Прогрес или Freak-show ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Toecutter
  • Време на започнување Време на започнување
Затоа што е цикличен процес, не може да збориме за праволиниски прогрес. Тоа е јасно само по себе.
Всушност и реков, многу од нештата набројани во почетоков од темава се апла чин на регресија.

Капитализмот (конкретно во америка) сеуште, пред својот електорат, фура квази-десничарски вредности.
Преку мас-медиумите и потребата од профит пак, фаворизира квази-индивидуализам и морално релативизирање.
Затоа е и контрадикторен систем на тешка хипокризија и декаденција, особено кога се работи за моралните вредности.
Не може да си дозволи да постави етички норми или да се држи цврсто до некои вредности. На тој начин сериозно си го ограничува пазарот, т.е профитот.
Од друга страна, што повеќе декаларативно подржува "индивидуализам", се повеќе има простор за пласирање на најразноразни непотребни глупости, кои наводно те диференцираат како посебна индивидуа.
Сетете се на билбордиве за Superbrands, кои се насекаде околу градот, со нивното мото: Брендовите ти даваат карактер (поттекст: без нив го немаш)

И, она што ми е најинтересно, е баш оној квази индивидуализам и либерализам, кој дава илузија на слободен избор, кога реално го нема.
Имаш само брдо на готови слики и симболи за тоа што и кој треба да бидеш и преку нив да се "градиш".
Така, можеш да бидеш на "веселата кока-кола страна на животoт"..."да бараш повеќе како пепси"..."да бидеш розево кул Парис Хилтон" или "хард кор кул Лили Ален"...само кажи, ние ќе ти сместиме готов модел, да си го купиш.

И да се вратам на темава...Се рушат индивидуалните идентитети (додека те лажат дека уствари стануваш посебен), се рушат етичките вредности (затоа што не идат заедно со профитот и пласманот на производи)...нормално дека ќе имаш збунети луѓе, со кризи на идентитет, кои мислат дека ако се избушат или претвора во подвижно сликарско платно, ќе станат посебни.

Капитализмот ја игра улогата која мора да ја игра за да опстои, но во комбинација со немање морално-етички стандарди...се оди во пропаст...на пример во сеопштата битка (која не не одминува ни нас) за набавка на најнов дигитален апарат,вијагра или порше имаме култура на убијци.
Ако логиката се тера до крај, испаѓа дека сите плаќачи на данок во западните земји се убијци. Зошто? Затоа што воената машинерија која гази по светот е финансирана од даночните обврзници, а не од приватни корпорации. И секоја бомба или метак кој убива или сакати некого во Ирак или Афганистан (таму и ние сме учесници) е платена и доставена до целта со парите на луѓе кои немаат време да размислат за тоа (а тоа се сите даночни обврзници). Да, оние секојдневни работници и работнички...
Дали е поголем злочин некого да го убиеш лично или некому да платиш тоа да го стори...дилема...
А и кој ќе мисли на тоа...треба да се заработаат пари...за да се купат уште работи кои се беспотребни...а и квизот/шоуто почнува во 21.00...

Со исчезнувањето на реалните ликови кои се бореле за нешто (без разлика на идеолошка определеност...Че Гевара, Камило Сиенфуегос, Бадер-Мајнхоф, Махно, Панчо Виља, Запата, Боно и многу знајни и незнајни лица...) доаѓаме во ситуација каде доминираат квази-бунтовници кои се борат за ништо...индивидуалност преку 152-та пирсинга или ирокез-фризурче...
Единствен победник е задоволниот Си-И-О на компанијата Икс кој ја продал најновата бунтовност на пазарот...
Еди Бернејз...гаден тип...

А и либерализмот како феномен одлично се вклопува во шемата...мотивирајќи го фрик-шоуто...бидете различни...само купувајте све и плаќајте данок...
 
Сетете се на билбордиве за Superbrands, кои се насекаде околу градот, со нивното мото: Брендовите ти даваат карактер (поттекст: без нив го немаш)

Примеров ти е одличен.Нема потреба од додатни коментари.

Еди Бернејз...гаден тип...

Човеков не да е гаден , има еден документарец за него , одличен е се вика The Century of the self , баш се работи за се што зборите во темава.
Го имам постирано и на форумов , ама слабо интерес.

Интересна држава ми е Јапонија, толку се работливи и успешни (мравки), но се чуствуваат заробени во тој нивен конформизам на успех, па вештачки си земаат било какви улоги во општеството ,за да бидат признаени како индивидуи, дури толку е чудно , што важен е само визуелниот приказ , како изгледаат , што почудно , тоа послободно , иако не придаваат голема важност кон таа субкултура и идеологија , што ја прифаќаат , да речеме металци , кога некој од тука би гледал , би рекол тоа се се еден куп позери.
Почудно е кога , историјата ни прикажува дека таму постоеле самураи со нивните кодекси на чест и харикири.
 
Целата финта е што помалку да трошиш. Оти општиот тренд на потрошувачкото општество е да имаш куповна моќ, да трошиш и така ќе биде за најголемиот број луѓе, тие ќе се сметаат за аут и сиромашни оти немаат куповна моќ, но финтата е да спознаеш што стварно ти треба да ги разделиш вистинските од лажните потреби и да не ти гајле што ќе речат другите.
 
Да, изгледа дека тоа е единствениот начин. Иако во денешно време е тешко...не е невозможно...

Напомена околу домументарецот The Century of the Self...и литерарните достигнувања на Еди Бернејз...кој сака да ги изгуби сите илузии околу денешново разбирање на индивидуалноста и личниот избор нека го гледа и чита. Кому му е попријатно да не ги губи илузиите околу тоа - нека го избегнува и филмот и книгите како вампир што бега од лук!
Непознато човече тој Еди, а веројатно највлијателна личност во последниве 70-80 години...
 
Само ке се надоврзам на она кое ада го вели пошто комплетно се слагам . Значи правилото на фармацевтите е дека секој лек е и отров а секој отров е и лек ...
Еден од првите знаци дека прогресот се користи против нас е фактот дека маин стрим културата ги маргинализира и потоа проголтува вредностите на екстремните суб култури ...

Се сеќавам на едно време кога например на пирсовите се гледаше како табу и тоа беше големо „зло“ , Металците беа наркомани и ги немаше по Мтв а истото важеше и за тоа што сега го викаат емо ...а тогаш ние простите ги викавме даркери замисли ... Значи прво ткавите групи беа маргинализирани достепен на искоренување ... за наеднаш точно оние кои предходно ги маргинализираа да ги сервираат како „Кул“ али во многу по организирана и контролирана варианата ... И во крајана сметка веке не се израз на идивидуланост туку е само залепена етикета врз нешто кое некогаш било индивидуалност.

Значи гледајте и на општеството во кое живееме ... и рагледајте ги сегашните падови во морални вредности во споредба на пример со 20 тите години од дваесети век , поствоениот период ( битовата и рок’н’ролл културите ) па после и 80 тите ...
Јас ке го земам битовиот период и битнците кои во 50 тите беа маргинализирани ,прогласувани за одпадници и комунисти , за 10 години покасно да бидат во ново пакована варианта наречена хипици . Да ама хипиците дури се бореа за права и крај на војните американската влада успеа преку мафијата да ги уништи синдикатите , да убие прецедател бидејки не се слагаше со државната политика , да воведе катастрофални промени во здравството итн итн итн итн ... Да ама мачкаја очи со хипиците и војната во виетнам ... Стариот илузионистички трик одвлекуваш внимание , и додека сите гледаат таму каде си им го насочил вниманието никој не го заприметува слонот кој ти го вадиш од зад завесата ...

Исто се дешаваше и кај нас во 90 тите ... додека нашето внимание беше одвлечено на друга страна ( војните во југославиа , „ново откриениот“ мултипартиски систем , кич културата увезена од србиа итн итн итн итн ) некој успеа да ги уништи сите придобивки на социализмот , фабриките , синдикатите , безплатното образование ,безплатното здравство итн итн итн ...

Епа сега додека ние се грижиме да ли ке има геј парада во скопје или дали ке ни го сменат името ... сигурно нешто друго се дешава во позадина кое далеку пострашно од тоа кое го гледаме .

А зошто исчезнале такви големи индивидуи ... па за да станат маченици и да ги носиме на маици без да знаеме ништо за нив .
 
Тоа со парадите и кучињата и пиењето во парк е добар пример за дефокусирање на кое ретко кој (ни јас) не е имун...

А проблемот не е толку во исчезнувањето на индивидуите од калиброт на Че туку што не се појавуваат нови...освен запатистите од Чиапас...или квази народните јунаци од типот на Чавез/Моралес/Кастро...
 
Каков е вашиот став спрема промените кои се случуваат во денешново општество?

Дали сте за традиционални вредности (семејство,работа,вера,поредок или било која компонента која се смета за традиционална)
или сте ориентирани кон новите вредности кои во последниве 20-тина години се наметнуваат (пред се од медиумите) како отвореност,прогресивност,западни вредности...

Во поново време сите традиционални вредности се предизвикани,од нормализација на истополовиот секс,права на животните,разни егзотични начини на живот,веганизам и разни њу-ејџ правци, а сите тие со голема медиумска застапеност.

Дали се работи за криза на традиционалните вредности или уште еден бран на помодарство?
Пред 20-30 години вакви појави би биле карактеризирани како Фрик-Шоу а денес се прифаќаат (иако не секаде)...како нормални...

Прашањето е дали се сметате себеси за традиционални или модерни/прогресивни и зошто?

Од овие работи што ги наброја особено сум за она што самиот го болдирав и зацрвенив и мислам дека тоа нема врска со помодарство. И не би се дефинирал ниту како прогресивен ниту модерен ниту традиционалист туку како отворен.

Затоа што е цикличен процес, не може да збориме за праволиниски прогрес. Тоа е јасно само по себе.
Всушност и реков, многу од нештата набројани во почетоков од темава се апла чин на регресија.

Капитализмот (конкретно во америка) сеуште, пред својот електорат, фура квази-десничарски вредности.
Преку мас-медиумите и потребата од профит пак, фаворизира квази-индивидуализам и морално релативизирање.
Затоа е и контрадикторен систем на тешка хипокризија и декаденција, особено кога се работи за моралните вредности.
Не може да си дозволи да постави етички норми или да се држи цврсто до некои вредности. На тој начин сериозно си го ограничува пазарот, т.е профитот.
Од друга страна, што повеќе декаларативно подржува "индивидуализам", се повеќе има простор за пласирање на најразноразни непотребни глупости, кои наводно те диференцираат како посебна индивидуа.
Сетете се на билбордиве за Superbrands, кои се насекаде околу градот, со нивното мото: Брендовите ти даваат карактер (поттекст: без нив го немаш)

И, она што ми е најинтересно, е баш оној квази индивидуализам и либерализам, кој дава илузија на слободен избор, кога реално го нема.
Имаш само брдо на готови слики и симболи за тоа што и кој треба да бидеш и преку нив да се "градиш".
Така, можеш да бидеш на "веселата кока-кола страна на животoт"..."да бараш повеќе како пепси"..."да бидеш розево кул Парис Хилтон" или "хард кор кул Лили Ален"...само кажи, ние ќе ти сместиме готов модел, да си го купиш.

И да се вратам на темава...Се рушат индивидуалните идентитети (додека те лажат дека уствари стануваш посебен), се рушат етичките вредности (затоа што не идат заедно со профитот и пласманот на производи)...нормално дека ќе имаш збунети луѓе, со кризи на идентитет, кои мислат дека ако се избушат или претвора во подвижно сликарско платно, ќе станат посебни.

Тој систем кој го опиша создава збунети луѓе но мислам дека повеќе создава површни луѓе кои немаат време да размислуваат а има и некои кои доброволно се штедат од размислување оти така им е полесно. Мислам дека ова повеќе е карактеристично за америка. Мислам во земјите каде една група луѓе е преоптоварена со профит а друга со плаќање сметки и враќање долгови едноставно се нема време за размислување и едноставно се прифаќа она што е наметнато од оние кои се платени да наметнуваат. Дури и за човек свесен за тоа многу е тешко да се дистанцира и создаде свој автентичен систем на вредности.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom