Знам, имам богато корисничко и малку модификаторско хардверско и софтверско искуство, конкретно со модификување на firmware - от на DVD-ROM - от за да пушта пиратски копии од видео игри и имам гледано како поставуваат дополнителни кулери, немам искуство во поставувањето на кулерите, ама зборувам за лично искуство, не за искуство преку Интернет.
Ти велам, на Мајкрософт со оваа ревизија на Xbox 360 со новиот Xbox 360 S им влегол памет во глава.
Јас лично го немам видено новиот Xbox 360 S, но имам пријатели кои што се враќаат од САД за едно месец дена, едниот од нив има Elite издание на обичниот Xbox 360, а двајца други на враќање по пат во Британија ќе купат нови Xbox 360 S конзоли за нив, бидејќи нели, во САД се применува NTSC, а во Европа, а со тоа по автоматизам и во Македонија, се применува PAL стандард. Таму на Хитроу аеродромот во Лондон ќе прават пауза и нашле некоја продавница која што е овластен дилер на Мајкрософт, недалеку од аеродромот, па од таму ќе си купеле.
Тој што има Elite издание на обичниот Xbox 360 вели дека новиот Xbox 360 S е многу потивок од неговиот и не се грее како неговиот, ама тој го полни со музика, слики и филмови, па затоа нормално е да брмчи и да се грее, ама овие другиве двајцава што ќе си купат Xbox 360 S конзоли на враќање велат дека новиот Xbox 360 S е навистина подобар од обичниот Xbox 360, а баш тие двајцата ти се зависници од Xbox 360, кај овој третиов што има Elite издание на обичниот Xbox 360 отекуваат деноноќно играјќи FIFA, VirtuaTennis и Guitar Hero, така да, имам доста доверба во нив кога пресудуваат по нивното искуство.
Се разбира, не го земам во предвид само нивното мислење, земам во предвид и други мислења, а мнозинството, нешто над 80% велат дека прашање на време е додека да почнат да ги огласуваат обичните Xbox 360 конзоли што ги имаат за продажба и да преминат на новиот Xbox 360 S.
А што се однесува до ногарките за обичниот Xbox 360, и за тоа треба да го прашаме Цацко.
Кога веќе успеа да измисли топла вода, да земеме да го прашаме за измислување и на ногарките
--- надополнето ---
Упатство за преместување на хард диск од обичен Xbox 360 во нов Xbox 360 S:
Мислам, не е некое изненадување, секако дека порано или подоцна ќе се најдеше начин да се премести хард дискот од старата во новата конзола, ама сепак, вреди да се види.
Најсигурно со текот на времето ќе се најде и начин да се премести DVD-ROM со веќе хакнат firmware од обичен Xbox 360 во новиот Xbox 360 S, така што, со самото преместување на DVD-ROM - от, новиот Xbox 360 S би требало да работи со пиратски копии од видео игри.
Ваквиот обид се препорачува, се разбира, за луѓе кои што поседуваат расипани обични Xbox 360 конзоли, но со исправни DVD-ROM - ови со хакнат firmware.
На пример, ако конзолата умрела од Red Ring Of Death (RROD), можеби DVD-ROM - от и понатаму е жив и исправен, а тоа може лесно да се провери со тестирање на DVD-ROM - от на компјутер, на крајот на краиштата, станува збор за обичен DVD-ROM кој се поврзува преку SATA кабел, и доколку е жив и исправен, ќе си работи без никаков проблем на компјутер.
Прашањето е: Дали ќе работи во друга конзола, и тоа не баш во било која друга конзола, туку во новиот Xbox 360 S ?
Менувањето на вратичката и на маската за да се прилагоди физички во новиот Xbox 360 S не е некоја голема филозофија, ама дали ќе работи е прашањето.
--- надополнето ---
Бидејќи ми доцни кликерот, дури сега ми текна да спомнам дека новиот Xbox 360 S исто така доаѓа и со 2 USB 2.0 порти повеќе, што го зголемува вкупниот број на USB 2.0 порти од 3 на 5.