Ак не ви чинит не идајте

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
Прво кога одам се однесувам спрема газдите со почит прво како постари. Јас плаќам, но не значи дека можам се да правам.

Твое право да пушташ гласна музика после 12, право на станарите е да се јават во полиција. Крај на приказната.

Па добро, сите сме луѓе. Ако газдата пристапи со „Добредојдовте, сфаќаме на одмор сте бла бла, релакс со тука таму некоја журка и музика, но стари луѓе сме или имаме помало дете, ако може после 11/12 малце потивко музиката“, секој би сфатил.

Твојот болд - Полицијата не пристига, станарот се нервира, јас сум среќен. Now here's your fucking happy ending.
 
Кхм,рече секој би сфатил?
Црвен килим и од околу со ружи случајно да не треба пред врата да има?
Јас ти давам клуч од станот со надеж дека кога ќе заминиш станот ќе биде во истата состојба во која шо сум ти го дала.
Разбирам на мои години кога ќе дојдат на одмор не ги интересира дали во станот до нив имаат бебе или се стари луѓе,ама како што кажа Крејзи, си има кафичи и дискотеки за да лудуваш,па таму оди крши чаши, фрлај шишиња да те видам.
Туку,се е до човекот. Јас ако живеам во туристички град не значи дека туристите треба на гла да ми се качат и секоја вечер наместо да спијам, морам да ги слушам нив.
Барате ефтин смештај,барате пивото да е поефтино и во вашиот град шо е, барате да имате 24/7 журки и забави, барате да го имате полното право да кршите,без притоа да платите, во продавниците сите производи да си се со тогашен рок на траење и да не сте онаму Видобишта кај шо можите колку сакате да урлате,туку во мирна средена населба.
Епа многу барате.
 
Црвен килим и од околу со ружи случајно да не треба пред врата да има?

Јас ако живеам во туристички град не значи дека туристите треба на гла да ми се качат и секоја вечер наместо да спијам, морам да ги слушам нив.

Секој со својте аршини. Јас, а ко шо гледам и многу други охриѓани, не трпиме ничии срања, па какви сакат пари нека се во прашање.

Батали ги тие приказни „муштеријата е секогаш во право“, или „сум платил па шо сакам ќе прам“.

Знам, лош сум, прост, впрочем како и секој исфрустриран провинцијалец, а?

бре бре...толку ОПАКИ и исфрустрирани злобни баби неам сретнато...
:je: тооо Охригани, покажете се колку сте заебани уствари
 
Абе сечија култура драматично ескалира зад мониторот. И јас сум светец, ама не е во мода заеби.
Фрлање столови низ прозор хаха, оти не зеде пример тестирање home-made бомби кога се оди на одмор?
Претеруваш. И остај кафулињата кога гледаш дека ради тоа протестираат повеќето. Мало скопско 250ден.
Плус, некој преферира и повеќе ужива во so called домашна атмосфера. А тек тие забави во 12 почнуваат.

Уништување приватна сопственост не оправдувам, да се разбереме.

Каде бе 250 денари мало Скопско? На шо си ти? Хелиум или лепак?
И те читам и ми се сере, ако ти издаваш стан под кирија и го начекаш станот куршлузосан ќе речеш океј си сакаат so called домашна атмосфера. Кажи ми хотелски правила знаеш? Ју брејк, ју пеј.
 
Стварно преку ташак, сите инџиковци ги видов и ги правеа истите инџиковски работи ко што ги праат. Сите фенсери и нафурани вратари, сите глупи шмизли и фотокурви.......АМАН НЕЌУ ДА ВЕ ГЛЕДАМ ПИЗДА ВИ ЛЕПА МАТЕРИНА
Да, стварно е смешно што охриѓани мислат дека сите скопјани се инџокец-like луѓе, и не поситоветуваат со такви. Само што Инџикоо е далеку од урбана средина. По тој систем, јас секој охриѓанец можам да го наречам неписмен пошто сум видел речиси исто охридски сељачишта што не знаат азбука колку и нормални. Од каде доаѓале и дали воопшто биле охриѓани “абе не ме интересира, збореа на некој јужњачки дијалект“.
Точкест напиша:
И те читам и ми се сере, ако ти издаваш стан под кирија и го начекаш станот куршлузосан ќе речеш океј си сакаат so called домашна атмосфера.
wot напиша:
Уништување приватна сопственост не оправдувам, да се разбереме.

Иначе Фантом, колку беше Нес кафе кај тебе на плажа лани? Или нешто рецесијава ги симна сега цените. Јас се сеќаам 150, така беше?
 
бре бре...толку ОПАКИ и исфрустрирани злобни баби неам сретнато...
:je: тооо Охригани, покажете се колку сте заебани уствари
A шо треба да ти паѓаме на колена и да ти викаме "О, ти секогаш си во право"?
Ако не ти чинит не идај и крај:) Има далеку пољубезни туристи шо знаат како да се однесуваат и не чаламат на то шо им викнале полиција во 4 сабалје.

Иначе Фантом, колку беше Нес кафе кај тебе на плажа лани? Или нешто рецесијава ги симна сега цените. Јас сеќаам дека беше 150, така беше?
Sorry шо се мешам, ако мислиш за Куба Либре, нескафето сега е колку шо знам 90 или 80, досега само кај Паткана сум видела астрономски цени.
 
За празнико ојде до Охрид на 5 дена ауууу како прво монотонија секоја година едно исто никаква посебна атракција ништо ново а цените страшно па да ни ги пуштат визите од другата година ако продужат вака сами ке си се журкат и стварно има потенцијал Охрид да биде сензација ама и одговара изгледа вака да седат и да лапат пари без да се потрудат да направат нешто да разбијат монотонија. :toe::toe:
 
A шо треба да ти паѓаме на колена и да ти викаме "О, ти секогаш си во право"?
Ако не ти чинит не идај и крај:) Има далеку пољубезни туристи шо знаат како да се однесуваат и не чаламат на то шо им викнале полиција во 4 сабалје.

ДА...вие сте во право, како може да ви помегнеме, повелете, дали би сакале...се зборовите кој остатокот од нормалниот свет ги употребува

Пијани туристи и дечишта има и ке има во секој град особено во туристичките - ПОМИРЕТЕ СЕ, СПРАВЕТЕ СЕ ИЛИ ИСЕЛЕТЕ СЕ...да ги смените нема.

ЦЕНИТЕ, не се предммет на разговор, секој има право да продава по цена кја ја има дефинирано, тоа е право на трговецот, различни места различни цени, различни клиенти

За празнико ојде до Охрид на 5 дена ауууу како прво монотонија секоја година едно исто никаква посебна атракција ништо ново а цените страшно па да ни ги пуштат визите од другата година ако продужат вака сами ке си се журкат и стварно има потенцијал Охрид да биде сензација ама и одговара изгледа вака да седат и да лапат пари без да се потрудат да направат нешто да разбијат монотонија. :toe::toe:

на место мислење, само грчката не креативност и мрзеливост Охрид е рамен, никакви инвестиции атракции, патувања, активности...било што..а лежат на нив...флегми

со отварањето на границите охрид ке паден жртва на сопствениот карактер....
 
ДА...вие сте во право, како може да ви помегнеме, повелете, дали би сакале...се зборовите кој остатокот од нормалниот свет ги употребува

Пијани туристи и дечишта има и ке има во секој град особено во туристичките - ПОМИРЕТЕ СЕ, СПРАВЕТЕ СЕ ИЛИ ИСЕЛЕТЕ СЕ...да ги смените нема.

ЦЕНИТЕ, не се предммет на разговор, секој има право да продава по цена кја ја има дефинирано, тоа е право на трговецот, различни места различни цени, различни клиенти
За љубезни туристи, љубезно се понашаме. Фала богу нема некој шо цело време ми мрчи и да се жали дека се нешо не му чини, да го тинтрам цело време.
Ако знајш да се понашаш ко чоек и јас ќе се понашам. Ми плаќаш мене за услугата што ќе ти ја дам, нема смисла од почеток уште да ти се кењам пошо ти ми плаќаш. Но,ако не знаеш да се понашаш и јас си менувам понашање и крај.

А викаш и за цените? За цените знаеш колку луѓе мрчат дека им биле 10-20 денари поскапи? Во постовиве цело време или ти се плеткаш или јас стварно не те разбирам шо всушност не ти чини во Охрид.
 
Во врска со цените, имам забелешка исклучиво на сместувањето. Трета година одам во Охрид и секоја година, минималната цена за која можеш да најдеш сместување, се накачува за 50 денари. Пред 2 години 250, лани 300, сега 350. Напоменувам дека ова се минимални суми за соби(приватно сместување) кои не се фасцинантни по квалитет, но тоа никогаш не сум го ни барала. Дали за 10 години ќе спиеме за 1000 денари по вечер? Олабајте малце.
 
Новинарка, не е до цените, колку што е до културата и однесувањето на Охриѓани.
 
А викаш и за цените? За цените знаеш колку луѓе мрчат дека им биле 10-20 денари поскапи? Во постовиве цело време или ти се плеткаш или јас стварно не те разбирам шо всушност не ти чини во Охрид.
Остај го аман.Со некој шо не е мрднат подалеку од Матка не вредит муабет за туризам да прајш.Па уше и анализи и споредби прајт со околниве туристички земји.:toe:
Грчка некреативност и бугарска...не ми теквит како беше.:pos2:
 
Охригани ко Циганите во Паркпротив средени плажи

подобар пример од овој ... здравје

окалитетот Сараиште сместен во стариот дел на Охрид само уште ова лето ќе биде слободен за капење, одмор и релаксација за охриѓани и за туристите.
Со дозвола од Министерството за транспорт и врски, Сараиште од идното лето ќе има концесионер. Охриѓани сметаат дека министерот Миле Јанакиевски направил лош лотег со издавањето на локалитетот Сараиште под концесија за плажа и стравуваат дека токму поради тоа Охрид може да го загуби статусот град на Унеско.

„Остана единственото место од Ајван плажа до Канео каде што од 4 години до 77 годишна возраст секој ден тука се собираат голем број на мештани, на граѓани и посетители кои уживаат во тој автентичен дел кој можеби треба да се уреди по она што некогаш беше Сараиште , рибарска населба со мрежи, со старите дрвени чунови кои секако ќе бидат еден вид туристичка атракција“ вели граѓанинот Томислав Тунтев кој живее во близина на Сараиште.

„Давањето под концесија ќе значи неможност обичниот човек да дојде до езерото до самиот брег, слободно да капе, да се сонча и да ужива во Охридското езеро. Тоа ќе биде дел кој ќе го користат само оние кои за тоа ќе имаат можност т.е пари, а тие што ќе сакаат да уживаат во езерото нема да можат“ вели друг охриѓанец.

Проектот за Сараиште, кои идните концесионери го доставиле до министерството, предвидува изградба на шанкови и друга урбана опрема, поставување лежалки и метална платформа во самото езеро.

„Ќе предизвика нарушување на едно јадро кое е богато со култура, еколошки и урбанистички момент. Ова е едно јадро со кое охриѓани се емотивно врзани“ вели Дејан Пановски од Комитетот за заштита на Охридско езеро.

Од Заводот и од музејот Охрид велат оти нема да дозволат ова место да се даде под концесија, бидејќи станува збор за заштитено подрачје од највисок степен. Сараиште, велат, е дел од ретка амбиентална целина добро препознатлива за Охрид. Со поставувањето на времени објекти, целосно ќе се наруши панорамскиот поглед кон езерото и автентичноста на просторот, поради кој Охрид влезе во Унеско.
Од Министерството за транспорт и врски со кус одговор посочија дека се разгледувала реакцијата на локалното население и дека дополнително ќе била донесена одлука. Охриѓани пак, веќе започнаа со собирање потписи за петиција.
 
бре бре...толку ОПАКИ и исфрустрирани злобни баби неам сретнато...
:je: тооо Охригани, покажете се колку сте заебани уствари
Њох Њох, колку шеговито. Абе оди нишај врата, ти објаснувам овде со деној а ти пробвиш со глата ѕид да турниш.

Иначе Фантом, колку беше Нес кафе кај тебе на плажа лани? Или нешто рецесијава ги симна сега цените. Јас се сеќаам 150, така беше?
Со овие исклучоциве сте ко пролив ко ќе те стегнит а на гости негде си ојден.

Куба Либре, тогаш новоотворена и елитна плажа, имаше за 50-60 посто повисоки цени од по другите плажи и локали. Nuff said.

Ајде сега прашај колку е Скопско на кеј, кај шо плаќаш за да гледаш кај шо во блатото шо врвит под Камени поминвет машини за перење, школки од стокец и југо, чизми... И колку е Скопско на брегот на Охридско Езеро, чистота и бистрота невидена, и си на 5 метра од езеро. И не само за Скопско, и за сокојте, кафињата, за се’ прашај. Јас ќе ми ти кажам.

П.С. Македонцки, сфарно чоек, ако ти е досадно оди најди си живот. Со последниов пост докажа дека навистина појма си немаш шо значит плажата за охриѓани и се’ останато за таја плажа.
 
Новинарка, не е до цените, колку што е до културата и однесувањето на Охриѓани.
Не сум имала искуство според кое би можела да им замерам за однесувањето. Охриѓаните не живеат од нивната гостопримливост, туку од езерото. А и ние не сме некои цвеќиња. Секакви не` има. Ти викам, јас охриѓани знам два-тројца и не се разликуваат од другите луѓе. Жими све имаат 2 очи и 2 уши.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom