Бекам повторно мерка секси навивачки
Дејвид Бекам повторно беше фатен ин флагранти. За време на тајм аутот на неговите Лејкерси против Портланд, не го тргаше погледот од атрактивните чирлидерки.
Ова не е прв пат
Бекам да не одолее на атрактивните навивачки. На истото место, во првите редови, Дејвид уште во април беше снимен како зјапа кон секси чирлидерките.
Наводно, неговата сопруга
Викторија Бекам толку полудела што потоа гледала цело време на НБА мечевите да биде покрај него, за да го задржи неговото внимание. Но, ни тоа изгледа не е решение.
Прашање е како новиот Бекамов излет ќе го прифати Пош, која наводно била загрижена заради неговото заминување во Милан. Дејвид е на позајмица од својот Галакси во Милан, а Викторија и децата ќе останат во Америка.
Иако и Дејвид рече дека има целосна подршка од Пош, се знае дека последниот пат кога беше раздвоен од семејството, поточно во 2004 година, кога играше за Реал Мадрид, наводно имаше љубовна афера со помошничката
Ребека Лос.
Викторија е на потег!
Му здосадила пластичната Смрдла па си рекол на нешто природно да се префрли

)
А башка и сите овие се поубави од СМРДЛАТА:tv: