Што стана со наголемо најавуваниот инвестициски бум?

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Е да, поголем профит по единица површина.
Па сигурно некој милионер од Турција,Грција,или било од каде во светот нема да дојде во Гевгелија за да види колку биле свежи крставиците набрани наутро додека се “росни“,како што би дошол да фрли некоја рака на комар,макар да мора и да плати за таквото задоволство кое му е скратено во неговата земја.:smir:
 
osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
e sega ima edna nejasna rabota,sto mene licno me interesira ,a gledam nekako na ovaa vlast postojano i se povtoruva!
dali koga doticniot go kupil toa zemjiste,mu go prodale kako plodno zemjiste
(sto e poskapo od obicnoto,no poevtino od gradeznoto zemjiste)
dokolku go kupil kalo gradezno zemjiste,bi trebalo da ima pravo tamu da si gradi sto saka,no dokolku go kupil kako plodno zemjiste ,pri samata kupoprodazba trebalo vo dogovorot da mu naglasat deka na toa zemjiste moze samo da proizveduva hrana
e sega sto e toa sto se slucuva vo drzavata,ke dojdat ,ke investiraat(ke kupat nesto),i posle toa ne im dozvoluvaat da raspolagaat so toa sto si go platile,tuku im iznaogaat zakoni koi namesto da im gi kazat pred da si gi plesnat parite,im gi kazuvaat otposle ,a na toj nacin se vrsi pritisok od tipot :pa vidi nemoze da gradis ,ama ako potplatis moze ke moze da se sredi rabotata.i mislam deka ova e edna od pricinite zaradi koja se investira tolku malku vo drzavava.
eve i denes za biznismenot bojcev,koj vlozil tolku mnogu pari vo jaka radovis ,no kako sto i samiot izjavi mu gi ukrale,pa sega dava preporaka da ne se investira vo drzavava,i veli bidejki tuka nekoi cekaat da vi gi ukradat parite?
 
Бојчев инвестирал само на уста.Знаеш како се инвестира?“пара на рака-Мара за рака“.А не овој инвестирал,па нешто повлекувал,па токмел акции,па позајмил некому да инвестира во негово име,па дрн-мрн,ако инвестирал се знае.Еве Ѓорѓија Атанасовски си дојде во Прилеп и “цаап“ си го купи Жито-Прилеп за отприлика 1 милион евра и тоа се вика инвестиција.Си го купи ресорантот поголемиот дел од Хотел Липа,колку што се продаваше и тоа е инвестиција каде никој не му прави проблеми.А не овие Бојчеви инвестирале ама како да не инвестирале.А земјиште ако е плодно за храна,треба да може лесно да се пренамени за да стане плодно за печалба на пари,нема што тука филозофија.Единствено ако некој му има кажано на Турчинот дека во тоа земјиште се закопани 500 тона злато од Турската империја па затоа да си го купи и “преора“,и да си го присвои пленот.
 
iskreno prikaznava za bojcev ja slusnav vecerva prv pat,ne go znam covekov ,nitu pak prikaznata cela!
najinteresno mi bese koga advokatot negov izjavi deka sudot konstatiral nepravilnosti,gi posocil licata koi go napravile kriminalot,prvicno gi pritvoril,a posle gi oslobodil iako vo presudata ostanale faktite i dokazite koi jasno kazuvale deka oni se vinovni,i veli advokatot ,sudot konstatiral deka bojcev e osteten za tri milijardi,vinovnici se gospodata sto se rpitvoreni no gi osloboduvam,a pritoa ne nosi odluka da mu gi vratat parite na osteteniot.
ova samo kaj nas go ima,vakva presuda samo kaj nas ima,i toa presuda od sudija!!!!!!!!
 
Без разлика што судството сеуште ни е “бурлеска“,чистата приватизација на фирми е “дијамантска“ реткост во Македонија.Потребно е преиспитување на сите продадени и трансформирани фирми во државава за да имаме колку толку помирна иднина,без разлика која партија е на власт,еднаш засекогаш мора да се расчисти со трансформацијата на фирмите,со имателите на акции во одредени фирми,стечајните управници и судиите кој ја воделе стечајната постапка,за тоа како ги стекнале и со кој капитал ги докапитализирале самите претпријатија.Тоа треба да се направи со сите фирми,без пардон и без отстапки.Е сега дали некој ќе има мадиња за тоа,треба да видиме во периодот кој следи.:toe:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334

Абе за со мадиња ќе се најди некој, само мала корист ќе има од нив (мадињата) ......без глава......горната....:helou:
 
B

Borg_Drone

Гостин
Јас не реков дека не треба да произведуваме храна и дека истата не треба да ја извезуваме или пак да не користиме домашни производи.
Но дај размислете што зборуваме сега.
Во само едно казино кое во моментов работи во оваа зона - Фламинго се вработени 500 луѓе , уште едно еве доаѓа - турскиот Шератон.
Во двете има невиден прилив на странски гости читај девизи. Тоа е еден вид туризам исто така, многу доходовен или ако сакате најдоходовен! На земјиште од, да речеме, 20 - 30 декари неможе никогаш да се оствари профит колку што остварува едно казино или хотел , како сакате.
Сонуваме за некој мал европски Лас Вегас , а кочиме милионска инвестиција од светски позната корпорација заради плодно земјиште ?
Зборуваме за 1000 вработувања и незнам колку милиони странски (знаете за кои странци зборуваме) туристи кои се желни да потрошат илијадници евра на наше тло.
Ајде да бидеме рационални.
Покрај се мислам дека во Македонија има само ниви и дотепани земјоделци, кои едвај крај со крај врзуваат веќе со години !
Пола поле од селата околу Гевгелија : Смоквица, Прдејци,Ѓавото,Богородица,Стојаково би биле еден одличен европски Лас Вегас! Казина, забавни паркови, аква паркови, коњски трки, концерти и тн ...
Која култура освен ако не се одлучиме да произведуваме легално кокаин или опиум би ни донеле ваков профит и толку вработувања ?
Што би сакал да бидеш повеќе хотелски работник или земјоделец ?

Секако дека се позитивна работа сите тие вработувања, но ништо нема да им вреди тоа, ако утре не можат со таа плата (односно со платата што ја земаат од казината) да го купат она што им е најопходно за да го поминат денот, а тоа ќе се случи во иднина ако продолжиме вака, а напишав и зошто, ние наместо повеќе да се стремиме кон тоа да произведуваме македонски производи и да го мотивираме народот да купува македонски производи, ние го правиме сосем другото а тоа е погрешна политика.Јас лично немам ништо против тоа што се отвораат казина, но тие казина можеле да се отворат на некоја сосем друга локација, а сигурен сум дека во Гевгелија таа локација не е единствената каде фрекфенцијата на луѓе е голема.

А што се однесува до ова, ќе ти напишам што мислам јас, мене не ми пречи и едното и другото да го работам, јас работа не бирам а немој да мислиш дека од земјоделец не се станува успешен човек, и немој да мислиш дека не можеш со помош на земјоделието да го постигнеш сето она што го напиша ти погоре.

Земи ја за пример "Агрокор" компанијата.
Значи уште еднаш, немам ништо против тоа што се отвораат казина, секоја инвестиција во Македонија е потребна, но храната мора да ни биде приоритет број еден.Во Македонија голем дел од храната што ја имаме по маркетите е увозна, а тоа не е воопшто добро, а зошто не е добро има многу за пишување ама тука ќе го напишам најважното, а тоа е дека самата таа увозна храна носи и многу скапа цена, и после тоа сите ние се чудиме зошто на Македонците не им стига една дневница од четиристотини денари.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Странски инвестиции,това е решението на сите прашаниja.Странски инвестиции во земеделието,странски инвестиции во индустриjaта,во услугите и насекаде.Производство и пак производство.Това е панацеjaта.
Като почеток мислам дека треба да се разреши копуването на земja от странци.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Секако дека се позитивна работа сите тие вработувања, но ништо нема да им вреди тоа, ако утре не можат со таа плата (односно со платата што ја земаат од казината) да го купат она што им е најопходно за да го поминат денот, а тоа ќе се случи во иднина ако продолжиме вака, а напишав и зошто, ние наместо повеќе да се стремиме кон тоа да произведуваме македонски производи и да го мотивираме народот да купува македонски производи, ние го правиме сосем другото а тоа е погрешна политика.Јас лично немам ништо против тоа што се отвораат казина, но тие казина можеле да се отворат на некоја сосем друга локација, а сигурен сум дека во Гевгелија таа локација не е единствената каде фрекфенцијата на луѓе е голема.
А што се однесува до ова, ќе ти напишам што мислам јас, мене не ми пречи и едното и другото да го работам, јас работа не бирам а немој да мислиш дека од земјоделец не се станува успешен човек, и немој да мислиш дека не можеш со помош на земјоделието да го постигнеш сето она што го напиша ти погоре.
Земи ја за пример "Агрокор" компанијата.
Значи уште еднаш, немам ништо против тоа што се отвораат казина, секоја инвестиција во Македонија е потребна, но храната мора да ни биде приоритет број еден.Во Македонија голем дел од храната што ја имаме по маркетите е увозна, а тоа не е воопшто добро, а зошто не е добро има многу за пишување ама тука ќе го напишам најважното, а тоа е дека самата таа увозна храна носи и многу скапа цена, и после тоа сите ние се чудиме зошто на Македонците не им стига една дневница од четиристотини денари.
Македонија е мала земја,со релативно мала територија(барем засега) и со малку жители за во европски па и светски рамки.Самото тоа наложува аграрот да не ни биде приоритет бр. 1 за понатамошен развој.Земјоделието треба во најмала рака да биде последно нешто со што би требало да се занимава Македонскиот народ,колку за задоволување на минимум од сопствените потреби,без разлика дали сме имале или не,идеална земја и други услови за земјоделие.Ова го кажувам од аспект на сите економски,стручни,и било какви други анализи на светските економски норми и текови.
Единствено нешто од аграрот со што треба и може да се занимава Македонија е тутунот итоа само ориентален,и евентуално винова лоза со одбрани високосортни и барани имиња на грозје.Сето друго е промашена инвестиција,кога земјоделието е во прашање,на глобален и стратешки државен план.Глобализмот во кој сме втурнати тоа и ни го посочува,само што многумина наши “експерти“ не сакаат можеби намерно и тоа да го согледаат.
Како што во контекст на една друга економска тема,во поглед на ова прашање напишав дека на Македонија и требаат инвестиции и субвенции во други економски гранки,а не во јакнење на аграрот.Така би сакал уште еднаш овде да напоменам дека земјоделието за Македонија е само погубна гранка,доколку толку многу се форсира и фаворизира.Подобро е да се помага во рударството,малите производни претпријатија од металопреработувачката или неметалната индустрија како што е преработувачката на камен со кој природата не надарила и преобилно за толку мала територија,туризмот,хотелиерството и услужните дејности,отколку да инвестираме неповратно и по 70 милиони евра во земјоделието,особено кога знаеме дека не се интервенира во другите дејности кој ги набројав.:toe:
 
Чекај, сакаш да ми кажеш дека Македонија треба единствено да се занимава со лозарство, и одгледување и берење на тутун??Дека не треба да се занимаваме со ништо друго!?И тука пишуваш дека земјоделието е погубна гранка за Македонија??Би сакал да напишеш зошто земјоделието за Македонија е погубна гранка??
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Македонија е мала земја,со релативно мала територија(барем засега) и со малку жители за во европски па и светски рамки.Самото тоа наложува аграрот да не ни биде приоритет бр. 1 за понатамошен развој.Земјоделието треба во најмала рака да биде последно нешто со што би требало да се занимава Македонскиот народ,колку за задоволување на минимум од сопствените потреби,без разлика дали сме имале или не,идеална земја и други услови за земјоделие.Ова го кажувам од аспект на сите економски,стручни,и било какви други анализи на светските економски норми и текови.
Единствено нешто од аграрот со што треба и може да се занимава Македонија е тутунот итоа само ориентален,и евентуално винова лоза со одбрани високосортни и барани имиња на грозје.Сето друго е промашена инвестиција,кога земјоделието е во прашање,на глобален и стратешки државен план.Глобализмот во кој сме втурнати тоа и ни го посочува,само што многумина наши “експерти“ не сакаат можеби намерно и тоа да го согледаат.
Како што во контекст на една друга економска тема,во поглед на ова прашање напишав дека на Македонија и требаат инвестиции и субвенции во други економски гранки,а не во јакнење на аграрот.Така би сакал уште еднаш овде да напоменам дека земјоделието за Македонија е само погубна гранка,доколку толку многу се форсира и фаворизира.Подобро е да се помага во рударството,малите производни претпријатија од металопреработувачката или неметалната индустрија како што е преработувачката на камен со кој природата не надарила и преобилно за толку мала територија,туризмот,хотелиерството и услужните дејности,отколку да инвестираме неповратно и по 70 милиони евра во земјоделието,особено кога знаеме дека не се интервенира во другите дејности кој ги набројав.:toe:
Единственото со което можам да се согласа е туризма и винарството.
Тамо накадето одите-ЕУ приоритет на целиja ЕУ е аграрниот сектор.Во аграрниот сектор е наjголемиja процент от парите които се дават по проекти,по програмите и така натаму.Без аграг нема храна.
Да не зборуваме за тутунот,коjто сепомалце се бара како стока.Сепомалце се произведува во светските простори.
Много мала држава сте за металообработвачката индустриja.Големите интереси на Франциja,Германиja и така натаму нема да дадат да има пазар за такви фирми.Да не зборувам какви екологични норми ке ви воведат след преговорите со ЕУ.
Влегувал си некога во Германиja или некаде другаде во Европа во екологична продавница да видиш какви цени има?А сите знаеме дека Балкана може да произвежда екологична храна,коja да не е модефицирана и да печелиме МНОГО.
 
S

smart ass

Гостин
Македонија е мала земја,со релативно мала територија(барем засега) и со малку жители за во европски па и светски рамки.Самото тоа наложува аграрот да не ни биде приоритет бр. 1 за понатамошен развој.Земјоделието треба во најмала рака да биде последно нешто со што би требало да се занимава Македонскиот народ,колку за задоволување на минимум од сопствените потреби,без разлика дали сме имале или не,идеална земја и други услови за земјоделие.Ова го кажувам од аспект на сите економски,стручни,и било какви други анализи на светските економски норми и текови.
Единствено нешто од аграрот со што треба и може да се занимава Македонија е тутунот итоа само ориентален,и евентуално винова лоза со одбрани високосортни и барани имиња на грозје.Сето друго е промашена инвестиција,кога земјоделието е во прашање,на глобален и стратешки државен план.Глобализмот во кој сме втурнати тоа и ни го посочува,само што многумина наши “експерти“ не сакаат можеби намерно и тоа да го согледаат.
Како што во контекст на една друга економска тема,во поглед на ова прашање напишав дека на Македонија и требаат инвестиции и субвенции во други економски гранки,а не во јакнење на аграрот.Така би сакал уште еднаш овде да напоменам дека земјоделието за Македонија е само погубна гранка,доколку толку многу се форсира и фаворизира.Подобро е да се помага во рударството,малите производни претпријатија од металопреработувачката или неметалната индустрија како што е преработувачката на камен со кој природата не надарила и преобилно за толку мала територија,туризмот,хотелиерството и услужните дејности,отколку да инвестираме неповратно и по 70 милиони евра во земјоделието,особено кога знаеме дека не се интервенира во другите дејности кој ги набројав.:toe:

ABC и сам знаеш за металургија и за индустрија треба здрави фирми ГИГАНТИ мкои ќе имаат улога на локомотива во економијата тие што ги имаше пропаднаа и не можат средни фирми да профитираат врз основ на ефикасност туку врз основ на намалени трошоци за работници.

понатаму земјоделието е и ТЕ како важна гранка како порано приносите биле поголеми за сега да опаднат,па само комбајните правеле 20% растур.

затоа треба да се инвестира во аграрот не ја потценувам индустријата но види ги условите за таков бизнис да имаш средно претпријатие и притоа административни трошоци скапи енергенси бла бла е исто ко да си на марс и да вдишуваш сулфур диоксид-тоа го знаат потенцијалните инвеститори па затоа ги нема.:toe:
 
Абе со 2 милиони народ не може да стане ни збор за сериозен аграр и сериозна аграрна политика,особено ако се знае дека помина времето на големи земјоделски комбинати,кој се распаднаа како кули од карти.Не можеш ти пак да го вратиш ова население во задруги и слични здруженија,посебно доколку се вака политички и партијски поларизирани како во Македонија,каде секое дете од пелени знае кој е Грујо а кој Б.Ц.,и мавта со партијското знаменце и во најиспустеното село со надеж дека политичарот што го преферираат родителите ќе му донесе подобра иднина.Е па нема ефтина нафта за таквите ситни земјоделци,кој имаат по еден до два трактори,застарени комбајни и други потребни земјоделски машини.Или мислиш дека со волови пак ќе може да се остваруваат рекорди?Вака “организирани“ земјоделците немаат шанса со оние во соседните или било кој други Европски земји.Па само Франција има поединци кој поседуваат огромни плантажи винова лоза,колку цела Тиквешија кај нас,слично е и со плантажите низ Шпанија,Португалија или Италија,посадени со домати и друго раноградинарско производство.Еден газда во Грција има колку цел Росоман праски на пример,и дали има потреба повеќе да правиме муабет?Или една фамилија во Шпанија располага колку цела преспа со јаболкови насади,увезува или купува една композиција вештачко ѓубриво или препарати,сигурно по цена наполу поефтина одколку Ресенчани,па уште на старт е поефтин и поквалитетен со неговиот производ.Србија има огромна житница,слично како и Украина која има уште поголема и се посилна индустрија за храна.А ние ќе развиваме конкурентно земјоделие,наместо да произведуваме панцири или шлемови за цел свет,купуваме од Бугарија додека нашите машини за таа намена во Прилеп мируваат и р`ѓосуваат.Купуваме “ефтин“ Кинески мермер,иако знаеме дека природата ни подарила цели планински масиви со тоа рудно богаство,кое не е начнато ни 0.001% и кое наместо да брои 100 000 вработени,вбројува едвај 1 000.Слично е и со рудниците за феролегури,бакар,или олово.Па Кинезите плаќаат за јеловината од Фени или од Кичевските напуштени рудници за железо огромни суми за да ја транспортираат и преработат во Кина,а ние сме запнале да инвестираме во раноградинарството,каде секоја година имаме непоправливи штети од град,мраз,поплави или други временски непогоди.Да не ја спомнувам тука и Турција која со скоро 80 милиони народ и огромна територија погодна за земјоделие,може едноставно да не уништи со ефтини земјоделски продукти,поефтини и за 50%,ама и со сличен ако не и подобар квалитет.Е,панцир или шлем нема да може да го направи поефтин,нема да направи ни поефтина гарнитура за дневна,или поефтина и поубава спална соба,а и ако направи со 1000 евра е поскапа на европскиот пазар токму заради транспортните трошоци,слично како со нашиот мермер,кој покрај тоа и го немаат со таков квалитет.Се разбира дека за сето тоа ни треба поефтина енергија или најчесто струја,па затоа јас се залагам за Македонска Нуклеарна Централа која ќе ги реши нашите потреби за подолг период а ќе има и за извоз.Знаеш ли колку е вложено на тој план од државава?НУЛА денари,освен ако не ги рачунаш милионите потрошени во расправии,дискусии и правење енергетски стратегии од академици што помно читаат форуми.Јас со мојата скромна плата од 200 евра(понекогаш ни толку) како поединец издвојувам време,а со тоа и пари,да создадам барем некаква основа за почеток,без никаква помош од државата,остварувам контакти со странци заинтересирани за такви проекти и не можам да платам поштарина за потребните планови,книги и информации кој ги добивам по пошта,па срамежливо ги враќам назад,а ти ми зборуваш за некаква неприсутност на странски инвеститори.
Може ли да дојде странскиот потенцијален инвеститор во Прилеп,кој би бил партнер во изградба и употреба на првата Македонска Нуклеарка со државава,ако му кажам дека ќе го почестам само со кафе,ќе го носам пеш до Мариово,а за спиење ќе го оставам да преспие на Прилепскиот плоштад,ако се врати жив назад,итоа крај новата фонтана која ни беше “неопходна“,оти немам финансии да му обезбедам подобри услови?Или како ќе му објаснам оти Веле Самак па Ставревски или било кој друг од плејадата “привлекувачи“ ги потрошиле парите во скапите белосветски хотели на службените патувања,па нема за теренско возило кое ќе ни треба да го однесам на лице место?:toe:
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Токму така, треба инвестиции во туризмот...а како што реков погоре , туризам не е само Охрид!
Земјоделието е неизоставно,ама како што рече АБЦ земјоделието не може да биде главен двигател на економијата на една држава како нашата. А тоа не значи дека земјоделието или сточарството треба да бидат занемарени во целост. Еден прост пример...доколку сите или да речеме 90% од граѓаните на гевгелиската општина се ориентираат на земјоделство, мислиш ли дека сите ќе бидат успешни и ќе имаат загарантиран пласман ?
Градење на плодно земјиште е само нечиј изговор за да може да им земе некоја пара. А доколку тој некој размисли колку пари досега губат сите околу него, само заради што тој не лапнал уште пола милионче,ќе увиди дека тактиката му е грешна. И да места за казина има многу, ама нема да бидат успешни како што мислат стручњаците кои решиле да вложуваат и по 50 и 100 милиони за да градат казина во некоја си мала Македонија баш во Гевгелија.
Кај нас никој не е унпорен и не поставува прашања и затоа не постојат одговори. Овој проект чека повеќе од година ако не се лажам! Ќе изгуби земјата од плодноста од не-обработување. :toe:

А за нуклеарката не сум запознаен колку тоа би ни помогнало. Сепак треба веќе вистинско градење, а не чукање празна слама, и само проекти и проектанти и на крај кур!
 
тоа е таман те разбирам,и на крај краеви профитот е во индустријата,ама да бидеме реални во бившата ни југославија хрватите добија бродоградба,србите машинска индустрија,петрохемија,словенците кршко а нас ни тупја текстил.

инаку изговор дека на плодно земјиште не смее да се гради не држи вода бидејќи еве израел успеа од песок да направи поплодно земјиште и од франција и италија се разбира со многу работа.

Токму така, треба инвестиции во туризмот...а како што реков погоре , туризам не е само Охрид!
Земјоделието е неизоставно,ама како што рече АБЦ земјоделието не може да биде главен двигател на економијата на една држава како нашата. А тоа не значи дека земјоделието или сточарството треба да бидат занемарени во целост. Еден прост пример...доколку сите или да речеме 90% од граѓаните на гевгелиската општина се ориентираат на земјоделство, мислиш ли дека сите ќе бидат успешни и ќе имаат загарантиран пласман ?
Градење на плодно земјиште е само нечиј изговор за да може да им земе некоја пара. А доколку тој некој размисли колку пари досега губат сите околу него, само заради што тој не лапнал уште пола милионче,ќе увиди дека тактиката му е грешна. И да места за казина има многу, ама нема да бидат успешни како што мислат стручњаците кои решиле да вложуваат и по 50 и 100 милиони за да градат казина во некоја си мала Македонија баш во Гевгелија.
Кај нас никој не е унпорен и не поставува прашања и затоа не постојат одговори. Овој проект чека повеќе од година ако не се лажам! Ќе изгуби земјата од плодноста од не-обработување. :toe:

А за нуклеарката не сум запознаен колку тоа би ни помогнало. Сепак треба веќе вистинско градење, а не чукање празна слама, и само проекти и проектанти и на крај кур!
за туизам за жал немаме организација снимија само неколку ЦД-еа потоа треба патна инфраструктура услуга на ниви,водичи а кај нас за жал тоа не е средено а навистина македонија има потенцијал огромен за туризам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom