Ак не ви чинит не идајте

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
Изградете 3-4 згради само за туристи издавање станови и ондак то.
Или еден мини-град Охрид само за туристи :) а Охрид и околните населби иселете ги кон Ботун :)
Фино е да има камп за млади ама толкаво е езерото, а секој сака по малку од него...
 
Еве за што зборам друже Серпико. Нели, би рекол само добро однесување - добри гости.

Тоа ти е win-win ситуација. Што мислиш би сториле тинејџери кога уште првата стапка надвор од кола некој му рецитира home_made закони како, музика до 11, нема собирање друго друштво во стан, и им наплатат нешто плус оти имало некое екстра столче во станот? Сценариото би се одвивало како.. Да, музика до 11, ама сабајле. Пола град ќе го соберат а столчето ќе биде на неколку дела. Но ако им се пристапи љубезно, верувај други ќе се резултатите.

Е сеа, сфаќам дека градот не е цел за туристи,и но никој не оди на одмор и да си легне во 10 и 30 оти комшијата у станот имал дете, претежно ради тоа што се млади луѓе на одмор. Средете се бе. Изградете 3-4 згради само за туристи издавање станови и ондак то.

Утопија не постојт пријателу. Дома кај мене јас ги диктирам правилата, па ако сакаш биди ми гостин, ако не, нема да сме другарчиња и готово.
 
Парите ги диктираат правилата пријателу. :smir:
 
Парите ги диктираат правилата пријателу. :smir:

Секој со својте аршини. Јас, а ко шо гледам и многу други охриѓани, не трпиме ничии срања, па какви сакат пари нека се во прашање.
 
се во свои граници ама ако се прават забелешки од ништо .
тогаш 3 месеци на галичица сам ...
 
Парите ги диктираат правилата пријателу. :smir:

Пријателу, парите ги диктираат правилата indeed. И да имаш пари да платиш понашање ко кромањонец, во правилата ќе стои дека смееш да се понашаш ко предците.

Пошо немаш т.е. не плаќаш, немат да сме другарчиња, шо би рекол Филип.
 
Еве на кратко јас ќе пишам за Охрид годинава

Отидовме во истиот стан на пријателка на пријателот со кој бевме, 1500 денари од ден за двособен стан, кујна, веце со топла вода 24/7 и прилично културна тераса, со местолокација на улица 8ми Септември кај Болницата :)
Не пречека девојката, јес да чекавме 2 саати да исчисти зашо пред нас имало 6 шеснаесгодишни суруши шо напраиле партал, ама се исплатеше. Станот солза, као и лани. Али ај кат ту д чејс зашо станот е на скопјани ама не е битно. Такси превозот преокеј, дали еднаш се возевме со такси по фиксна цена а и тоа не беше претерано, од станот до Славија 150 денари, кога ќе поделиш на четворица испаѓа гага :)
Можеби за прв пат таксист да ми рече кога излегувам од такси Пријатно капење, во Скопје ни пријатно не ти кажуваат ако не им кажеш пичка им мајчина :)
Незнам кој ми имаше спомнато по кафичите изгор скапо си ебале мајката охриѓани 150 денари пиво Скопско, стап 150 денари Скопско туку беше 80/90....епа у Скопје Скопско мало е 50/60 денари у маалска скараџилница, а у било кој кафич е над 80 денари. По продавници цените се тие, башка на одмор сум и ќе одморам од секојдневни манџи, зарзавати, скари и курци врагови... јадев шо би рекле старите шо дал господ, леб паштета и кечап :) едноставно тоа ми се јадеше. Исто така поштувам пиво после 7 од под каса за лезетлук при заоѓање на сонцето на тераса.
Хм, Мохитото беше срање освен на Кадмо Бич, башка Бени направи журка ЛЕЛЕ МАЈКО :) (морав малце да исерам)
Од сите фенсерски журки бев на чекај.....НИЕДНА, само на PMG и Bernays Propaganda и провод башка ТОПОВАЧА. Асални луѓе.
На сексбук пишав 10 работи шо ги мразам во Охрид и ќе ги пишам и тука
1. Скопјани
2. Скопјани
3. Носење на цело злато од прабаба па наваму на врат на плажа
4. Скопјани
5. Скопјани
6. Скопјани
7. Скопјани
8. Скопјани
9. Скопјани
10. Скопјани

Стварно преку ташак, сите инџиковци ги видов и ги правеа истите инџиковски работи ко што ги праат. Сите фенсери и нафурани вратари, сите глупи шмизли и фотокурви.......АМАН НЕЌУ ДА ВЕ ГЛЕДАМ ПИЗДА ВИ ЛЕПА МАТЕРИНА

Напомена: Не сум подмитен од нитуеден охриѓанец-охриѓанка за да го напишам ова. Едноставно сум само реален
 
Секој со својте аршини. Јас, а ко шо гледам и многу други охриѓани, не трпиме ничии срања, па какви сакат пари нека се во прашање.

Aко издаваш соба 400. Некој ти ја плати 2 000 од вечер и одседне 7 дена.
Не само што ќе му дозволиш музика до колку сака и колку гласно сака, своето појачало ќе си го дадеш.

Пример, ако незнаеш да прифатиш ваква зделка и си премногу горд, ќе се бавиш со ценкачи, кои ќе ти дадат само 300 од вечер, пола на почеток, а другата половина.. ќе ти пратаат разгледница од нивниот град смеејќи се како ти побегнале.

And, as far as I know, thats bad for business. Специјално, тие домашните. :smir:
 
Ако во Струмица така бидвит, овде не.

Се плаќат однапред за сите деној шо планираш да седиш, неповратно, со договорени услови за музика, галама и друштва. Плус јас немам појачало.
Не прифаќам таква зделка, ќе најдам нормални туристи, 2100 за 7 дена, со сите тертипи средени.

И те молам објасни ми кај си видел некој да отседне некаде и да престојува барем ден подолго отколку што има платено?*

*Под претпоставка дека газдата не е душевно пореметен.
 
Брат, не викај двапати. Ако дојде некој сушен период, не само што ќе молиш туристи туку и креветот сабајле ќе им местиш и на крај на недела ќе ти плаќаат. Океи е нели додека се има избор и можеш да си избираш туристи.

Во Струмица не се издаваат соби, не е туристичко место. Нема некоја атракција.

И јас немам појачало. :):)
 
Туристите имаат право да урлаат до 4 сабајле, фрлаат столици од тераси (што е израз на нивно домашно невоспитување), исто како што газдите на собите/станот имаат право да ги исфрлат без образложување или соседите да им викнат полиција.
 
Океи, одсега на одмор стриктно tea party.
Eбаве, сите полни со морал. Но тажно, сите далеку од реалноста.

Колку станови ечат, хаха, немаат доволно полицајци во таа смена. 3та.
 
Океи, одсега на одмор стриктно tea party.
Eбаве, сите полни со морал. Но тажно, сите далеку од реалноста.

Колку станови ечат, хаха, немаат доволно полицајци во таа смена. 3та.

Никој не вели дека треба да биде tea party, но како тоа јас постојано одам на одмор во Охрид, а никогаш не сум фрлила столица низ прозор, никогаш ништо не било оштетено, а сепак сум се забавувала? Гласна музика сум пуштала до 12, потоа сум намалувала или ако ми било до вриштење и гласна музика сум си одела на места наменети за тоа. Се викаат кафулиња или популарно наречени кафичи или едни места што се викаат дискотеки.

Ако ти уништуваш сопственост, должен си да платиш за истото, а ако пушташ прегласна музика после 12 според закон нарушуваш јавен ред и мир и имаат право станарите да се јават на полиција, без оглед на тоа што е туристичко место.

Ако некој дошол на одмор, не значи дека треба да се однесува како Тарзан! За се има граници, а домашното воспитување, верувам дека има тука многу влијание.

Нема врска моралот со темата, има многу врска со култура на однесување, кои некои си ја забораваат дома кога ќе одат накај Охрид или воопшто ја немаат.
 
Абе сечија култура драматично ескалира зад мониторот. И јас сум светец, ама не е во мода заеби.
Фрлање столови низ прозор хаха, оти не зеде пример тестирање home-made бомби кога се оди на одмор?
Претеруваш. И остај кафулињата кога гледаш дека ради тоа протестираат повеќето. Мало скопско 250ден.
Плус, некој преферира и повеќе ужива во so called домашна атмосфера. А тек тие забави во 12 почнуваат.

Уништување приватна сопственост не оправдувам, да се разбереме.
 
За болдираново - :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
НИКАДЕ, освен на таа некоја журка на плажа на не знам кој ди џеј, скопското не било 250 денари. И тоа е од рекла казала муабети.
Во сите кафичи е околу 80 денари, во дискотеките беше 90 скопско.

А пред монитор има и некои што се прават многу хард кор, па не се.

Прво кога одам се однесувам спрема газдите со почит прво како постари. Јас плаќам, но не значи дека можам се да правам.

После 12 и законот кажува дека не смее да се пушта прегласна музика затоа што се нарушува јавен ред и мир. Твое право да пушташ гласна музика после 12, право на станарите е да се јават во полиција. Крај на приказната.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom