Што стана со наголемо најавуваниот инвестициски бум?

Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
Премногу инвеститори, премалку опипливи инвестиции-воопшто инвестиции. Обратнопропорционален концепт. Некако нема ништо од сите овие...акхм, слободни зони и инвестиции во пракса. Ќизнај дали работи и она Џонсон контрол (работи некој воопшто таму? прават нешто? или...произведуваат ветерче и ...за што служи енивејтој погон?), кое случајно беше споменато во еден од документарците на Мајкл Мур...во не така добро светло.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Што стана со наголемо најавуваниот инвестициски бум?

Го чекаме сеуште :sport2::sport2::sport2::sport2::sport2::sport2::sport2::sport2::sport2:
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Кинеско - Корејска инвестиција во Македонија

Хаиер и Тривју доаѓаат во Македонија

Најголемиот кинески производител на компјутери Хаиер и една од топ десетте компании за ЛЦД монитори, јужнокорејската Тривју во заедничка инвестиција ќе ја почнат неделава изградбата на новата фабрика во земјава. Фабриката за висока технологија ќе биде лоцирана во слободната економска зона Бунарџик крај Скопје. Овие информации пристигнуваат од далечната Кина каде македонскиот премиер Никола Груевски деновиве учествуваше на состанокот на Светскиот економски форум во кинескиот град Далиан.
Според најавите на Груевски, Хаиер е најголемиот производител на компјутери во Кина, но и еден од најголемите светски производители. Што се однесува пак на компанијата Тривју, таа е една од најголемите јужнокорејски компании за производство на монитори, телевизори и ЛЦД телевизори. Во Слободната економска зона во Бунарџик веќе работи Џонсон Контролс, а Џонсон Мети започна со пробно производство на катализатори.
Премиерот од Кина информаше дека фабриката прво ќе почне со производство на ЛЦД монитори и телевизори, а потоа и на компјутери.
-Тоа е многу добра препорака за кинеските компании кога нивниот најголем производител на компјутери Хаиер ја избрал токму Македонија за европска дестинација, бидејќи тие нема да произведуваат само за Македонија, нашата земја ќе биде како база од каде што ќе се произведува за целокупниот европски пазар, изјави Премиерот од Далиан за Сител. Тој не криеше дека е задоволен што кинеските бизнисмени ја избрале токму нашата земја за ваква крупна инвестиција.
Инаку на летниот состанок на Светскиот економски форум во Далиан беа собрани водечки компании од светот. Токму поради тоа економскиот тим на владата на Груевски го искористи за средби, презентации и убедување дека Македонија е добар избор за инвестиции. Тимот им укажа на светските бизнисмени за ниските даночни стапки и ослободувањата кои Македонија ги дава за инвестиции во економска зона.
Македонскиот премиер во Далиан ја посети и Зоната за висока технологија, каде работат дури 2.300 компании меѓу кои е и "Хуалу-Панасоник електро-информатика ЛТД".
Во Далиан годинава тема на разговор била и светската економска криза и како таа се рефлектирала на различните аспекти на економијата и општеството. Македонскиот премиер зборуваше за влијанијата врз работната сила порачувајќи дека решението за невработеноста можат да бидат крупни инвестиции во енергетиката и еколошкиот развој.

Ова е убава вест, честитики.

Во контекст на ова еве и едно прашање : Што се случува со инвестицијата на „Калифорнија-ресортс“ на влезот од Гевгелија???
Како што имавме можност да прочитаме пред десетина дена, дека инвеститорот неможе да продолжи односно да започне со градење на Хотелско - Казинскиот комплекс, заради нејасни проблеми со министерството за транспорт и врски.
Овој проект чека повеќе од една година, една феноменална градба, во која би се вработиле околу 1000 луѓе, значајно за неколку општини од југо-источна Македонија.
Кој е одговорен за стопирањето и дали изјавите од типот : „не е дозволено градење на плодно земјиште“, се на место? :toe:
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
дали изјавите од типот : „не е дозволено градење на плодно земјиште“, се на место? :toe:
Многу се на место!

Храната пред се`! За коцка и базени има место колку сакаш низ Македонија.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Многу се на место!

Храната пред се`! За коцка и базени има место колку сакаш низ Македонија.
Се согласувам... но дали навистина веруваш во тоа дека немаме доволно плодно земјиште или постои недостаток од истите па мораме сите максимално да ги искористиме за производство на храна и ако е така зошто досега не биле искористувани за таа намена ?
И после се, дали мислиш дека било која земјоделска култура би остварила профит поголем од казино или каков било туристички ресорт. Дали на тоа плодно земјиште од неколку илјади квадратни метри би се вработиле илјада луѓе и дали условите за работа како земјоделец и за работа во хотел се исти !?

If we are doing bussines lets do bussines!
 
B

Borg_Drone

Гостин
И после се, дали мислиш дека било која земјоделска култура би остварила профит
Можеш, освен тоа ќе му завршиш и голема услуга на твојот народ.Поголемиот дел од храната што ја имаме во Македонија е увозна, затоа е и толку скапа!Колку повеќе пласираме и купуваме македонски производи толку подобро за сите нас.Храната треба да ни биде приоритет број еден.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193

Tочно,без разлика колку и да е скапа,најбитно е храната да е наша.Еве можеме и да се обидеме да пробаме производство на урми во Гевгелија па наместо за хотелски комплекси и казина,земјиштето да се продава исклучиво за одгледување насади со палми,кој можеби ќе прородат урми по 100тина години.:tapp:
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Можеш, освен тоа ќе му завршиш и голема услуга на твојот народ.Поголемиот дел од храната што ја имаме во Македонија е увозна, затоа е и толку скапа!Колку повеќе пласираме и купуваме македонски производи толку подобро за сите нас.Храната треба да ни биде приоритет број еден.
Јас не реков дека не треба да произведуваме храна и дека истата не треба да ја извезуваме или пак да не користиме домашни производи.
Но дај размислете што зборуваме сега.
Во само едно казино кое во моментов работи во оваа зона - Фламинго се вработени 500 луѓе , уште едно еве доаѓа - турскиот Шератон.
Во двете има невиден прилив на странски гости читај девизи. Тоа е еден вид туризам исто така, многу доходовен или ако сакате најдоходовен! На земјиште од, да речеме, 20 - 30 декари неможе никогаш да се оствари профит колку што остварува едно казино или хотел , како сакате.
Сонуваме за некој мал европски Лас Вегас , а кочиме милионска инвестиција од светски позната корпорација заради плодно земјиште ?
Зборуваме за 1000 вработувања и незнам колку милиони странски (знаете за кои странци зборуваме) туристи кои се желни да потрошат илијадници евра на наше тло.
Ајде да бидеме рационални.
Покрај се мислам дека во Македонија има само ниви и дотепани земјоделци, кои едвај крај со крај врзуваат веќе со години !
Пола поле од селата околу Гевгелија : Смоквица, Прдејци,Ѓавото,Богородица,Стојаково би биле еден одличен европски Лас Вегас! Казина, забавни паркови, аква паркови, коњски трки, концерти и тн ...
Која култура освен ако не се одлучиме да произведуваме легално кокаин или опиум би ни донеле ваков профит и толку вработувања ?
Што би сакал да бидеш повеќе хотелски работник или земјоделец ?
 
Па кај гледал Турчинот да гради казина и хотели во Гевгелија бе,ќе го исчуручи народот,ќе ги направи и онака презапослените млади од тоа место сите комарџии.Еве нека земе да прави казино во Тетово или Гостивар,ќе му ја дадат пола општина,ама во Гевгелија ли најде?:smir:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
Скопје голем дел се изгради, посебно најновите општини на плодно земјиште. Зградите Козле, Аеродром од Острово натаму, Ново Лисиче...дури и сега продолжуваат градби на плодно земјиште. Соње, Ракотинци, Волково...хациендите на ... различни категории плодно земјиште или различни категории на нивни корисници :)

Да ги раскопаме зградите, Веро...милијардите и да садиме компир, не, да садиме тутун...не знам, да садиме нешто за субвенции.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Скопје голем дел се изгради, посебно најновите општини на плодно земјиште. Зградите Козле, Аеродром од Острово натаму, Ново Лисиче...дури и сега продолжуваат градби на плодно земјиште. Соње, Ракотинци, Волково...хациендите на ... различни категории плодно земјиште или различни категории на нивни корисници :)
Е па ако земеш така секое земјиште во Македонија е плодно освен на Солунска Глава,каде никој не би се нафатил да изгради хотел или казино.:toe:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
Е па ако земеш така секое земјиште во Македонија е плодно освен на Солунска Глава,каде никој не би се нафатил да изгради хотел или казино.:toe:
Тоа ми е и зборот :wink: но не мораше да се шири Скопје толку многу, можеа да стават едно стоп, посебно во деловите накај с. Лисиче и сега трендовските места за вили. На сметка на тоа, цели огрмони површини седат така во центарот нс градот, неискористени или искористени со расфрлани куќарки -маџар маало, карши НБ, према ТЦ, Керамидница... премногу неискористен неплоден простор, а се зазема од плодните ниви на старите скопски населби. Заради тоа и споредив, доколку има забрана гевгелиско (иако земјиштето е поквалитетно од скопското-алувиум, делувиум ли беше, не се сеќавам, Ацева тука може да помогне :smir:), треба и скопско и насекаде каде е плодно поле за сметка на неплодните површини кои седат неискористени :smir:
 
Абе нека се отворат 1000 казина и 1000 хотели низ Македонија,па можеме слободно да ставиме и забрана за домашно земјоделско производство.:toe:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
Абе нека се отворат 1000 казина и 1000 хотели низ Македонија,па можеме слободно да ставиме и забрана за домашно земјоделско производство.:toe:
Е да, поголем профит по единица површина.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom