со економската криза и дома и во странство. Неодамна Владата фрли лопата на уште една зона во Скопје и на уште една во Тетово.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=124784
---------------------------------------------------------------------------------


Ах ова А1 само работат против инвестициите во Македонија...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Има време до утре бе, можи ќе го испочитуваат рокот во последен момент :icon_lol:.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Океј што сакате државата да гради фабрики?

-училишта се градат
-300 милиони евра за инфраструктура
-изградба на спортски сали
-компјутери за учениците
-бесплатни учебници
-ваучери
-60 милони евра за научни истражувања
-100 милиони евра за земјоделците (1 евро за килограм тутун)
-бесплатни станови
-рамен данок
-20000 хектари земјоделско земјиште распределено на земјоделците
-формирање на земјоделски кредитен фонд со буџет од 9 милиони евра кој ќе доделува кредити со минимална камата од 4%
-проект за самовроботување кредити во висина до 3 илјади евра со годишна стапка од 1% (буџет од 6 милиони евра)
-изградба на стариот театар
-дисперзирани факултети
-превод на најдобрите 500 книги кои се користат на врвните унирвезитети
-превод на литературни дела на автори што добиле Нобелова награда во последните 103 години
-намалена е стапката на ДДВ за земјоделската механизација и за ѓубривата на 5% од претходните 18%
-Инвестирани се 40 милиони евра за најсовремена медицинска опрема
-Запишување и бришење на хипотека во рок од 1 ден
-Намалена е стапката на ДДВ за лекови од 18% на 5%
-училишта не се градат
-од инфра структура само споменици гледаме и по некој пат до пола заправен и не доправен...
-од спортски сали само борис трајковски има, другото е се прекинато и не се гради
-компјутерите собираат прашина по подрумите и стареат... за 1-2 години ќе бидат тотално не употребливи, а и сега више не се пошто се не комплетни
-учебниците не се бесплатни, туку позајмени се... ако се бесплатни дај им ги на децата, а не на крајот од годината да имги бараш здрави како нови, а ако не се да ги платиш или купиш
-ваучерите за студентите се неактивни веќе полни 7 месеци а и осмиот е во тек
- какви црни бесплатни станови????? кај го има тоа? ако мислеше за оние социјални станови, не се бесплатни воопшто... и далеку од социјални се...
-од проектот за самоварботување и тие 3 ијади евра нема да видиш ни евро туку тоа се пари што ке ти регистрираат фирма, ке ти платат придонеси за 3месеци а другото ќе го потрошат “ВО ОБУКА“.. жута банка не гледаш
-јако фајде од театарот... перење пари...

искоментирав само за она што си го навел како позитивно од страна на власта, за кое сум 100% сигурен дека е обична измама на граѓаните....

незнам за земјоделците, ама во фамлија имам земјоделци кои велат дека се “изгорени“ од вакви поволни кредити од власта, како и субвенционирање за машини и трактори... а зашто и како појма немам
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
-учебниците не се бесплатни, туку позајмени се... ако се бесплатни дај им ги на децата, а не на крајот од годината да имги бараш здрави како нови, а ако не се да ги платиш или купиш
За родителот сепак се бесплатни така да...оваа изјава нема врска со реалноста. Кога не знаеш колку пари се трошат на учебници, не треба да критикуваш напамет. Ако имаш деца, ќе знаеш.

незнам за земјоделците, ама во фамлија имам земјоделци кои велат дека се “изгорени“ од вакви поволни кредити од власта, како и субвенционирање за машини и трактори... а зашто и како појма немам
Земјоделците се учени да се жалат. Дали е вистина...колкави им се каматите, колкави кредити земаат, колкав рок...дали треба да се укинат кредитите оти биле неповолни, кои се условите на субвенции и кредити за да не збориме напамет и да се тресат зелени.

-јако фајде од театарот... перење пари...
театарот за некого е задоволство, хоби, исполнување/издигнување на уметничкиот дел од човекот...за друг е егзистенција (актери, режисери, помошен персонал...). Ништо од тоа не е џабе, само ако ги извадиш очилата.

Гледам низ сите теми некоја прогрчка и антимакедонска пропаганда кај тебе. Ако е нешто добро, ок...ако е лошо, лошо е...за тебе се во Македонија е лошо. Плукањето по својата држава, а величењето на грците не те прави човек, па макар и да не си македонец по потекло. Ако си, уште полошо.

На темата со инвестициите
Три вју ги пробива роковите- наместо багери, рамно поле на Бунарџик

Дали е пред пропаѓање инвестицијата на јужнокорејската Три вју? Утре истекува рокот кога оваа компанија заедно со кинеската Хајер требаше да почне со изградба на фабрика за ЛЦД монитори на Бунарџик.
Влезот на јужнокорејско- кинеската компанија лани го најави Владата заедно со кинескиот амбасадор во земјава. Првично требаше да се вложат 9 милиони евра, да се вработат 300 луѓе, а изградбата на фабриката се најавуваше дека ќе заврши до мај годинава.

И додека грин филд инвестициите тешко се реализираат, се промовира нова инвестиција од Бугарија во услужната дејност. Софика груп нуди сервис за опслужување на компаниите преку кол центар, организирање кампањи и други услуги. Најавува влог од 7 милиони евра и нови 100 вработени.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.577
Луртз а знаеш дека децата немаа некои учебници пола година, и такви пропратни глупости, со еден збор избрзан проект...
Него, имаше ист вакво проект пред 6-7 години можда не ми текнува точно, учебниците траеа 2-3 години и потоа не беа заменети...
Исто така, тоа се книги, не е возможно да не се оштети, на крај краева дете од 6-7 години не може толку да пази на книгите...
Мене не ми се допаѓаше тоа што го наведов во првата реченица...

Компјутерите најпромашен проект во образованието !!!


За тоа што не го кажа Онак,
Проектот рамен данок само ги намали приходите од даноци, а воопшто не помогна на стопанството...

До преводот на книгите се стига само со судски налог :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
Имаше и ослободување од данок со што всушност и се намали буџетот, но им помогна на фирмите.


Некои проекти не ги коментирам, беа промашени, но...за учебниците знам, помалиот ми заврши токму тој клас -седмо на кои не им беа дадени учебници до јануари. Другите добија. Сепак од голема помош е ако некој ми даде роба во вредност од 2-3000 денари.
Исто и со ослободување од плаќање за градски превоз. Иако само за прва година, сепак за родителот е добредојдено. Со тие пари (и од учебници) ќе му купи облека и обувки инаку (пред тоа, додека не даваа учебници) постојано наесен постои дилема -книги или облека...се знае -книги, облека од лани или од постар брат :)

Што се однесува до другите проекти, отворам сајтот на влада и пренесувам од таму-пренесувам, но не ги коментирам оти напамет не можам да рекламирам или оцрнувам некого. Сајтот на владата
Има дел од салите изградени за спортски активности (пошто беше спомнато дека спортски сали не се градат...неточно). И Бутел изградија огромна спортска сала, но никој не ја споменува пошто тогаш не е у тренд, нема критика :)

За она што должат од државата кон фирмите гледам оглас, дали функционира може да каже некој од искуство

Се има на сајтот, само треба да се отвори -дали проектите/објектите се функционални, напамет не сакам да зборам-навистина не знам (еве ти имаш инфо за книгите и преводот, добро е што го споделуваш со нас, да се види конкретно дека не функционира)...знам дека информации има постојано.

Штета што на полето на инвестициите (и други клучни полиња) од странство нема успех, т.е. тапа е. Овие проекти и инвестирања погоре спомнати ќе се одразат позитивно, но после малку повеќе време.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.577
Кое ослободување? Јас го коментирам рамниот данок(исто што и пропорционален, ама кај нас поубаво звучи овој, знаете за уше).
Значи фирмите кои остваруваат огромен профит плаќаат ист данок со фирмите кои остваруваат минимален профит.
Поентата на воведувањето на рамниот данок(исто како и пропагандите за привлекување с.и. и намалувањето и олеснувањето во даноците итн..) беше да се привлечат странските инвеститори но исто така и домашните.. Резултатот го знаеме сите....

Иако многу експерти го поздравија воведувањето на рамниот данок и го нарекао данок кој привлекува инвеститори, резултатите се други...

Луртз на кои фирми им помогна? И помогна на Пивара, Фершпед, Алкалоид, Окта, Т-Хоме, Оне итн... они кои треба да го наполнат буџетот, они си ја наполнија својата каса... А оние кои требаа да издржат во кризни години плаќаа поголем данок.

Иначе конкретно зборам за данокот од добивка....

За пример: Америка, Кина, Австралија, Јапонија... користат прогресивен метод на оданочување
Во овие земји данокот почнува од 5% па до 45% (Не во сите), додека во Австралија од 0%.
Додека рамен данок користат: Чешка, Русија, Словачка и некои балкански земји...

Салата во Бутел? А од кога е започната? :) Поминувам често од таму, едни добри 2-3 години беше само ставен покрив без ништо посебно...
А за салите, ете пошто кај мене во близина нема таква сала од владата, како се пристапува внатре? Се плаќа?
Ако се плаќа какво фајде од толкави сали кога може во балон да си играм фудбал(на пример)...
Абе отворени поголеми теренчиња да се прават и ништо повеќе, во зима ќе си отидам во балон ако ми се игра и ќе си платам...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
Луртз на кои фирми им помогна? И помогна на Пивара, Фершпед, Алкалоид, Окта, Т-Хоме, Оне итн... они кои треба да го наполнат буџетот, они си ја наполнија својата каса... А оние кои требаа да издржат во кризни години плаќаа поголем данок.

Иначе конкретно зборам за данокот од добивка....
(не е од овие фирми погоре) рекоа ослободени се од данок-на добивка, сепак добро олеснување.

Салата во Бутел? А од кога е започната?
Поминувам често од таму, едни добри 2-3 години беше само ставен покрив без ништо посебно...
Функционира, слободно е. Доста народ иде да игра таму, чини негде 600 денари за 2 тима, 50-60 денари од човек, има место за кошарка, фудбал, пинг-понг...
Не се градеше оти бутелчани го рушеа и не даваа да пријде механизација...наводно ќе се собирале наркомани и коцкари (претходно таму им беше сврталиште за коцка) ама ете, добро излезе. Но ако не плаќаш, нема одржување, греење, осветлување...сето тоа кошта. Пеесе или сто денари за еднаш-двапати неделно не е многу.
Постирав ама избришав неколку наслови од сајтот на владата каде соопштуваат за нови сали или реновирање/градба на училишта, реновирање на патишта (конкретно кај нас го реновираа стариот пат, 18 години негибнат...Има проекти, има инвестиции, као што спомнав, клучните инвестиции ни бегаат од рака, но и овие проекти ќе се и се исплаќаат индиректно за пократок или подолг период. Да не спомнувам за клучката Битпазар, обиколницата и други главни и споредни патишта кои се обновени-дел од нив влагаат у локална самоуправа.
Пуштена во употреба спортска сала во средното училиштe „Ѓорче Петров“ во Кавадарци
Кавадарци, 31 мај
Пуштен во употреба реконструираниот локален пат Сирково-Росоман Кавадарци, 31 мај
Поставен камен-темелник на новата зграда на Кривичниот суд Скопје, 29 мај
Промовирани нови 23 наслови во рамките на проектот на Владата за превод на 500 стручни и научни книги
Скопје, 28 мај
Груевски: Се очекува веројатно најкрупниот пакет на инвестиции во енергетиката
Скопје, 20 јуни
Претседателот на Владата Никола Груевски денеска изјави дека веќе е сигурна изградбата на гасоводот во земјата и оти се добиени гаранции за изградба на хидроцентралата Бошков мост, а се работи и на изградбата на хидроцентралите Луково поле, Чебрен и Галиште.

Нова спортска сала во средното медицинско училиште во Тетово
Тетово, 19 јуни
Инсталирани над 150 интернет киосци во руралните средини низ цела Македонија
Скопје, 17 јуни
Пуштена во употреба новата зграда на Основниот суд во Гостивар
Гостивар, 13 јуни
Почна акцијата за чистeње на 50 километри каналска одводна мрежа
Скопје, 1 јуни
Груевски: Нема да се намалуваат средствата за субвенционирање на земјоделството
Неготино, 31 мај
Во Неготино пуштено во употреба професионално фудбалско игралиште
Неготино, 31 мај
Има на сајтот доста интересни ствари кои не ги забележуваме. Нема бум во надворешни инвестиции, но кога веќе претходно прашуваа што се се гради, спортски сали и училишта... се гради :)
Проектот рамен данок само ги намали приходите од даноци, а воопшто не помогна на стопанството...
За рамниот данок, од Утрински
Бизнисмените ја фалат Владата за пониските даноци
Особено револуционерна мерката за ослободување од данок на добивката што ќе се реинвестира

овој збор е клучен, што ќе се инвестира
 

Kajgana Shop

На врв Bottom