Прогрес или Freak-show ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Toecutter
  • Време на започнување Време на започнување

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Веб-сајт
ygeneration99.blogspot.com
Каков е вашиот став спрема промените кои се случуваат во денешново општество?

Дали сте за традиционални вредности (семејство,работа,вера,поредок или било која компонента која се смета за традиционална)
или сте ориентирани кон новите вредности кои во последниве 20-тина години се наметнуваат (пред се од медиумите) како отвореност,прогресивност,западни вредности...

Во поново време сите традиционални вредности се предизвикани,од нормализација на истополовиот секс,права на животните,разни егзотични начини на живот,веганизам и разни њу-ејџ правци, а сите тие со голема медиумска застапеност.

Дали се работи за криза на традиционалните вредности или уште еден бран на помодарство?
Пред 20-30 години вакви појави би биле карактеризирани како Фрик-Шоу а денес се прифаќаат (иако не секаде)...како нормални...

3398397688_342ca00f4c.jpg

Истополова "љубов"

piercings4.jpg

Украсување на лицето - израз на креативност

piercings.jpg

Пирсингот како бунтовништво

extreme-tattoos-006.jpg

Уметноста на тетовирањето

0,,5764652,00.jpg

Германски овчар - неонацист (неговиот газда сигурно)

dog_fashion_82007.jpg

Модно освестен пес

Прашањето е дали се сметате себеси за традиционални или модерни/прогресивни и зошто?
 
Традиционалист сум до некоја мера. Ред, поредок, вера, интегритет, гордост, храброст, оддржување на свето дадениот збор. А ова другово гола вода е сето никој нема да им речи браво затоа, додека пак за претходно опишаните работи луѓето честитаат, се восхитуваат и те почитуваат многу, ова од лично искуство го знам.
 
Пирсањето, тетовирањето, нео-нацизмот, се повеќе регресија, отколку нешто прогресивно.
Истополовата љубов, постоела отсекогаш (ова отсекогаш малку релативно, али да речеме еве од антиката).
Веганството исто постои многу многу одамна (а се популаризира на запад последниов половна век, поради фасцинацијата од источната мисла).

Немаме некои особено нови трендови, имаме само мас медиуми кој безмалку еден век се бог и батина, и кои рециклираат идеи.
Имаме контрадикторен општествен систем, a.k.a капитализам, кој од една страна кокетира со десничарски вредности, а од друга страна, ради пазарната економија, фаворизира деструктивен индивидуализам.
Конечно, имаме нов историски циклус. После многу, многу години, тарпаво наметни христијански догми, човештвото прави ревизија и си бара алтернатива.
Цикличен процес, како многу други низ времето.
 
да цикличен процес но сепак е далеку од прогрес.

еве мас медиа-та намерно удира по такви точки од едноставна причина популарност гледаност ПРОФИТ....овде имаме предвид и да се позитивни одредени работи и негативни....медиумите сите ги ставаат во ист кош:toe:

едноставно не оставаат простор за да се направи објективна проценка:toe:
 
Ова е безумие, не е прогрес. Прво всушност, треба да внимаваме кога правиме муабет за вредности, оти многу се манипулира/себеси се манипулираме со тенденцијата да ги псотавиме работите како апсолутни наспроти релативни.
Кои се тие традиционални вредности наспроти прогресивните?
Вредностите се сржта на човекот, на неговата личност. Ако нив ги повредиш, ја повредуваш личноста.
Традиционална вредност била жената да остане дома, да биде сопруга, мајка и домаќинка. Со текот на времето, оваа вредност морала да се менува: бидејќи созрева човекот, созрева и времето/т.е. општеството. Не било веќе прифатливо да се стискаат и ограничуваат потенцијалите и енергијата на жената, таа морала да се избори да се оствари себеси повеќе од она што традицијата и дозволувала, т.е. да почне да работи, да учи, да придонесе во општеството повеќе од само остварување на женска репродуктивна улога. Тоа било прогрес. Меѓутоа, прогресот кога нема да застане на највисоката точка, се враќа назад бидејќи кругот се затвара. Некои жени се изедначуваат со мажите, забораваат на, ја губат женственоста, и женските карактеристики во однесувањето, во мислењето, во доживувањето, во се. Тоа не е прогрес.

Е во таа смисла, ова горе не е прогрес. Прогрес е се додека знаеш зошто нештото го правиш, и тоа ти прави смисла и има вредност за тебе. Па така имаме хомосексуалност поради парада, не поради траен сексуален нагон.Пирсање по цело лице и тело и редење со метал поради преголема доза на себеагресивност и порив за себеповредување повеќе отколку поради украсување- додека порано имале и културни, обредни причини за тоа, симболика.
Овие горе не знаат, не се свесни што прават и зашто тоа го прават. И Исус така рече, прости им Господе, не знаат што прават.
 
Либерализмот и толеранцијата аксцелерираат од година во година се повеќе и повеќе. А тоа е јатаган со две оштрици. Кога човека е ограничен како на пример низ вековите преку црквата, феудалните и робовладетелски тирани, а во неодамнешната историја преку легислативни рамки и нормативни принципи кои се повеќе се неприфатливи за денешниве генерации, тогаш е ограничена и неговата слободна волја и општественото делување кое може да биде креативно и конструктивно или деструктивно, неморално па дури и злобно. Од една страна имаме дејци како Салман Ружди кој бидува протеран од неговата земја поради неговиот оштар тон на спротиставување на религиозните догми и социјалниот систем. Неговиот пример е од оние позитивните зошто треба да се прифатат новите вредности. Меѓутоа имаме мал милион примери на блуд, разврат, феномени кои се толерираат а далеку се од морални, како на пример формирање на здруженија на педофили за кои нормално виновни се модерните трендовски психологии. Така да слободоумието ги носи и двете иако мое мислење е дека повеќе носи регресивни идеологии. Тоа што сепак го сметам за позитивно од целата ситуација е смалувњето на лицемерието бидејќи сите оние што авторот на темава ги вика фрик-шоуа постоеле одсекогаш само биле инкогнито. Кога веќе стануваат отворени бидејќи практикантите на истите се ослободуваат од лисиците дека ќе бидат прогонувани или осудувани од средината, тоа на индивидуалецот му дава почиста слика за како стојат работите што му помага во интеракцијата со другите како и во неговото делување и поставување према тие луѓе, формирање на пријателства, стапување во љубовни врски, одбирање на работни позиции итн...
 
Nema progres nikako osvemn tehnoloski koj ide kon sebeunistuvanje na civestvoto!
Eticki, moralen progres nema no ima regres se e poloso i lugeto se dobri samo za sebe.
Koga svetot ke stane najlos mozen svet e toas ke prestane da postoi!
 
е добро де со регрес не може да стане полош од тоа што бил:toe:

друга работа технолошкиот развој не алудира директно на негова злоупотреба...тоа сепак зависи од низа фактори

на крај краеви не можеме нуклеарната енергија да ја направиме негативна кога е благодет.
 
Немаме некои особено нови трендови, имаме само мас медиуми кој безмалку еден век се бог и батина, и кои рециклираат идеи.
Имаме контрадикторен општествен систем, a.k.a капитализам, кој од една страна кокетира со десничарски вредности, а од друга страна, ради пазарната економија, фаворизира деструктивен индивидуализам.
Конечно, имаме нов историски циклус. После многу, многу години, тарпаво наметни христијански догми, човештвото прави ревизија и си бара алтернатива.
Цикличен процес, како многу други низ времето.

Капитализмот повеќе се офајди со левичарските вредности...носат повеќе профит...индивидуализмот меѓу масите се пласира од медиумите како индивидуален избор меѓу кока-кола и пепси или мекдоналдс и бургер-кинг.
Тука е прашањето на медиумите...како најмоќна сила за моделирање на денешново општество...

да цикличен процес но сепак е далеку од прогрес.

еве мас медиа-та намерно удира по такви точки од едноставна причина популарност гледаност ПРОФИТ....овде имаме предвид и да се позитивни одредени работи и негативни....медиумите сите ги ставаат во ист кош:toe:

едноставно не оставаат простор за да се направи објективна проценка:toe:

Да, обично удираат на емоции...не оставајќи му на аналитичкиот дел од мозокот рационалност...но истата шема ја фурале религиите...само во аналогна форма.

Ете!

kill_your_tv001500x375.JPG

Друга функција е што фрик-шоуто добива улога на диверзија...за масата да не размислува за некои теми...вниманието се фокусира на шунд педерско-вегетаријански проблематики...кои засегаат минорен процент од населението...ако воопшто го засегаат.

Во целата гужва некои традиционални вредности имаат позитивна улога, но се потешко опстануваат.

Не било веќе прифатливо да се стискаат и ограничуваат потенцијалите и енергијата на жената, таа морала да се избори да се оствари себеси повеќе од она што традицијата и дозволувала, т.е. да почне да работи,

Сега е роб на капиталистот и профитот наместо роб на домот. Прогрес? Роб си е роб. Мажите отсекогаш биле роб на капиталистот. Алекс Џонс тврди дека правата на жените биле инспирирани од потребата за нивно оданочување...
 
е добро де со регрес не може да стане полош од тоа што бил:toe:

друга работа технолошкиот развој не алудира директно на негова злоупотреба...тоа сепак зависи од низа фактори

на крај краеви не можеме нуклеарната енергија да ја направиме негативна кога е благодет.
Регрес е обратно од прогрес, значи ако не иде напред иде назад иде на полошо, значи може да стане полош од што бил, примери имаш купишта, загаденост, глобално затоплување, опасни болести...

секојпат напредокот се злоупотребува, ниеден криминалец не измислил пиштол,
Нуклеарната енергија колку е благодет толку е и можна злоупотребата преку нуклерни бомби...
уствари светот е напреднат во иста мера во која е уназаден...
сега имаш интернет, секакви чуда ако се посматраат од аспект на минатото
но имаш неуизлечиви болести, јадеш загадена и контаминирама храна, се е загадено, имаш глобално затоплување, опасни болести, се умира без врска, од страшни тумори леукемии, ракови...
и порано имало но факт е дека не било исто бидејќи загадувањето не било толкаво, немало толку популација, немало толку техника и со самото тоа помалку загадување, уствари светот бил почист, сега наједноставно не можеш здраво да живееш.
Од јадење до пшиење, се тие прскано со хемикалии, со отрови, уствари научниците тие егзактните колку го унапредија светот толку го сјебаа, зашто? Затоа што не знаеја дека напредокот секогаш може да се злоупотреби.
 
добро тоа но научниците не верувам да иновирале со цел да уништат,нормално има случаи кога 50-сетите британски научници за да добијат од САД нуклеарна технологија го разменија најопаснот нервен гас...ама тоа алудира на општествен проблем,односно на системска грешка.

на крај краеви и Алфред Нобел не планирал динамитот да разнесува луге ама за жал:toe:
 
Е во таа смисла, ова горе не е прогрес. Прогрес е се додека знаеш зошто нештото го правиш, и тоа ти прави смисла и има вредност за тебе. Па така имаме хомосексуалност поради парада, не поради траен сексуален нагон.Пирсање по цело лице и тело и редење со метал поради преголема доза на себеагресивност и порив за себеповредување повеќе отколку поради украсување- додека порано имале и културни, обредни причини за тоа, симболика.
Овие горе не знаат, не се свесни што прават и зашто тоа го прават. И Исус така рече, прости им Господе, не знаат што прават.

Да...индивидуалноста без креативност е само потрошувачка...

Либерализмот и толеранцијата аксцелерираат од година во година се повеќе и повеќе. А тоа е јатаган со две оштрици. Кога човека е ограничен како на пример низ вековите преку црквата, феудалните и робовладетелски тирани, а во неодамнешната историја преку легислативни рамки и нормативни принципи кои се повеќе се неприфатливи за денешниве генерации, тогаш е ограничена и неговата слободна волја и општественото делување кое може да биде креативно и конструктивно или деструктивно, неморално па дури и злобно. Од една страна имаме дејци како Салман Ружди кој бидува протеран од неговата земја поради неговиот оштар тон на спротиставување на религиозните догми и социјалниот систем. Неговиот пример е од оние позитивните зошто треба да се прифатат новите вредности. Меѓутоа имаме мал милион примери на блуд, разврат, феномени кои се толерираат а далеку се од морални, како на пример формирање на здруженија на педофили за кои нормално виновни се модерните трендовски психологии. Така да слободоумието ги носи и двете иако мое мислење е дека повеќе носи регресивни идеологии. Тоа што сепак го сметам за позитивно од целата ситуација е смалувњето на лицемерието бидејќи сите оние што авторот на темава ги вика фрик-шоуа постоеле одсекогаш само биле инкогнито. Кога веќе стануваат отворени бидејќи практикантите на истите се ослободуваат од лисиците дека ќе бидат прогонувани или осудувани од средината, тоа на индивидуалецот му дава почиста слика за како стојат работите што му помага во интеракцијата со другите како и во неговото делување и поставување према тие луѓе, формирање на пријателства, стапување во љубовни врски, одбирање на работни позиции итн...

Порано имало циркуси Сајд-шоу...жена со брада,џин,кепец,сијамци,хермафродити и други појави...си плаќаш карта и гледаш сеир...сега не треба да плаќаш карта...прајм тајм ТВ...
пак некој заработува...џери спрингер...квизови откриј ја вистината...

е добро де со регрес не може да стане полош од тоа што бил:toe:

друга работа технолошкиот развој не алудира директно на негова злоупотреба...тоа сепак зависи од низа фактори

на крај краеви не можеме нуклеарната енергија да ја направиме негативна кога е благодет.

Техничкиот прогрес е веројатно единствен...свеста не се развива со такво темпо. Луѓто немаат време...парадокс, при толку машини да ни го олеснат животот.

Регрес е обратно од прогрес, значи ако не иде напред иде назад иде на полошо, значи може да стане полош од што бил, примери имаш купишта, загаденост, глобално затоплување, опасни болести...

секојпат напредокот се злоупотребува, ниеден криминалец не измислил пиштол,
Нуклеарната енергија колку е благодет толку е и можна злоупотребата преку нуклерни бомби...
уствари светот е напреднат во иста мера во која е уназаден...
сега имаш интернет, секакви чуда ако се посматраат од аспект на минатото
но имаш неуизлечиви болести, јадеш загадена и контаминирама храна, се е загадено, имаш глобално затоплување, опасни болести, се умира без врска, од страшни тумори леукемии, ракови...
и порано имало но факт е дека не било исто бидејќи загадувањето не било толкаво, немало толку популација, немало толку техника и со самото тоа помалку загадување, уствари светот бил почист, сега наједноставно не можеш здраво да живееш.
Од јадење до пшиење, се тие прскано со хемикалии, со отрови, уствари научниците тие егзактните колку го унапредија светот толку го сјебаа, зашто? Затоа што не знаеја дека напредокот секогаш може да се злоупотреби.

Тоа што денес има неизлечиви болести е резултат не на технолошкиот развој туку на капиталиситчките односи во медицината.
Порано се умирало од настинка,грип,чума,колера,дезинтерија,вариола вера...кои денес се шега...некогаш страв и трепет. Нив ги победила техниката и медицината...
Светот бил почист, точно но животниот век многу помал.
 
У секој случај не е ништо идеално и не иде кон боље него кон бетер, оти да идеше кон боље до сеа требаше во рајот да бидеме.
 
да цикличен процес но сепак е далеку од прогрес.

еве мас медиа-та намерно удира по такви точки од едноставна причина популарност гледаност ПРОФИТ....овде имаме предвид и да се позитивни одредени работи и негативни....медиумите сите ги ставаат во ист кош:toe:

едноставно не оставаат простор за да се направи објективна проценка:toe:
Затоа што е цикличен процес, не може да збориме за праволиниски прогрес. Тоа е јасно само по себе.
Всушност и реков, многу од нештата набројани во почетоков од темава се апла чин на регресија.

Капитализмот повеќе се офајди со левичарските вредности...носат повеќе профит...индивидуализмот меѓу масите се пласира од медиумите како индивидуален избор меѓу кока-кола и пепси или мекдоналдс и бургер-кинг.
Тука е прашањето на медиумите...како најмоќна сила за моделирање на денешново општество...
Капитализмот (конкретно во америка) сеуште, пред својот електорат, фура квази-десничарски вредности.
Преку мас-медиумите и потребата од профит пак, фаворизира квази-индивидуализам и морално релативизирање.
Затоа е и контрадикторен систем на тешка хипокризија и декаденција, особено кога се работи за моралните вредности.
Не може да си дозволи да постави етички норми или да се држи цврсто до некои вредности. На тој начин сериозно си го ограничува пазарот, т.е профитот.
Од друга страна, што повеќе декаларативно подржува "индивидуализам", се повеќе има простор за пласирање на најразноразни непотребни глупости, кои наводно те диференцираат како посебна индивидуа.
Сетете се на билбордиве за Superbrands, кои се насекаде околу градот, со нивното мото: Брендовите ти даваат карактер (поттекст: без нив го немаш)

И, она што ми е најинтересно, е баш оној квази индивидуализам и либерализам, кој дава илузија на слободен избор, кога реално го нема.
Имаш само брдо на готови слики и симболи за тоа што и кој треба да бидеш и преку нив да се "градиш".
Така, можеш да бидеш на "веселата кока-кола страна на животoт"..."да бараш повеќе како пепси"..."да бидеш розево кул Парис Хилтон" или "хард кор кул Лили Ален"...само кажи, ние ќе ти сместиме готов модел, да си го купиш.

И да се вратам на темава...Се рушат индивидуалните идентитети (додека те лажат дека уствари стануваш посебен), се рушат етичките вредности (затоа што не идат заедно со профитот и пласманот на производи)...нормално дека ќе имаш збунети луѓе, со кризи на идентитет, кои мислат дека ако се избушат или претвора во подвижно сликарско платно, ќе станат посебни.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom