Xbox360 гејмери

Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Ова го има уште од првата верзија на 360ката. И го имаат сите 360ки. Оптичката порта за звук доаѓа со компонентниот кабел, значи се наоѓа на излезот. Откако излегоа новите конзоли со ХДМИ приклучок, ако некој сакаше аудио преку оптички излез требаше посебно да го купи компонентниот кабел, а пред тоа компонентниот кабел одеше заедно со конзолата.

Како и да е, добро си објаснал. Cheers.
А може они вака комотно "да се ебат у гз"? :)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.931
Поени од реакции
12.320
Е па во тоа е поентата, ErT.
Кај обичниот Xbox 360 мораш дополнително да го купиш кабелот, а кај новиот Xbox 360 S си ја имаш оптичката аудио порта која доаѓа со самата конзола и кај двете изданија на Xbox 360 S, и само си го поврзуваш професионалното озвучување директно со конзолата, без да мораш да купуваш дополнително други кабли и триста и кусур тракатанци.
Ако гледаме од гледна точка што има, а што нема, како што забележа убаво во, буквално рефератот за новиот Xbox 360 S, тогаш исто како да нема никакви промени кај новиот Xbox 360 S.
Ако си сакаш безжично мрежно поврзување, и кај обичниот Xbox 360 можеш да се снајдеш така што дополнително ќе мораш да купиш USB безжична мрежна картица.
Ако си сакаш хард диск, или ако веќе имаш хард диск, но сакаш поголем хард диск, и кај обичниот Xbox 360 можеш да се снајдеш така што дополнително ќе мораш да купиш нов хард диск.
Ако си сакаш поврзување со професионално озвучување, и кај обичниот Xbox 360 можеш да се снајдеш така што дополнително ќе мораш да купиш компонентен кабел.
Ако сакаш да си ја спасиш конзолата од умирачка, и кај обичниот Xbox 360 можеш да се снајдеш така што дополнително ќе мораш да купиш кулер.

Но поентата е во тоа дека кај новиот Xbox 360 S, сите тие компоненти доаѓаат со конзолата и не мораш дополнително да купуваш и да се снаоѓаш.
Освен ако го купиш изданието на Xbox 360 S со сопствена меморија со капацитет од 4GB, а подоцна одлучиш да и вградиш хард диск на конзолата, единствено за тоа ќе мораш дополнително да купиш нов хард диск.
Тоа се основни компоненти.
А дополнителни компоненти ти се вториот џојстик, далечинскиот управувач, волан, инструментите за Guitar Hero и за Rock Band и триста и кусур тракатанци кои што, се разбира, ќе мораш дополнително да ги купиш.
Но што се однесува до основните компоненти, факт е тоа дека основните компоненти кај Xbox 360 S ти доаѓаат со конзолата, додека кај обичниот Xbox 360 мораш дополнително да ги купуваш истите.
Јас воопшто не реков дека истите не се достапни за обичниот Xbox 360, туку само реков дека не доаѓаат со обичниот Xbox 360.

И ќе повторам, освен основните компоненти, исто така и намалената големина и просторот кој го зафаќа конзолата, како и тивкото работење, помалото греење и полесното ладење се предности кои што го ставаат новиот Xbox 360 S пред неговиот претходник, обичниот Xbox 360.
 

ErT

Console Dude
Член од
17 ноември 2007
Мислења
2.208
Поени од реакции
265
Да де, јас не реков нешто. Само те поправив затоа што спомна дека само кај некој специјални изданија го имало тоа. Јас зедов 360ка кога излезе, и тогаш доаѓаше заедно со компонентниот кабел, значи оптички излез имаше :). На тој компонентен кабел ги има и обичните AV кабли :).
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.931
Поени од реакции
12.320
Точно, но не сите изданија на обичниот Xbox 360 доаѓаат со компонентен кабел.
Поентата е во тоа дека Мајкрософт, Сони, Нинтендо и сите други фирми кои се занимаваат со производство на конзоли, понекогаш ги продаваат со дополнителни кабли, понекогаш без дополнителни кабли.
Ете на пример, едно време сите Xbox 360 и сите PlayStation 3 конзоли доаѓаа со HDMI кабел, а денес мислам дека ниту една од тие конзоли не доаѓа со HDMI кабел.
Ти си имал среќа, кога си го купил твојот Xbox 360, истиот дошол со компонентен кабел.
Но други ја немале твојата среќа, па морале дополнително да се снаоѓаат.
Џабе се објаснуваме.
Еве баш пред некој ден татко ми донесе 2 нови ДВД плеери, па одлучувавме кој ќе го купиме, а кој ќе го вратиме.
Едниот беше Samsung, а другиот LG.
Samsung ДВД плеерот си дојде најкомотно со AV кабли за поврзување со телевизор, а LG ДВД плеерот си дојде без истите тие потребни кабли.
Го купивме Samsung ДВД плеерот, но не бидејќи дојде со AV каблите, туку бидејќи LG ДВД плеерот го прикажуваше DivX преводот со многу мали букви, а Samsung ДВД плеерот го прикажува DivX преводот со букви со доста задоволителна големина, а баксуз и кај двата ДВД плеера е тоа што не можеш да им ја конфигурираш големината на буквите на преводот.
Исто така, Samsung ДВД плеерот што го купивме има и SCART порта, што значи дека може да се поврзе со телевизор и преку SCART кабел, додека LG ДВД плеерот што го вративме немаше SCART порта.
Ако го одберевме LG ДВД плеерот, ќе моравме дополнително да се снабдуваме со AV кабли, но ете ние ја имавме таа среќа бидејќи го одбравме Samsung ДВД плеерот.
А тие кои што ќе го купат LG ДВД плеерот ќе мораат дополнително да се снабдат со потребните AV кабли и нема да ја имаат нашата среќа.

Тоа е поентата.
Понекогаш доаѓа со се што ти треба, а понекогаш не доаѓа и мораш дополнително да се снаоѓаш.

Конкретно, кај новиот Xbox 360 S си ги имаш оптичката аудио порта за поврзување со професионално озвучување, безжичната мрежна картица, големиот кулер, и можеш да бираш дали ќе го купуваш изданието со 4GB сопствена меморија или изданието со 250GB сопствен хард диск.
А кај обичниот Xbox 360 за сите овие компоненти мораш дополнително да се снаоѓаш, освен за хард дискот, под услов конзолата што си ја купил да дошла со мемориска картичка или со хард диск.
 

Woofer

I'm a very neat monster.
Член од
21 април 2010
Мислења
854
Поени од реакции
325
Wow декстер фала за објаснувањето и огромниот текст, јас секако би го земал новиот xbox да имаше излезено хак али ете team xecuter сеуште не го објавиле за сите да може да го хакнеме, затоа ако го објават наредна недела најкасно ке го земам новиот а ако не тогаш елитот, мене разлика ми прави само хард дискот и новото ладење, за вграден wireless немам потреба зошто имам пуштено мрежен кабел во дневна а и не планирам да го користам за live ако играм само пиратски копии, и може ли некој да ми каже дали игрите се 1080p или само 720p па се гледаат лошо на 1080p LCD исто така има ли некои игри со DTS и DD 5.1 звук?
 

ErT

Console Dude
Член од
17 ноември 2007
Мислења
2.208
Поени од реакции
265
Wow декстер фала за објаснувањето и огромниот текст, јас секако би го земал новиот xbox да имаше излезено хак али ете team xecuter сеуште не го објавиле за сите да може да го хакнеме, затоа ако го објават наредна недела најкасно ке го земам новиот а ако не тогаш елитот, мене разлика ми прави само хард дискот и новото ладење, за вграден wireless немам потреба зошто имам пуштено мрежен кабел во дневна а и не планирам да го користам за live ако играм само пиратски копии, и може ли некој да ми каже дали игрите се 1080p или само 720p па се гледаат лошо на 1080p LCD исто така има ли некои игри со DTS и DD 5.1 звук?
Игрите скоро сите се со 720п резолуција. На 360ката не знам кои игри се фул хд (1080п), бидејќи немам фул хд телевизор. Немај гајле, 720п ќе се гледа супер на 1080п телевизор. Чим подржува уште поголема резолуција од 720п, за 720п не треба ни муабет да правиме.

Сите игри имаат Долби Дигитал 5.1 звук. Досега не сум сретнал 360 игра со ДТС звук. Највероватно причината е малиот простор на дуал лејер дискот.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.931
Поени од реакции
12.320
Woofer, секако дека секоја Xbox 360 конзола, а ова важи и за обичниот Xbox 360 и за новиот Xbox 360 S, се додека има HDMI порта за поврзување со телевизор преку HDMI кабел, теоретски има поддршка за сите HD резолуции, се додека телевизорот со кој конзолата е поврзана преку HDMI кабелот има поддршка за истите тие HD резолуции.
И двете изданија на новиот Xbox 360 S, како и Elite и Super Elite изданијата на обичниот Xbox 360 доаѓаат со сопствена HDMI порта.
Уште една новост кај новиот Xbox 360 S што заборавив да ја спомнам во мојот, буквално реферат за новиот Xbox 360 S, е Kinect портата што се наоѓа на задната страна на конзолата, со која што се овозможува жично поврзување со Kinect сензорскиот уред, но тоа и не е баш најважно, бидејќи истиот уред, доколку некогаш воопшто одлучиш да го купиш, доаѓа со кабел кој ти овозможува да го користиш и кај било кое издание на обичниот Xbox 360.
А доколку нема поддршка за некоја HD резолуција, Мајкрософт кај Xbox 360, Сони кај PlayStation 3, Нинтендо кај Nintendo Wii, и сите останати производители на конзоли, се додека истите имаат HDMI порта за поврзување со телевизор преку HDMI кабел, со текот на времето ќе најдат решение за било кој таков проблем со некој нов update за своите конзоли, се разбира, доколку и конзолите хардверски се подготвени за таквите измени.
А што се однесува до озвучувањето, сето тоа зависи исклучиво од видео играта. Во главно сите видео игри имаат поддршка за Dolby Digital, а DTS досега сум слушнал дека го имало само кај видео игрите за PlayStation 3, бидејќи истите се снимени на BluRay диск, а не на DVD диск, додека видео игрите за Xbox 360 се снимени на DVD диск, и тоа претставува проблем, поради немањето доволно меморија на DVD дискот.

Но како и да е, Woofer, доколку одлучиш дефинитивно да купуваш Elite или Super Elite издание на обичниот Xbox 360, тогаш земи распрашај се и побарај на Интернет каков кулер би можел да и вградиш на конзолата и како бидејќи, верувај ми, прегревањето и маната Red Ring Of Death, уште попозната под кратенката RROD, се две срања кои што можат да ти помогнат што е можно поскоро да се ослободиш од конзолата по пат на фрлање на истата во ѓубре, откако ќе биде веќе покојна.
Мислам дека има начин да поставиш надворешен кулер, кој однадвор ќе внесува свеж воздух во конзолата и ќе ја лади, па така нема да мораш да ја отвораш конзолата за да вградиш внатрешен кулер и да си ја поништиш гаранцијата.
Имено, сите Xbox 360, PlayStation 3 и Nintendo Wii конзоли, а ова важи и за новите Slim изданија на Xbox 360 и на PlayStation 3, доаѓаат со внатрешна или надворешна (зависи) налепница на производителот на конзолата, која што, при отворањето на конзолата, се оштетува, па ако конзолата ти се расипе, па ја однесеш на поправка, откако ќе забележат дека налепницата е оштетена од порано, ќе ти ја поништат гаранцијата, а ќе забележат верувај ми.
Па затоа, наместо да ја отвораш конзолата и да вградуваш внатрешен кулер, можеш да си најдеш алтернативно решение и да поставиш надворешен кулер, и ем конзолата добро ќе се лади, ем гаранцијата нема да ти се поништи.

Ако дефинитивно купуваш Elite или Super Elite издание на обичниот Xbox 360, тогаш задолжително распрашај се и побарај на Интернет надворешен кулер за конзолата, како и упатство како да го поставиш, за добро да ја лади истата, верувај ми ќе ти треба.
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Не знам зошто толку зборувате за прегревање на XBox-овите, кај Falcon плочите да се прегреваа, али кај Jasper нема гајле. Имам дома XBox 360 Elite со Jasper плоча и после 6-7 саати играње не е загреан значително, тоа и со Мацот гледавме. Така да не мора толку да се плашите од прегревање, тоа е голем проблем кај старите XBox-ови, те. кај тие со Falcon плочи.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.931
Поени од реакции
12.320
Точно, но сепак подобро да се спречи, отколку да се лечи.
Да, си работи супер, ништо не му фали, не се грее премногу, ама што си е сигурно сигурно си е.
Не измислуваме топла вода, Цацко веќе ја измисли, ајде кај него да се тушираме (Е не мајка ти го измисли... разбираш :D).
 

ErT

Console Dude
Член од
17 ноември 2007
Мислења
2.208
Поени од реакции
265
Точно, но сепак подобро да се спречи, отколку да се лечи.
Да, си работи супер, ништо не му фали, не се грее премногу, ама што си е сигурно сигурно си е.
Не измислуваме топла вода, Цацко веќе ја измисли, ајде кај него да се тушираме (Е не мајка ти го измисли... разбираш :D).
Ако го ставиш во хоризонтална положба и го кренеш неколку сантиметри (дрвени ногалки нешто) за да циркулира воздухот, нема гајле. Првиот премиум ми се заеба, али овој новиов (не е Џаспер), тера... па мислам поминаа 18 месеци. Така да нема потреба од надворешни кулери, читав дека со нив можеш уште повеќе да го заебаш.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.931
Поени од реакции
12.320
Па основно, обичниот Xbox 360 е направен за да се користи вертикално стоечки, а не хоризонтално лежечки, бидејќи треба да влегува и излегува воздух низ дупките на горниот и долниот крај на конзолата кога е поставена вертикално стоечки.
А од друга страна, новиот Xbox 360 S е направен за да се користи хоризонтално лежечки, благодарејќи на новиот голем внатрешен кулер, кој внесува свеж воздух низ отворот над него, а го изнесува топлиот воздух низ страничните отвори на конзолата. Но при користење во хоризонтална лежечка позиција, новиот Xbox 360 S е магнет за прашина која што ќе биде вшмукувана од големиот кулер. И при користење во вертикална стоечка позиција ситуацијата би била слична, но не и иста. Многу повеќе прашина би влегла доколку новиот Xbox 360 S се користи во хоризонтална лежечка.
 

ErT

Console Dude
Член од
17 ноември 2007
Мислења
2.208
Поени од реакции
265
Па основно, обичниот Xbox 360 е направен за да се користи вертикално стоечки, а не хоризонтално лежечки, бидејќи треба да влегува и излегува воздух низ дупките на горниот и долниот крај на конзолата кога е поставена вертикално стоечки.
А од друга страна, новиот Xbox 360 S е направен за да се користи хоризонтално лежечки, благодарејќи на новиот голем внатрешен кулер, кој внесува свеж воздух низ отворот над него, а го изнесува топлиот воздух низ страничните отвори на конзолата. Но при користење во хоризонтална лежечка позиција, новиот Xbox 360 S е магнет за прашина која што ќе биде вшмукувана од големиот кулер. И при користење во вертикална стоечка позиција ситуацијата би била слична, но не и иста. Многу повеќе прашина би влегла доколку новиот Xbox 360 S се користи во хоризонтална лежечка.
А имаш ли видено ти каде има дупки на основата 360ка? Го чував јас вертикално првиот и се заебав... Има и од лево (на таа страна која што стои кога е во вертикална положба) и од десно. Затоа како што реков најдобро е да се крене неколку сантиметри на некакви ногалки, во хоризонтална положба.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.931
Поени од реакции
12.320
Знам, имам богато корисничко и малку модификаторско хардверско и софтверско искуство, конкретно со модификување на firmware - от на DVD-ROM - от за да пушта пиратски копии од видео игри и имам гледано како поставуваат дополнителни кулери, немам искуство во поставувањето на кулерите, ама зборувам за лично искуство, не за искуство преку Интернет.

Ти велам, на Мајкрософт со оваа ревизија на Xbox 360 со новиот Xbox 360 S им влегол памет во глава.

Јас лично го немам видено новиот Xbox 360 S, но имам пријатели кои што се враќаат од САД за едно месец дена, едниот од нив има Elite издание на обичниот Xbox 360, а двајца други на враќање по пат во Британија ќе купат нови Xbox 360 S конзоли за нив, бидејќи нели, во САД се применува NTSC, а во Европа, а со тоа по автоматизам и во Македонија, се применува PAL стандард. Таму на Хитроу аеродромот во Лондон ќе прават пауза и нашле некоја продавница која што е овластен дилер на Мајкрософт, недалеку од аеродромот, па од таму ќе си купеле.
Тој што има Elite издание на обичниот Xbox 360 вели дека новиот Xbox 360 S е многу потивок од неговиот и не се грее како неговиот, ама тој го полни со музика, слики и филмови, па затоа нормално е да брмчи и да се грее, ама овие другиве двајцава што ќе си купат Xbox 360 S конзоли на враќање велат дека новиот Xbox 360 S е навистина подобар од обичниот Xbox 360, а баш тие двајцата ти се зависници од Xbox 360, кај овој третиов што има Elite издание на обичниот Xbox 360 отекуваат деноноќно играјќи FIFA, VirtuaTennis и Guitar Hero, така да, имам доста доверба во нив кога пресудуваат по нивното искуство.
Се разбира, не го земам во предвид само нивното мислење, земам во предвид и други мислења, а мнозинството, нешто над 80% велат дека прашање на време е додека да почнат да ги огласуваат обичните Xbox 360 конзоли што ги имаат за продажба и да преминат на новиот Xbox 360 S.

А што се однесува до ногарките за обичниот Xbox 360, и за тоа треба да го прашаме Цацко.
Кога веќе успеа да измисли топла вода, да земеме да го прашаме за измислување и на ногарките :D

--- надополнето ---

Упатство за преместување на хард диск од обичен Xbox 360 во нов Xbox 360 S:


Мислам, не е некое изненадување, секако дека порано или подоцна ќе се најдеше начин да се премести хард дискот од старата во новата конзола, ама сепак, вреди да се види.

Најсигурно со текот на времето ќе се најде и начин да се премести DVD-ROM со веќе хакнат firmware од обичен Xbox 360 во новиот Xbox 360 S, така што, со самото преместување на DVD-ROM - от, новиот Xbox 360 S би требало да работи со пиратски копии од видео игри.

Ваквиот обид се препорачува, се разбира, за луѓе кои што поседуваат расипани обични Xbox 360 конзоли, но со исправни DVD-ROM - ови со хакнат firmware.

На пример, ако конзолата умрела од Red Ring Of Death (RROD), можеби DVD-ROM - от и понатаму е жив и исправен, а тоа може лесно да се провери со тестирање на DVD-ROM - от на компјутер, на крајот на краиштата, станува збор за обичен DVD-ROM кој се поврзува преку SATA кабел, и доколку е жив и исправен, ќе си работи без никаков проблем на компјутер.

Прашањето е: Дали ќе работи во друга конзола, и тоа не баш во било која друга конзола, туку во новиот Xbox 360 S ?

Менувањето на вратичката и на маската за да се прилагоди физички во новиот Xbox 360 S не е некоја голема филозофија, ама дали ќе работи е прашањето.

--- надополнето ---

Бидејќи ми доцни кликерот, дури сега ми текна да спомнам дека новиот Xbox 360 S исто така доаѓа и со 2 USB 2.0 порти повеќе, што го зголемува вкупниот број на USB 2.0 порти од 3 на 5.
 

Woofer

I'm a very neat monster.
Член од
21 април 2010
Мислења
854
Поени од реакции
325
Го нарачав елитот треба на 10 да ми го донесат :) Е сеа дајте некоја страна за игри симнување (торенти) пошто на замунда нема многу а на torrentday download ratio ми падна под 1 и сега не можам да симнувам :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom