Можеш, освен тоа ќе му завршиш и голема услуга на твојот народ.Поголемиот дел од храната што ја имаме во Македонија е увозна, затоа е и толку скапа!Колку повеќе пласираме и купуваме македонски производи толку подобро за сите нас.Храната треба да ни биде приоритет број еден.
Јас не реков дека не треба да произведуваме храна и дека истата не треба да ја извезуваме или пак да не користиме домашни производи.
Но дај размислете што зборуваме сега.
Во само едно казино кое во моментов работи во оваа зона - Фламинго се вработени 500 луѓе , уште едно еве доаѓа - турскиот Шератон.
Во двете има невиден прилив на странски гости читај девизи. Тоа е еден вид туризам исто така, многу доходовен или ако сакате најдоходовен! На земјиште од, да речеме, 20 - 30 декари неможе никогаш да се оствари профит колку што остварува едно казино или хотел , како сакате.
Сонуваме за некој мал европски Лас Вегас , а кочиме милионска инвестиција од светски позната корпорација заради плодно земјиште ?
Зборуваме за 1000 вработувања и незнам колку милиони странски (знаете за кои странци зборуваме) туристи кои се желни да потрошат илијадници евра на наше тло.
Ајде да бидеме рационални.
Покрај се мислам дека во Македонија има само ниви и дотепани земјоделци, кои едвај крај со крај врзуваат веќе со години !
Пола поле од селата околу Гевгелија : Смоквица, Прдејци,Ѓавото,Богородица,Стојаково би биле еден одличен европски Лас Вегас! Казина, забавни паркови, аква паркови, коњски трки, концерти и тн ...
Која култура освен ако не се одлучиме да произведуваме легално кокаин или опиум би ни донеле ваков профит и толку вработувања ?
Што би сакал да бидеш повеќе хотелски работник или земјоделец ?