Ти си Македонец? Од Македонија? Важно ти е тоа? Се идентификуваш со тоа? Си се потпишал makedon, од што може да се заклучи дека националноста и националното достоинство ти се важна работа во животот. И сега некој чепка по тоа, те боде во нерв. И ти бегаш...бегаш од проблемот? Најлесно е да се избега, нели? За соочување ехеее, многу се бара, кај волја, кај храброст, кај решителност, тоа се работи кои ги немаме, нели? Ќе избегаме секаде, ќе најдеме секакво оправдување за тоа. Ќе се откажеме од нас самите зашто некој пројавил желба за тоа? Кажи ми, да ти дојде некој дома со намера да ти ја запали куќата и да ја силува жена ти, ќе избегаш? Или ќе му го истуриш сиот гнев кој самиот го навлекол на себе? Не е исто викаш? Семејството не е мала нација? Нацијата не е големо семејство? Не е нешто вредно да се брани со живот? Во ред, бегајте. Долу главата Македонци, барем сабјата нема да ве стигне.