Перење мозок (Mind control)

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Перење мозок е многу често употребуван термин, дури и на форумов е споменат икс пати па ајде да видиме што во реалноста тоа претставува.

Има многу проекти кои не се веќе тајна од двете страни на Атлантикот за разно-разни техники и програми за масовна контрола и манипулација.

Еден од нив е проектот Артичока (Project ARTICHOKЕ) од ЦИА во 50-те години чија крајна цел била субјектите да се доведат до целосна контрола, дури до таа мера да го отфрлат природниот нагон за опстанок и да ги исполнат барањата кои му се поставени (убиства,масакри,кражби, по потреба и самоубиство). Во овој проект биле користени хипноза, морфиум и негови деривати, обиди за перење мозок во состојби на апстиненцијална криза, вештачко создавање амнезија и други методи.
Во овој проект освен ЦИА, се вклучиле и експерти од армијата,морнарицата и воздухопловството.
Искуствата добиени од овој проект се подоцна вклучени во злогласната програма МК-УЛТРА.

Има два основни вида техники за манипулација, психолошки и хемиски. Во првиот се користат разни психички техники за контрола на субјектот, а во вториот хемиски средства за менување на перцепцијата и контрола.

Ваквите техники на големо се користат и во цивилниот сектор и имаат голема улога во економијата со тоа што ги убедуваат широките народни маси да купуваат производи кои воопшто не им требаат. Со појавата на масовните медиуми во почетокот на 20-от век кој се совпаѓа со развојот на психологијата како наука се создаваат услови за злоупотреба од широки размери.

Оличен пример е тутунската индустрија во САД во 20-те каде се користат техники за привлекување на жените кон цигарите со пропагирање теорија за рамноправност меѓу половите со цигарата како симбол на женска еманципација. Психологот и внук на Фројд, Едвард Бернејз раководел со оваа програма и се смета за пионер во оваа област.

Други примери има во верските секти и култови каде талентирани поединци за голема моќ на манипулација се во состојба да го контолираат однесувањето на стотици луѓе.

Најдобар вовед во темава е цитат од книгата на споменатиот Едвард Бернејз - Пропаганда (1928) - каде пионерот на масовната манипулација лично укажува за што се работи. Неговите изјави имаат кредибилитет, натерал милиони жени да почнат да пушат (цигари,де) и не се работи за некаква СФ теорија на завери.

The conscious and intelligent manipulation of the organized habits and opinions of the masses is an important element in democratic society. Those who manipulate this unseen mechanism of society constitute an invisible government which is the true ruling power of our country. ...We are governed, our minds are molded, our tastes formed, our ideas suggested, largely by men we have never heard of. This is a logical result of the way in which our democratic society is organized. Vast numbers of human beings must cooperate in this manner if they are to live together as a smoothly functioning society. ...In almost every act of our daily lives, whether in the sphere of politics or business, in our social conduct or our ethical thinking, we are dominated by the relatively small number of persons...who understand the mental processes and social patterns of the masses. It is they who pull the wires which control the public mind.

Покана до сите кои зборувале за перење мозок да се произнесат на темава!
Изволте...
 
Член од
18 август 2008
Мислења
680
Поени од реакции
34
Имаше вчера на НАША ТВ една емисија за масоните,каде еден кинески делегат се обраќа на интервју, притоа цело време не гледаше ниту во соговорникот ниту во камерата туку клатеше глава као некој да му држи конци.

:pos2::pos2:
 
R

RAYTHEON23

Гостин
психолошките се поопасни посебно бидејки таргетираат на одредена популација со одредени карактеристики!!!!

наравоучение!!!!

не дозволувајте клипој да ви го менуваат начинот на живеење и размислување:vozbud:
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
И мене ми го испраа мозокот купи компјутер приклучи интернет и... :).
Никој не може со сила да натера некој нешто да сака или нејќи. Има една наша позната поговорка со сила убавина не бива, така да сите обиди за убиства, самоубиства преку магичното нешто наречено хипноза пропаѓаат, и тоа се приказни за мали деца и за холивудските филмови.
За да некој сака некој производ доволно е само тој производ цело време пред очи да му го ставаш, да му привлекува внимание на човек, така работи Coca Cola, упс :nesum:.

А бе чекај темава имала контрола на ум донаслов не знаев :).
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Mnogu obemna tema Toecutter ...

Mnogu tehniki ima za mind control ili perenje mozok ili za masovna manipulacija na lugeto

iljadnici knigi ,videa i audio zapisi go dokazuvaat ova !

Iljadnici covecki zivoti se izgubeni ( fizicki i psihicki)vo eksperimentite na razuznavackite agencii kako CIA,Mossad,KGB,.. proekti kako Sibirski vetar,MK Ultra,Mandzuriski kandidat (Sirhan Sirhan -->covekot koj go ubi Robert Kenedi) LSD eksperimenti.....

za mene mediumskata mind control brainwashing tehnika mi e najinteresna ..znaci igra na zborovi ..manipulacija so vesti ....

eve eden svez primer za kaj nas :

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=111232

znaci naslovot e bombasticen i e vo totalna sprotivnost so tekstot podolu ...voopsto nemalo teroristicki napad vo Praga ..toa e slucajno ispukana stara bomba

ke se navratam na temata so MNOGU poveke informacii koga ke imam poveke vreme
 
Член од
22 јуни 2009
Мислења
89
Поени од реакции
3

Vaka perenje mozok se koristi iu civilstvo nasekade, posebno vo postkomunisticki zemji kako sto e MK!
Zastapeno e vo psiholoska tehnika-Strav i Pritisok.
Toa e vojnicka tehnika u komunizmot kade se kontrolirala vojskata t.e.vojnicite nikoj da nemoze da misli poinaku-"nema da ima vreme za sebe".
Taa tehnika e primeneta vo Skopje vo mnogu organizacii, partii, firmi i drustva.
Imeno pokraj ovaa tehnika na Strav i Pritisok se koristat i drugi metodi za kontrola. Imeno so Strav se kontrolira mozokot no ne i cuvstvata. So gnevot se dobiva sila-energija koja se koristi vo rabotniot proces da bide pogolem-poucinkovit itn.
Pokraj kontrolata so tehniki se koristi i kontrolata so magii, toa e fizicka kontrola na teloto i na karmata. so toa lugeto sakaat nesto no nemozat da go ostvarat i nisto ne im uspeva kako treba.
Momentalno cel narod e vo nekoja spirala koja ja kontrolira nekoj??? golemec i se zbori i trca u prazno (te mesto). Toa e kontrola!
Spiralata namesto vo Eu i Nato se usmeri kon ime, crkvi, plostadi, itd..
Temava e super megutoa treba da se otkrijat kontrolorite-LUDI GLAVI!
Suste vo MK nekoj saka se da kontrolira, kako u Feudalizmot da sme.
Koja e taa druzina?
koja e taa organizacija?
koi se tie masoni, lozi, sekti, komunisti, nadrealisti, sto se?
GOSPOD e toj sto resva SE a NE LUGETO, site se isti so isto IQ.
GOSPOD ke gi kazni tie sto pokusavat da se nad se.
GOSPOD ke im kaze koga ke dojde denot.
AMIN
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Го гледав документарецот од ББЦ, што си го ставил во филмови тема,нема ниеден пост...
Бернејз е споменат, има и интервју со него, типот живеел 104 години...
Во документарецот се само цивилно перење мозок со целни групи, мкултра и такви не се споменуваат. Сепак добар материјал.

психолошките се поопасни посебно бидејки таргетираат на одредена популација со одредени карактеристики!!!!
точно, и затоа многу повеќе буџет имаат психолошките техники.

И мене ми го испраа мозокот купи компјутер приклучи интернет и... :).
Никој не може со сила да натера некој нешто да сака или нејќи. Има една наша позната поговорка со сила убавина не бива, така да сите обиди за убиства, самоубиства преку магичното нешто наречено хипноза пропаѓаат, и тоа се приказни за мали деца и за холивудските филмови.
За да некој сака некој производ доволно е само тој производ цело време пред очи да му го ставаш, да му привлекува внимание на човек, така работи Coca Cola, упс :nesum:.

А бе чекај темава имала контрола на ум донаслов не знаев :).
Арно шо не знаеле многу луѓе дека нема перење мозок. Џим Џоунс натерал 936 души во смрт, да пијат цијанид со сок 1978 во Гвајана...
Факт. Или масовното самоубиство на 102 члена на сектата Ред на соларната порта 1997...во Канада,Франција,Сад и Швајцарија...е сега ако некого можат да натераат да се самоубие или убива, лесна работа за кока-кола...Едвард Бернејз сам си признава и не крие за кариерата во која имал се и сешто од рекламирање до државни удари...

Мало појаснување...пред Бернејз, луѓето купувале она што им треба (освен богатите се разбира) после него - се што ќе им се кажи...
Друг пример - колку поддржувачи на педерски,животински и други права имаше пред 20 години а колку сега?

Mnogu obemna tema Toecutter ...

Mnogu tehniki ima za mind control ili perenje mozok ili za masovna manipulacija na lugeto

iljadnici knigi ,videa i audio zapisi go dokazuvaat ova !

Iljadnici covecki zivoti se izgubeni ( fizicki i psihicki)vo eksperimentite na razuznavackite agencii kako CIA,Mossad,KGB,.. proekti kako Sibirski vetar,MK Ultra,Mandzuriski kandidat (Sirhan Sirhan -->covekot koj go ubi Robert Kenedi) LSD eksperimenti.....

za mene mediumskata mind control brainwashing tehnika mi e najinteresna ..znaci igra na zborovi ..manipulacija so vesti ....

eve eden svez primer za kaj nas :

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=111232

znaci naslovot e bombasticen i e vo totalna sprotivnost so tekstot podolu ...voopsto nemalo teroristicki napad vo Praga ..toa e slucajno ispukana stara bomba

ke se navratam na temata so MNOGU poveke informacii koga ke imam poveke vreme
Напиши за сибирски ветар нешто, методите од источната страна на железната завеса не се толку познати како америчките.
Со ЛСД експерименти во 50-те имала и тогашната ЈНА. Германците за време на војната исто имале некои програми.

Тероризмот е света крава во круговите на моќта денес.
Имаше и нешто наводно некој ќе го убивал премиерот на Словенија хахаха носел кашикара во торбата...терориста...го фатиле...хаххаа
 
A

ateist

Гостин
ниту една држава несе откажува од пропагандата како најефикасно и најевтино средство за контотрола на широките народни маси

вчера имало тепачкаво јужнокорејсикиот парламент а поводот бил закон со кој државата ги става под капа - контрола приватните медиуми

,.
.
.
Број 3043 четврток, 23 јули 2009 утрински весник

Тепачка во јужнокорејскиот парламент

Кавгите прераснаа во вистинска борба, во која најмалку едно лице беше примено во болница

Сеул - Неколку стотини законодавци се степаа вчера во Парламентот во Сеул, спорејќи по предлог-законот за реформа на медиумите. Кавгите прераснаа во вистинска борба, во која најмалку едно лице беше примено во болница.

Парламентарците од владејачката Велика национална партија го презедоа претседателскиот подиум во обид брзо да ги протуркаат законите за намалување на ограничувањата за поседување телевизиски мрежи.
..
.
.
.
. . . . http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=A907DC31B456784289D6786B877A3F92
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Медиумска контрола, религија се најсилните оружја за перење мозоци!

Знаењето е моќ, па така во сад што поглупави произведува општеството толку е подобро за владата да манипулира.
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Уф имав интересен извадок во Ворд на Македонски кој го презедов од некаде ќе се потрудам да го најдам и да го постирам има интересна мисла од Чомски за ова која гласи Пропагандата во демократска држава е еквивалентно со физичко малтретирање во тоталитарна држава.
Како и да е се базираат на неколку основни принципи ќе се потрудам да го најдам утре документот и да го постирам

Го најдов документот и како прво навистина ќе се извинам до авторот кој го напиша зошто оддамна го превзедов од некој блог или страна и не ми текнува точно од каде па ќе декшава што нема линк.

Техники на пропаганда

Основните нешта за техниките на пропаганда се упростувањето и повторувањето, но постојат повеќе поделби и детално обработени техники. Јас овде ќе ви ги прикажам оние на армијата на С.А.Д. кои се заклучени уште во 1979 год.
Накратко тие ги делат техниките на три видови:
1. техники на очевидност
2. техники за кои се потребни дополнителни информации за да бидат препознаени
3. техники кои можат да станат очигледни откако ќе се испитаат голем број на излезни информации (output)
Јас ќе се задржам овде само на првите, зашто со нив секојдневно се среќаваме и најлесно можеме да ги препознаеме. За другите треба да си професионалец. Па одиме:

Повикување на авторитет

Повикувањата на авторитети цитираат истакнати jавни фигури за да поддржат одредена идеја, аргумент, или делување.

Тврдења

Тврдењата се позитивни изјави презентирани како факти. Тие имплицираат ,дека тоа што е изјавено е очевиден факт и нема потреба од понатамошно докажување. Тврдењата можат, но не мора да бидат вистинити.

Принцип на стадо и неизбежна победа

Ваквите изјави имаат за цел да jа убедат публиката да преземе одредена акција коjа „ Сите други веќе jа преземаат“ т.е. „Да и се придружи на толпата“. Оваа техника jа засилува човековата природна потреба да се биде од страната на победникот. Исто така, оваа техника се користи за да jа убеди публиката , дека програмата е експресија на незапирливо масовно движење и дека е во нивен интерес да и се придружат. „Неизбежната победа“ ги повикува оние кои што се уште не се дел од толпата, да се придружат на оние кои се на патот кон сигурна победа. Додека пак оние што веќе, или половично се наоѓаат таму се охрабруваат, дека останувањето на тоj курс е најдобрата можна акција.

Постигнување не согласување

Оваа техника се користи за да се натера публиката на несогласување со одредена акција или идеја, по пат на сугерирање, дека таа идеја е популарна каj омразените, презрените и групите од кои што таа публика се плаши. Според тоа, доколку групата што поддржувала одреден политички смер е доведена до верување дека несакани, превртливи, или неморални луѓе го поддржуваат истиот, членовите од групата може да одлучат да jа сменат позицијата.

Блескави генерализации

Претставуваат интензивно емоционални и трогателни зборови. Тие се толку блиску асоцирани со високо вреднувани концепти и верувања што со себе носат убедување без никаква придружна информациjа или расудување. Тие апелираат на такви емоции како љубов кон татковината, домот, желбата за мир, слобода, слава, почести и сл. Тие бараат одобрување без испитување на разумот. Иако зборовите и фразите се неjасни, двосмислени и им сугерираат различни нешта на различни луѓе, нивната конотациjа е секогаш поволна: „Концептите и програмите на пропагаторите се секогаш добри, посакувани, виртуозни“.
Генерализациите можат да jа зголемат или намалат ефективноста со промена на условите. Поради тоа тие мора да бидат одговарачки на тековните услови. Фразите кои што разбудуваат приjатни асоциjации во одреден период, може да предизвикуваат неприjатни и непосакуваниконотации во друг временски период, особено доколку нивната референтна рамка се промени.
Особините на оваа пропагандна техника се:
Двосмисленост. – Генерализациите се намерно двосмислени за публиката да може да изведува свои заклучоци. Намерата е да се повлиjае врз публиката со користење на недефинирани фрази, без анализирање на нивната валидност и без обиди за детерминирање на нивната разумност или примена.

Рационализациjа. –Индивидуалци или групи може да користат погодни генерализации за да рационализираат спорни делувања или верувања. За да ги оправдаат таквите акции или верувања, често се користат двосмислени, но приjатни фрази.

Упростување.- Поволните генерализации се користат за да произаведат прости одговори на комплексните социjални, политички, економски, или воени проблеми
Трансфер

Ова е техника на проектирање позитивни или негативни квалитети (пофалби или осуди) од еден (ентитет, објект, личност, вредност, индивидуа, група, организација, нација и сл.) на друг, со цел вториот да се направи по прифатлив или да се оцрни. Оваа техника генерално се користи за префрлање на вината од едната страна на конфликтот на друга. Трансферот предизвикува емоционален одговор, коj стимулира идентификување на целта со препознатливи авторитети.

Најмало од сите зла
Ова е техника коjа дава на знаење дека преземената акција можеби не е посакувана, но дека секоја друга алтернатива би довела до далеку по несакани последици. Оваа техника генерално се користи за да jа објасни потребата од жртви или пак да ги оправда на изглед непријатните акции кои jа лутат целната публика или ги намалуваат личните слободи. Често користено во оваа техника е проектирањето на вината за непријатните и рестриктивни услови на непријателот

Етикетирање (обраќање со погрдни имиња)

Оваа техника се обидува да ги зголеми предрасудите каj публиката со етикетирање на објектот на пропагандната кампања како нешто од што целната публика се плаши, се гади, го мрази или го смета за несакано.

Типови на етикетирање:
Директно етикетирање се користи кога публиката е сочувствителна или неутрална. Тоа е прост, директен напад на опонентот или опозиционата идеја.
Индиректното пак етикетирање, се користи кога директното би предизвикало антагонизам каj публиката. Тоа е вид на напад коj се наоѓа помеѓу директно етикетирање и инсинуација. Овде се најкарактеристични сарказмот и исмевањето.
Во етикетирањето се користат карикатури, илустрации и монтажни фотографии, и често се со фатален ефект.
Несакани својства на етикетирањето: Во својата екстремна форма, етикетирањето може да индицира дека пропагаторот изгубил чувство за пропорција или е неспособен да конструира позитивна кампања.
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Покажување со прст кон непријателот

Ова е форма на упростување во коjа комплексна ситуација е редуцирана до точка каде што „Непријателот“ недвосмислено е идентификуван. На пример, претседателот на државата Х е присилен да декларира вонредна состојба, со цел да го заштити мирољубивиот народ на својата држава од бруталната, неиспровоцирана агресија на лидерите од државата Y.
Oбичен човек

Овој пристап се обидува да jа убеди публиката дека позицијата на пропагаторот го рефлектира вообичаеното мислење на луѓето. Тоj е дизајниран за да jа добие довербата на публиката по пат на комуницирање на нејзин вообичаен начин и стил. Пропагаторите користат секојдневен јазик, однесување и облека (очи во очи и во аудиовизуелните комуникации) во обидите да jа идентификуваат својата точка на гледање со онаа на просечниот човек. На овој начин пропагаторот може да jа добие довербата од личностите кои се навредуваат од, или се недоверливи кон непознат интелектуален говор, зборови, или однесувања.
Публиката може да се убеди да ги идентификува своите интереси со оние на пропагаторот со:

Презентирање на војниците како обични луѓе - Пропагаторот сака да направи непријателот да се почувствува како да се бори против војници кои се „Чесни, обични луѓе“, многу слични на него; ова се користи и за контра теми кои го обојуваат противникот како „Крволочен“ убиец.

Презентирање на цивилите како обични луѓе. - Овој инструмент исто може да помогне да се убеди непријателот дека спротивставената нација не е составена од арогантни, неморални, измамнички, агресивни, кавгаџиски луѓе, туку од луѓе како и нив самите, коишто сакаат да живеат во мир.

Хуманизирање на лидерите - Оваа техника отсликува почовечки портрет на сопствените и пријателските воени и цивилни лидери. Ги хуманизира така што публиката гледа на нив како слични човечки суштества, или порадо, како љубезни, мудри, татковски фигури.

Категории на техниката обичен народ:
Наречjе или сленг. Ова е современиот јазик на специфичен регион или специфична група на луѓе, коj е вообичаено зборуван или пишуван и вклучува песни, идиоми и шеги. Тековниот сленг на специфичната целна публика мора да се користи за поуспешно спроведување на пропагандата.
Дијалект. Дијалектот претставува отстапување во изговорот граматиката и вокабуларот од нормите на одреден регион или нација. Kога се користи дијалект, потребна е перфектност од страна на пропагаторот. Најдобро е оваа техника да се остави на оние кои што го говорат дијалектот, бидејќи оние кои израснале со тоj дијалект се најдобри негови корисници во пропагандните обраќања.
Грешки. Правилниот изговор, jасните изјави и предавањата оставаат впечаток на вештачка ситуација. За да се остави впечаток на спонтаност се користи намерно двоумење помеѓу фразите, заплеткување, или погрешно изговарање на зборовите. Доколку не се претера се добива ефект на искреност. Грешки во пишан материјал можат да се прават само кога такви се вообичаени за членовите од групата коjа го чита материјалот. Генерално, грешките би требало да бидат ограничени на обичен говор.
Домашни зборови. Овие се една форма на „Доблесни зборови“, кои се користат во секојдневниот живот на просечниот човек. Тоа се познати зборови како „Дом“, „Семејство“, „Деца“, „Соседство“, или други културни еквиваленти. Тие евоцираат поволен емоционален одговор и помагаат да се пренесат симпатиите на публиката врз пропагаторот. Задомените зборови нашироко се користени, за да предизвикаат носталгија. Но, мора да се внимава, таквите пораки кои се адресирани на непријателските трупи, да не се случи да го имаат истиот ефект и врз пријателските сили. Доколку на пропагандата или на пропагаторот му недостасува неутралност, може да се предизвика назадување или од во празно. Публиката може да се навреди сфаќајќи ги како обиди за исмевање на нивниот јазик, обичаи, или на нив самите.
Jавна осуда или неодобрувањеОва е техника со коjа пропагаторот jа устројува групната прифатеност. Тоj сугерира, дека однесувањата или акциите кои се спротивни на нагласените, ќе резултираат со социјално одбивање, осуда или просто избегнување и исклучување. Исклучувањето е контролирано практикувано и нашироко користено во кохерентните групи и традиционалните општества.

Доблесни зборови
Овие зборови се наоѓаат во вредносниот систем на целната публика и имаат намера да произведат позитивна слика кога се прикачени за одредена личност или изјава. Пример за доблесни зборови се: мир, среќа, сигурност, мудро водство, слобода итн.

Слогани
Слоганот е кратка ударна фраза што може да вклучува етикетирање и стереотипизирање. Доколку идеите можат да се слоганизираат подобро е и тоа да се стори, бидејќи добрите слогани се самообновувачки до бесконечност.

Препораки
Претставуваат цитати, во или надвор од контекст, специјално цитирани, за да поддржат или одбијат одредена политика, акција, програма или личност. Експлоатирана е улогата (експерт, почитувана jавна фигура и сл.) на индивидуата коjа jа дала изјавата. Препораката поставува одредена официјална санкција, од почитувана личност или авторитет, врз пропагандна порака. Ова се прави за да предизвика идентификација на целната публика со авторитетот, или да ги прифати мислењата и верувањата на авторитетот како свои сопствени. Одреден тип на препораки се официјални санкции. Каде што препораката на авторитетот мора да има потврда или да биде јасно регистрирано дека jа одобрува дадената идеја, концепт, акција или верување.

Фактори, кои се поврзани со авторитетот на препораката:
Достигнување. Луѓето имаат доверба во авторитети, кои демонстрирале извонредни способности и професионалност во нивното поле на работа. Ова достигнување треба да биде асоцирано со предметот на препораката.
Идентификација со целта. Луѓето имаат поголема доверба во авторитетот со коj имаат нешто заедничко. Како на пример, војникот по радо би му верувал на офицер со кого има искусено слични тешки искуства, отколку на цивилен авторитет над воени субјекти.
Позиција на авторитетот. Официјалната позиција на авторитетот може да влее доверба во препораката; пр. претседател, генерал и сл.
Неживи предмети .Во препораките може да се користат и неживи предмети. Во таквите случаи, пропагаторот се обидува да ги пренесе физичките својства на неживиот предмет во пораката. Пример за такво нешто е карпата на Гибралтар коjа е асоцирана со непоколеблива сила.
Фактори кои се поврзани со самата препорака:
Прифатливост. Препораката мора да биде прифатлива за целната публика. Почитувањето, кое што авторитетот го ужива каj целната публика нема секогаш да успее да пренесе неприфатливи препораки во ефективна пропаганда.
Неточни препораки. Во добрата пропаганда никогаш не се користат неточни препораки, можеби строго селектирани, но никогаш потполни фабрикувани невистини. Фабрикуваните препораки се екстремно осетливи, бидејќи нивниот недостаток на автентичност ги прави лесни за предизвикување и дискредитирање.
Личносни авторитетети на препораката:
Непријателски лидери. Непријателската целна публика, генерално високо би ги вреднувала сопствените повисоки воени лидери како извор на информации.
Совоjници. Поради нивните заеднички искуства, војниците формираат пријателски врски. Како резултат на тоа, претставниците на вооружените сили се наклонети да обратат поголемо влијание на она што другите војници имаат да го кажат.
Спротивставени водачи. Препораките на лидерите од спротивставената нација се од посебна важност во пораките, кои ги оцртуваат воените цели и насоката на администрирањето на непријателската нација по нејзината капитулација.
Познати научници, писатели и др. личности. Најчесто, изјавите на цивили познати на публиката, како што се авторитативни или познати интелектуалци, писатели, научници, коментатори, итн. , можат ефективно да се искористат во пропагандните пораки. Убедувањата, верувањата, принципите или догмите на почитуваните авторитети, како и на други jавни фигури, можат да произведат ефективни пропагандни препораки.
Не личносни авторитетети на препораката: Тие најчесто се институции, идеологии, национални знамиња, религии и сл.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Со масовната употреба на Vanish приучени „домаќинки“, ни перењето не е тоа што беше. Имено, масовна употреба на хемиски средства за полесно добивање на саканите ефекти неповратно го оштетува самиот материјал.
По извесно време, станува „офуцано“ и неупотребливо. :smir:
 
Сум го читал ова...класика...
Препознатливи сите елементи кои беа користени за стварање раздор и воена психоза 1991...резултат распад на СФРЈ и смрт на околу 200.000 народ...трагедии...

Последиците се уште присутни...а Џони замина во Холандија и не се врати...симболично означувајќи го крајот на една култура која имаше иднина...
 
Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Па имам читано дека некој ги тужил Microsoft затоа шо го контролирале неговио ум.Како прво тава не е можно оти некој ако го контролира твојо ум сигурно нема да ти каже да го тужеш и да му земеш парите.Тоа е некој паметен шо сака да се збогате...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom