Македонија пред банкрот

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Решение е само аранжман со ММФ...
Не може да биде решение скапото задолжување. Или тоа е решение само на краток рок.
Објаснето е многу убаво погоре зошто не можеме да се задолжуваме премногу, иако сме среднозадолжени. И алиби да ни биде тоа што Грците и други се многу позадолжени.
Един аражман со ММФ ке донесе многу непопуларни мерки за владата.
Намалуване на трошоци,може да има покачуване на даноци,намалуване на буджетскиот дефицит, нова брана невработени от намалуване на администрациjaта, покачуване на взраста за пензиониране, здравствена реформа и уште и уште...
Да каматите ке са ниски за држвата,но условите за това ке са баш тежки.

Еве видете Романиja. Таа направи аражман со ММФ за 20 милиарда евро и што? Натераха ja да направи намалуване на плати 25% и пензии 15%.Вдигане на ДДВ.Намалуване на администрациja и штедене на пари.
Па видете Србиja- направи аражман со ММФ. Таа не може да удржи динара. Последно НБС продаде невероватните 100 милиона евро,за да "зачува" курса на динара.Ако не се лажам вдигнаха и те ДДВ. Алармира се занамалуване на пензии,плати...

Единствениот изход е брзи раформи и намалуване на администрациja и вработени во државните институции.Штедене,штедене и пак штедене,докато не се стигне возможно наjнисок буджетен дефицит.Привлекуване на странски инвестиции, стимулиране на фирмите да излизат на трети пазари.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Нема на нас да ни наметнат такви услови како намалување на плати за 25% и пензии за 15% и слично, како што е тоа случај со Романија...
Таквиот аранжман би ја принудил владата да се однесува поодговорно... а ќе го покриеме дефицитот со кредити со ниски камати...

А може и без аранжман, но ние имаме рекорден буџет најголем во историјата, владата е постојано како во предизборна кампања и рекордниот дефицит го покриваме со еврообврзници со камата од 10% и со задолжување кај домашните банки. Барем средствата да се трошеа продуктивно во енергетика и инфраструктура, а не во нови партиски вработувања во администрација и споменици...
Но во економијата нема бесплатен ручек и сметката ќе дојде порано или подоцна.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
50% od mladinata nevraboteni???? drugite vrabotenite nisaat vrata zemaat plata vo administracija i izmisleni proekti ili OBEZBEDUVAAT nekogo i nesto??? proizvod koj moze da se prodade pravat samo zemjodelcite koi edinstveni r'mbaat i cat-pat po nekoj zabegan koj ne veruva deka sportska kladilnica e spasot???? pa sto sakate be, do sega trebase da se ubiete......ili da ubiete nekogo...sto mladina ke bese ova??? :)
Зарем не приметуваш каква младина се создава низ годините,еве ваква:
Гледа некој од вас вести?
Мислам со ова темпо треба кампањата „имај трето дете“ да ја изменат во „немојте да раѓате деца“

--- надополнето ---

Но во економијата нема бесплатен ручек и сметката ќе дојде порано или подоцна.
Прекрасна реченица,прекрасна.

Со делот за ммф не се согласувам,денес можеме без нив,ни треба штедење за кое зборувам од почетокот.Или барем во продуктивни да одат како што велиш,децата наши да не плаќаат за џабе.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Нема на нас да ни наметнат такви услови како намалување на плати за 25% и пензии за 15% и слично, како што е тоа случај со Романија...
Таквиот аранжман би ја принудил владата да се однесува поодговорно... а ќе го покриеме дефицитот со кредити со ниски камати...

А може и без аранжман, но ние имаме рекорден буџет најголем во историјата, владата е постојано како во предизборна кампања и рекордниот дефицит го покриваме со еврообврзници со камата од 10% и со задолжување кај домашните банки. Барем средствата да се трошеа продуктивно во енергетика и инфраструктура, а не во нови партиски вработувања во администрација и споменици...
Но во економијата нема бесплатен ручек и сметката ќе дојде порано или подоцна.
И што те кара да мислиш,дека условите за вас ке бидат подобри от тези на Романиja или Србиja?
Лично jaс никога не сум харесвал ММФ заштото знам как деjстват и налагат своите ставове,но ако не сакаш ММФ да ти заиграе во двора,мора да имаш храброст сам да намалиш трошоците си и то многу за да можеш да преминеш кризата,а не да наjaвуваш 8 милиарда инвестиции или проекти за милиони евро от државата,без да знаеш от каj ке ги земеш парите,а и кога си се задолжил за да платиш пензии на граганите си.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
македонија и б'лгарија не се исто... во вашата држава и во нашата владеат тотално различни закони и правила.. па така и однсот на ММФ према нас и према вас не е ист...

а дали треба да се има нов аранжман со ммф во моментов е добро прашање... јас мислам дека ТРЕБА да се има, зашто овие нашиве треба некој да ги врати во колосек колку толку... цака се крдо, одврзани од синџир и пуштени во трагање по печурки...
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
македонија и б'лгарија не се исто... во вашата држава и во нашата владеат тотално различни закони и правила.. па така и однсот на ММФ према нас и према вас не е ист...

а дали треба да се има нов аранжман со ммф во моментов е добро прашање... јас мислам дека ТРЕБА да се има, зашто овие нашиве треба некој да ги врати во колосек колку толку... цака се крдо, одврзани од синџир и пуштени во трагање по печурки...
Определено нема да са истите односите на ММФ,заштото и икономиките и проблемите ни не са исти. Не знам за вас,но тук тврдо нема да се користи ММФ,това е веке доста пати наjaвено.
Но мора да си сигурен,дека првото нешто,което ке посакат от вас е намалуване на администрациjaта и намалуване на дефицита почти до 0
Види какви услови поставува ММФ на балканските држави и биди сигурен,дека ке са слични... нема да са со голема разлика.
 

Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
507
Поени од реакции
288
ММФ се лихвари од најголем ранк. Не само што ќе ги вратиме парите со камата туку ке мораме да ги вратиме на начин кој тие ќе ни кажат. Ако се сеќавате во 90 години земавме кредит од ММФ за да го вратиме стариот кај нив, и така само го до зголемивме долгот. ММФ е светска банка и знајме кој стои зад неа, па зато би било паметно да избегаваме задолжување кај нив.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Определено нема да са истите односите на ММФ,заштото и икономиките и проблемите ни не са исти. Не знам за вас,но тук тврдо нема да се користи ММФ,това е веке доста пати наjaвено.
Но мора да си сигурен,дека првото нешто,което ке посакат от вас е намалуване на администрациjaта и намалуване на дефицита почти до 0
Види какви услови поставува ММФ на балканските држави и биди сигурен,дека ке са слични... нема да са со голема разлика.
Има голема разлика... На пример Романија има буџетски дефицит од 10% од БДП и ништо не е чудно што им поставуваат такви услови...
Кај нас дефицитот е предвиден да биде 2,5 од БДП но сигурно е дека ќе биде повисок ако нешто не се преземе. А за кратење има доста ставки од кои што може да се крати како онаа за договорни услуги...
Но тоа би било предмет на преговори... Во секој случај ако се задолжуваме подобро е тоа да го направиме кај ММФ...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
ММФ се лихвари од најголем ранк. Не само што ќе ги вратиме парите со камата туку ке мораме да ги вратиме на начин кој тие ќе ни кажат. Ако се сеќавате во 90 години земавме кредит од ММФ за да го вратиме стариот кај нив, и така само го до зголемивме долгот. ММФ е светска банка и знајме кој стои зад неа, па зато би било паметно да избегаваме задолжување кај нив.
Ако во 92 и 93 не склучивме аранжман со ММФ,на стапка инфлација од 1995% немаше денес да постои Р.М.
Лихвари се,лоши се,знаеме кој дневници ги земаат и слични ствари,но ММФ треба да се признае имаше големо учество во градењето на нашата држава.Со помош на ММФ од 0 девизни резерви стасавме до 800 милиони и конечно воспоставивме каков таков монетарен систем.Од банки загубари,преминавме во нов банкарски систем,кој низ годините се надградуваше.Имаше еден систем,се случи ТАТ и системот се надгради.Денес ужива најголема доверба.Е сега монетарниот ни го изградија (имаме стабилна валута),но од друга страна имаат голем минус.Дозволија да се случи невидената приватизација во светски рамки со амин од власта и имаме трауми :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
ММФ се лихвари од најголем ранк. Не само што ќе ги вратиме парите со камата туку ке мораме да ги вратиме на начин кој тие ќе ни кажат. Ако се сеќавате во 90 години земавме кредит од ММФ за да го вратиме стариот кај нив, и така само го до зголемивме долгот. ММФ е светска банка и знајме кој стои зад неа, па зато би било паметно да избегаваме задолжување кај нив.
Едонставно она што олигарсите или соц. директорите не успејаа или не сакаа да го присвојат од не знам кои причини, овие институции го дотолчија.
Тие се делумно виновни за оние фирми кои останаа неприватизирани...во периодот на т.н. доприватизација поставија услов за брза ликвидација на фирмите и бркање на работниците на улица, со неможност истите да се исплаќаат (како помош) од буџетот. Заради воглавно се јави проблемот со тие загубари, со здравството, обрзаованието...иницијалните каписли на лошите неадекватни реформи ги подготвија токму ММФ и/или СВ Банка

2002ММФ веќе одлучи да суспендира дел од отплатата на помошта за Македонија. Тоа е нивен начин да је притиснат владата да се врати во офанзивата против работниците.
Постојат и други проблеми за работничката класа. Посебно се истакнува прашањето на 40 „загубари“ кои вработуваат 37 илјади работници. ММФ договорил со владата за секоја од фирмите кога се затвора, да се добие одредена сума на пари. Тоа е она што го нудат: мизерна исплата за отпуштање на работници.
ФЕСАЛ аранжманот е склучен за затворање на 24 вакви „загубари“. Ама, сите аранжмани слични на ФЕСАЛ до сега пропаднаа. Претходниот за исплата на 75 милиони долари во замена за затворање на 12 најголеми „загубари“ пропадна.
Така, влада е под притисок од две страни. На едната се македонските работници кои притискаат за подобрување на нивните животни услови, а на другата страна капиталистите, банкарите и империјалистите притискајќи кон подлабоки резови во здравството, работата, платите и пензиите. Тоа е рецепт за нови бранови на работничка борба во иднината. Фактот што работниците овој пат ја принудија владата на отстапки, им ја покажа нивната сопствена сила. Врз основа на новата доверба, работниците ќе постават нови барања.
Доколку, проблемиве не се решат, тогаш чудовиштето на етничко секташтво ќе се вратат. Господата од ММФ и нивните локални слуги, како Георгиевски, само се во потрага кон зголемување на профитот за привилегирната елита. Работниците мораат да им покажат дека постои и друг пат.
Македонската влада кон крајот на месецот треба да го потпише стенд-бај аранжманот со ММФ. Меѓутоа, ММФ бара од владата поагресивна политика во решавањето на проблемот со загубарите. Тоа е услов и за повлекување на втората транша од фејсал-аранжманот со Светската банка во износ од 20 милиони долари.
2003
Една од главните сугестии што ги добила македонската влада при неодамнешниот престој на експерти од Светската банка е дека Македонија мора да води поагресивна политика при решавањето на преостанатите загубари. Поконкретно, тоа значи дека владата не смее да им исплаќа плати на работниците кои ќе останат без работа од ликвидираните компании, туку нивниот статус треба да се решава преку социјални програми преку кои ќе се отвораат нови работни места. По добивањето на втората транша Македонија веднаш треба да се фокусира врз решавањето на статусот на преостанатите 14 загубари меѓу кои поголеми се Рудниците „Саса“, „Тораница“ и ФАС „11 октомври“, „Злетово-Топилница“, НИП „Нова Македонија“, „Силика“, „Македонка“ и „Астибо“. Дел од овие компании се веќе ликвидирани, а дел ќе треба да се продадат по пат на меѓународен тендер, за што владата веќе има ангажирано странски консултант.

Инаку, Македонија досега од фесал аранжманот ја има добиено само првата транша во висина од 10 милиони, а неисплатени остануваат уште две рати од по 20 милиони долари. Од ветените пари неисплатени остануваат: грантот од холандската влада во висина од 17 милиони долари, грантот од 16 милиони долари од Аерика, 26 милиони евра од Европската Унија и 25 милиони долари од Светската банка за реформи во администрацијата. Најголемиот дел од овие средства се условени со потпишувањето на стенд-бај аранжманот со ММФ.
Социјални проблеми
Батлер во писмото до своите колеги потсетува дека едно од предизборните ветувања на Владата било дека ќе се обиде да го убеди ММФ да прифати Закон за загубарите, со кој вработените во овие компании кои имаат над 55 години старост и над 25 години стаж ќе добијат право на целосна пензија.
"Според постојниот закон, возраста за пензионирање е 64 години за мажи и 62 за жени, мажите мора да имаат 40 години стаж, а жените 38 години стаж. Ноемвриската мисија на ММФ остро се спротивстави на оваа идеја, а Владата успеа да ги смири синдикатите до втората мисија на ММФ", се вели во дописот.
Владата се согласи на еуфемистички наречениот "Бранков закон", што нуди иницијативи за да ги поттикне компаниите да вработат невработени лица.
ММФ смета дека овој закон е лош, бидејќи не е јасно какви нето-ефекти ќе има врз вработеноста. Освен кај компаниите што растат и им се потребни нови работници за поддршка на тој раст, овој закон всушност може да предизвика претпријатијата да ги заменат постојните работници само за да заштедат 40% од трошоците за плати.
Што предвидува "Бранковиот закон"?
Ако компанијата вработи некој кој бил невработен 18 месеци или повеќе, и чија основна плата е под 8.000 денари, три месеци по вработувањето на компанијата ќе и бидат рефундирани пензиските и здравствените придонеси и персоналниот данок платен за тој работник. Програмата има горна граница од 700 милиони денари годишно, и би траела вкупно 24 месеци. Бројот на месечни придонеси исплатени на компанијата зависи од тоа колку месеци остануваат од првичниот 24-месечен период, кога работникот бил вработен.
Батлер потсетува дека СДСМ се обидел со варијанта на овој закон за време на првиот мандат, но ова се покажало како целосен неуспех. "Беа вработени 40.000 работници, кои беа отпуштени веднаш штом престанаа олеснувањата за фирмите" се вели во писмото.

Владата по којзнае кој пат се обврзала на воведување трезорски систем за контрола и наплата
За да ги "затне" дупките од кои течат пари, Владата се согласи да имплементира трезорски систем. Според постојниот систем, не постои контрола врз обврските на министерствата, ниту врз начинот на кој всушност се трошат буџетските средства.
"Трезорскиот систем, кој под својот домен ќе ги стави сите јавни фондови, ќе подразбира Министерството за финансии (МФ) да ги одобри сите трошоци".
Наплатата на даноците, особено од фирмите и персоналниот данок, исто така беше проблем, како и доцнењето во наплатата на ДДВ. Минатата година, Министерството за финансии ги задолжи сите претпријатија да инсталираат фискални машини што во нивните интерни мемории ќе зачуваат петгодишна историја на сите трансакции и ќе им овозможат на даночните инспектори да спроведуваат периодични ревизии. Досега, помалку од 10% од сите претпријатија ги имаат инсталирано овие машини.
Еве на кои следни реформи се согласила Владата на Бранко Црвенковски при договарањето на стенд-бај аранжманот со ММФ:
Прво, банките ќе можат да одобруваат кредити во странска валута. Овој потег може да ги намали каматните стапки за кредитите, притоа зголемувајќи ги каматите кај депозитите
Второ, Македонската банка за поддршка на развојот ќе биде преструктуирана за да се фокусира врз промоција на извозот и гаранции за извозните операции.
Трето, триесет фирми-загубари ќе бидат решени до крајот на 2003, што ќе овозможи да се добие последната транша на ФЕСАЛ 2.
Четврто, ќе биде создаден гарантен фонд за мали и средни претпријатија, финансиран преку донаторска помош.
Петто, целокупната активност за поддршка на малите и средните претпријатија треба институционално да се поедностави, и треба да биде раководена од професионалци и банкари, а не од Министерството за економија.
Шесто, пазарот на труд ќе стане пофлексибилен преку намалување на надоместоците за невработените од 18 на 14 месеци, како и сведување на платите за принудно заминување во пензија на еден месец плата за секои три години стаж, наместо досегашните две години.
"ММФ и Владата се согласија дека законите за децентрализација треба да се усвојат до крајот на 2003, и дека новата територијална поделба ќе се одвива паралелно со фискалната децентрализација. Фискалната децентрализација што вклучува директни приходи како данокот на имот и дозволите треба да се одвива брзо, додека за другите приходи ќе биде потребно подолго време за одлука", се вели во писмото на Батлер до Пауел.
Со други зборови ММФ уценува и уништува економии многу повеќе отколку што придонесува(доста полемики се водат во врска со латино и азиските земји каде овие институции не само што доживеале неуспех, туку се полемизира и за падот и неуспехот на нивните економии со погрешно одбрани модели на економски реформи)
Кај нас и здравството и обрзаованието имаат воглавно проблем откако се започна со некоиси реформи, а по сугестија и под водство на експерти од СБ и/или ММФ.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.903
Нема на нас да ни наметнат такви услови како намалување на плати за 25% и пензии за 15% и слично, како што е тоа случај со Романија...
Таквиот аранжман би ја принудил владата да се однесува поодговорно... а ќе го покриеме дефицитот со кредити со ниски камати...

А може и без аранжман, но ние имаме рекорден буџет најголем во историјата, владата е постојано како во предизборна кампања и рекордниот дефицит го покриваме со еврообврзници со камата од 10% и со задолжување кај домашните банки. Барем средствата да се трошеа продуктивно во енергетика и инфраструктура, а не во нови партиски вработувања во администрација и споменици...
Но во економијата нема бесплатен ручек и сметката ќе дојде порано или подоцна.
Ти сеуште веруваш дека ММФ е "добротворна организација"... Ја мислам дека ММФ е најголем лихвар во светот,ти даваат пари на заем,а после ти ја контролираат економијата и ти фактички зависиш од нив,ти доаѓа некој деген секој месец и ти ја крои капата и ти соли памет.. Пресметај колку држави во Европа склучуваат аранжмани со ММФ, и тие што склучуваат тоа го прават во крајна нужност.. ММФ е нужно зло.
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Многу добро е напишано во постот над мене што значи ММФ и што ни направи ММФ, како не уценуваше и како се мешаше во внатрешната политика. Владава би можела попродуктивно да ги искористува средствата и без нивната „експертска“ помош. Мешањето на ММФ во внатрешната политика може само да ја намали нашата независност и да ги зголеми социјалните тензии. А последиците врз надворешната политика би биле поголеми имајќи ја предвид деликатната ситуација околу проблемот со името. Па сега не сме во криза, имаме стабилен курс, средно задолжени сме, додека нашите соседи се дават во долгови, незнам која е потребата од ММФ.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Информации врзани за ММФ и балканските држави -јужниот сосед, Бугарија, Романија, Србија и Албанија

ММФ почна да ги задушува балканските држави

За разлика од односот кон Грците, ММФ кон Романците имаше булдожерски пристап, иако тие имаат каква-таква индустрија, пониски трошоци за работна сила, што сé уште е нивна предност во привлекување инвестиции, и многу понизок долг. Како и во сите екссоцијалистички земји, и Романците имаат проблем со корупцијата, но се чини Грците се убедливи шампиони и во оваа категорија. Зошто тогаш ЕУ не ги спасува и нивните плати, кои се четири пати помали од грчките, е прашање што на романскиот работник само му се наметнува
без штедење нема да се средат состојбите, но штедење во сегменти каде нема да се одрази и на така малиот стандард на работникот/граѓанинот.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
ММФ се дерикожите и крвопијците на хазарската ѓаволска банда и со нив не треба ни добарден да се прави, само пу-пу, тресење јака, брзи куси молитви.... и многу лук...
Посебно не мала и национално осетлива држава, во која едвај виреат последните примероци на Македонскиот народ.
Проблемот е што ние веќе тешко да испилиме државници кои се доволно умни, образувани и лично храбри за да го спасат тоа што останало да се спаси.
Такви на моја голема жалост НЕ ГЛЕДАМ!!
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Много правилно рече citro_love : " ММФ е нужно зло. "
Кога владите немат сила да спроведат непопуларни реформи,а са во криза и немат пари-ММФ е тоja,коjто им "помага" да ги спроведат са мал диктат,но срешту пари.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom