Купив екс-бокс пред едно 3 години, али немање хаде-реди телевизор и немање време резултираше со неиграње на истиот.
Па се изгњавив тотално со купуење кабли и триста чуда да го прикључам на пи-си, али немањето време остана главен фактор за понатамошно неиграње.
Енивеј, дојдов деновиве до ха-де реди ТВ, па решив да го рехабилитирам екс-боксот.
Купуем игра и коа оно неќе да ја пушта.
Продавачот на играта ми рече дека Мајкрософт константно ги апгрејдува заштитите, а со тоа и чиповите требало нон-стоп соодветно да се апгрејдуваат или пречипуваат (или нешто слично). Исто ми рече дека од пред три години до сеа два-три пати тоа се десило. И тоа отприлика би била причината што неќе да ми пушта нови игри.
Ја рака на срце задњи игри што ги имам ми се Дед Спејс, Вива Пињата и Фифа'09(ваљда беше)....
Ме интересира дали ова е точно, според вас и колку отприлика се наплаќа за оваа "операција"?