Матуранти кои уште немаат поим каде да се запишат

Незнам каде на факс поради тоа што:


  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Место за сите неодлучни, растргнати, (не)заинтересирани, (полу)збунети и/или (благо)разочарани матуранти!

Кукајте, прашувајте, мрчете, советувајте, фалете се, само не пцујте многу - да не ве шутнат...

Ако незнаете каде, а сакате некаде, пуштете муабет за тоа што највише ве откачува, на што се палите к'о млади мајмуни ;), што ви иде на живци толку многу што би искочиле од кожа (и предизвикале damage) ако ви го направат.... ...после лесно се доаѓа до тоа што ќе ви праи ќеиф у животот.

.... Ја знам нешто од ова високово образование, а богами и од психологија, педагогија и андрагогија (тоа возрасните како учат), па ако пишете ствари што се прашалничести некако, можда и ќе помогнам... шо знаеш...

Да нема забуни - ја сум Горазд Смилевски. Имам приватна академија за Оперативен менаџмент (шефови, директори... такви ствари...). Стално барам streetwise дечки и девојки, самоуци и... матрапази... луѓе што се во потрага по поинаков начин на учење, што сакаат да пробаат, наместо да им кажуваат како треба - млади што сакаат (и уживаат) во критичко мислење и кои уживаат во рушење суетни авторитети... Такви барам

Да, темава ја ставам и ради реклама.

Ваљда ќе пише некој :)
 

goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
29
Не оти ти си крив, но зошто сите приватњаци отвараат менаџмент, економија, бизнис и такви ствари? Вакви факултети ги има на кило во денешно време. Зошто не отворете нешто со кое ќе се разликувате од другите, нешто машински, електротехника, медицина.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Епа вака: Ги има на кило, ама факултети.

На факултет се учи наука. На академија се учи професија.
Од факултет излегуваш набилдан со теории (that's the idea). Од академија излегуваш набилдан со вештини (ако е добра академијата, нели)

После факултет треба да се одлучиш какво работно место сакаш да зафанеш, па се дообучуваш (или им стажираш едно 5-6 месеци за без пари) за да можеш да ја сработиш работата. А да кажуваш кој што да работи - тешко.

После академија, од друга страна, знаеш точно кое работно место го напаѓаш. Ако си учел кај Леонтиќ - ќе идеш по салони за убавина и по стилисти. За воена академија нема што да зборам... од Новинарство - ќе идеш за новинар или известувач. Ако завршиш кај нас - спремен си за шеф/менаџер - која било шефовска позиција - во која било фирма!!!

Тоа е разликата меќу факултет и академија (и двете се високо образование - ако се акредитирани, нели). Бизарно е малку што сите кај нас отвараат факултети, а нудат можност за полесно вработување ?!?! Бог да чува!

Е, сеа, викаш „поразлично“! Нема поразлични факултети.... тоа е тоа! Нема астрофизикална биотехнофагија на пингвински мазо-тронични вокали.... Тоа ти се факултетите... Зашто сите отвараат менаџмент и бизнис?!! Затоа што звучи привлечно и сакаат да ги фатат за студенти оние кои имаат пари или оние кои ич немаат па ептен сакаат да направат, а мислат дека со бизнис ќе им биде лесно.
Дека звучи важно и престижно.

Ние отворивме академија за да спремиме добри менаџери. Каде малку студенти, на купче, ќе можат да си направат отворен муабет - без препотенција и его-трипови - да видат, допрат, чујат како се менаџира овде кај нас. Без фурки и без филмови. + да се рашетаат по нашиве фирми и видат каде им се свиѓа највише, па таму и да се понудат после.

Ај претерав....
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Ние отворивме академија за да спремиме добри менаџери. Каде малку студенти, на купче, ќе можат да си направат отворен муабет - без препотенција и его-трипови - да видат, допрат, чујат како се менаџира овде кај нас. Без фурки и без филмови. + да се рашетаат по нашиве фирми и видат каде им се свиѓа највише, па таму и да се понудат после.

Ај претерав....
Менаџер треба да се разбира во својата струка. Со други зборови, не може менаџер на Т-Mobile да нема врска од телекомуникации. Односно, кога ке завршиш кај вас, не си спремен за ништо. Мое мислење...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Епа, еве и мое мислење:

Менаџментот е една од најстарите професии (види: војна).
Сам по себе менаџментот е универзална вештина. Ако научиш како се читаат работни процеси ќе ти треба не повеќе од недела дена да разбереш како функционира која било фирма. Тоа е добар менаџер на процеси.
Глупа заблуда е дека мора да си доктор за да менаџираш болница или електроинженер за да менаџираш телекомуникациски бизнис. Напротив, повеќето стварно добри менаџер на најмногу 5-6 години го менуваат бизнисот (не газди, него професионални менаџери) што го менаџираат (дека станува неинтересно и досадно)

Ако добро се спремиш за водство, тимска работа и убедување, ќе бидеш добар менаџер на луѓе. Дали ќе работиш со ковачи, со фармацевти или со продавачи у Т-home, нема многу врска.

Ако завршиш... незнам... машински, на пример, од кај к*р ќе знаеш како се предаваат работни задолженија или како се мотивира подреден програмер со трудна девојка која неќе да ја ожени, али му е фрка од татко и?!?

Менаџментот нема никаква нераскинлива врска со дејноста на фирмата. Штета што кај нас уште не им е јасно тоа на фирмите, па наместо да бараат за менаџери луѓе што знаат да работат со луѓе, бараат за менаџери луѓе со дипломи што не значат ништо за способностите за водење и управување (а тоа е менаџмент, нели?)

Значи, мое мислење, ако завршиш кај нас веќе ќе знаеш како да ја разбереш индустријата во која ќе влезеш и како да ги нафураш твоите 5-10 подредени да ја сработат работата (задачите што ќе ти ги симнат од топ-менаџментот) најдобро и со најмалку трошоци. Па и на пиво ќе отидете после работа насмеани, наместо да ти мрчат позади грб пошто си им се правел мајстор телекомуникацијаш, наместо мајстор менаџер ;)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Затоа денес сите се менаџери.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Затоа денес сите се менаџери.
Вистина. Сите сме менаџери. Управуваш со времето свое, со блиските твои. Со дечкото или девојката (освен ако они несе поменаџери од тебе).
Сите сме менаџери. Нема некоја голема филозофија во тоа. Треба да го испланираш (што и да е), да поделиш кој што треба да направи, да провериш чат-пат дали све иде к'o што треба и ако на некого не му иде да видиш како да го подбутнеш. Тоа е менаџмент. И сите сме менаџери. Некои се бољи, некои се по тапа. Ама сите менаџираме (па макар и миленичето у PetSociety или тимот у Кантер)

Заебанција е што многу од сите нас менаџерите се лоши менаџери. Тоа е шит.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
A дали по завршените 3-4 не знам колку години е програмата во твојата академија добиваш диплома?
Ама призната диплома и од министерството за образование
а?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
A дали по завршените 3-4 не знам колку години е програмата во твојата академија добиваш диплома?
Ама призната диплома и од министерството за образование
а?
И тоа мене ми беше зборот ама изгледа не бев сфатена така.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
A дали по завршените 3-4 не знам колку години е програмата во твојата академија добиваш диплома?
Ама призната диплома и од министерството за образование
а?
Дипломата гласи Дипломиран оперативен менаџер.
Акредитација од Одборот за акредитација на високото образование бр. сл.12 од 27.05.2007 година.
Уредна дозвола за работа и сите нишани што идат со тоа.

Инаку, не ги прашувај факултетите за ова. Сите ќе кажат да (или „абе, уште не, ама ќе добиеме догодина, жими све!“). Боље ти е провери си на www.mon.gov.mk каде редовно се ажурира списокот со акредитирани студиски програми и Високообразовни институции со дозвола за работа.

Факултетот или Високата стручна школа (као нас) мора да добие и дозвола за работа. (Откако ќе покаже дека тоа што го ветиле во елаборатот за акредитација стварно и го обезбедиле - простор, професори, услови за работа) Некои го немаат тоа, а шљакаат 300! Ако институцијата нема дозвола за работа, дипломата која ќе ти ја издаде може да биде оспорена (нормално, нели?) Распрашај се дали имаат и дозвола да работат.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Затоа денес сите се менаџери.
Менаџментот е своевидна уметност, факт.
И ич не е крив што пола од новопечените менаџери се зафатиле со него од љубов спрема нешта кои звучат полесно од електро, или што сите факсови откога сфатија што е финтата (неколку децении откако западот ја откри корисноста на менаџментот) без многу секирање околу програмата веднаш му лупнаа акцент за да привлечат млади луѓе, главно како погоре опишаните.
И оттаму сега иде скептицизмот кога ќе се рече ''ќе бидам менаџер'.
Но, од сигурни извори тврдам дека овде е поинаку.

Секој со своето! :smir:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Дипломата гласи Дипломиран оперативен менаџер.
Акредитација од Одборот за акредитација на високото образование бр. сл.12 од 27.05.2007 година.
Уредна дозвола за работа и сите нишани што идат со тоа.

Инаку, не ги прашувај факултетите за ова. Сите ќе кажат да (или „абе, уште не, ама ќе добиеме догодина, жими све!“). Боље ти е провери си на www.mon.gov.mk каде редовно се ажурира списокот со акредитирани студиски програми и Високообразовни институции со дозвола за работа.

Факултетот или Високата стручна школа (као нас) мора да добие и дозвола за работа. (Откако ќе покаже дека тоа што го ветиле во елаборатот за акредитација стварно и го обезбедиле - простор, професори, услови за работа) Некои го немаат тоа, а шљакаат 300! Ако институцијата нема дозвола за работа, дипломата која ќе ти ја издаде може да биде оспорена (нормално, нели?) Распрашај се дали имаат и дозвола да работат.
За тоа во право си.
Мора секој кој сака да се запише на приватен факултет претходно да види дали е акредитиран факултетот и да не верува во оние приказни дека е во тек акредитацијата.
Инаку моментално страната на министерството е изменета и не ги содржи сите податоци. Се пребарав не можам да најдам за акредитирани факултети. А старите линкови не функционираат.

Инаку во врска со насловот на темава ... многу матуранти не знаат што да се запишат што е нормално. Има дел кои знаат што сакаат да учат, има дел кои ќе го учат она што е поврзано со семејната професија (бидејќи тоа им гарантира работа, без разлика дали го сакаат тоа или не), дел ќе запишат она каде што сметаат дека ќе има работа (без разлика дали ги влече тој факултет или не) а дел било што само за да не седат дома или кои се приморани од родителите да запишат факултет.

Има многу факултети и притоа со различни програми, не дека нема избор кога станува збор за високото образование. Се што треба се средства за да се студира. Трошоците за студирање се доста високи (на приватните се дупло) и тоа е лошото што нема вистинска државна партиципацијата која ќе е бесплатна, а притоа и стипендии се даваат на малку студенти и тие се премали. Со 50 евра не може да егзистираш цел месец.

И друга работа поради која матурантите не знаат што да запишат според мене е тоа што знаат дека не се цени факултетската диплома. Не се цени спрема трудот којшто се вложува. Како некој да учи пример за нотар (сеа кажувам само пример) кога за да отвориш нотарска канцеларија ти треба потврда од министерството за правда и мноооогу врски, а ако не си од семејство кое е поврзано со правото нема да ја добиеш. Ќе бидеш цел живот помошник на некој друг нотар. Џабе си учел и ќе си разочаран нормално.
Е тоа е проблемот кај нас. Не се цени знаењето, се ценат врските и партиската определеност.
А и во Македонија има многу малку фирми во однос на бројот на население, огромна невработеност и секаде има образован кадар поголем и тоа три, четири, пет пати поголем од побарувачката на работна сила.

Не ме чуди шти матурантите не знаат кај ќе се запишат. Сето тоа не е само нивна кривица. Живееме во лошо време, во држава каде не знаеме каква ќе ни е иднината не за 10 години, него не знаеме ни дали утре ќе имаме работа па камо ли за понатаму. А секој се запишува факултет за подобра иднина. А таа подобра иднина нималку не се гледа моментално.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Кога окружувањето е вон наша контрола (врски и партии) и кога не можеме да влијаеме на околината, се што ни останува е да направиме избор според внатрешните желби, страсти, капацитети и квалитети.

Или: учи тоа што стварно го сакаш! - не тоа што добро се плаќа, не тоа за што имаш врски или тоа што мајка ти и татко ти ти викаат дека ќе ти биде добро!
Учи тоа што СТВАРНО го сакаш и ќе се десат среќни моменти и ситуација и поклопувања и цел универзум ќе се склопи за да си поминеш ОК. Тргни по пари и додека се свртиш, пола живот ти прошол, а бајпасот и чирот нема да имаш време да ги третираш.

Според мене, кешот е само последица од добро завршена работа - не причина за почнување со некоја работа! Сите што тргнале по кешот се заебале - и го признале тоа... дали јавно пред сите или насабајле пред мужот/жената - не познавам ниту еден весел ловец на кеш...
 
C

cige

Гостин
Вистина. Сите сме менаџери. Управуваш со времето свое, со блиските твои. Со дечкото или девојката (освен ако они несе поменаџери од тебе).
Сите сме менаџери. Нема некоја голема филозофија во тоа. Треба да го испланираш (што и да е), да поделиш кој што треба да направи, да провериш чат-пат дали све иде к'o што треба и ако на некого не му иде да видиш како да го подбутнеш. Тоа е менаџмент. И сите сме менаџери. Некои се бољи, некои се по тапа. Ама сите менаџираме (па макар и миленичето у PetSociety или тимот у Кантер)

Заебанција е што многу од сите нас менаџерите се лоши менаџери. Тоа е шит.
Ми се повраќа кога ги слушам зборовите менаџер и менаџмент.
Со тие звучни англиски зборови само ги лажете децата да им ги соберете парите, не за џабе пола гимназијалци одат на студии по "менаџмент":nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest:
Тоа се само нови зборови за управување, управник, шеф, раководител и тн.
Тоа не е ништо ново, туку само нов назив кој го преставувате како да е нешто ново на овие простори донесено од западот и дека со таа професија во животот ќе ви тече мед и млеко:tapp:
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ми се повраќа кога ги слушам зборовите менаџер и менаџмент.
Со тие звучни англиски зборови само ги лажете децата да им ги соберете парите, не за џабе пола гимназијалци одат на студии по "менаџмент":nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest:
Тоа се само нови зборови за управување, управник, шеф, раководител и тн.
Тоа не е ништо ново, туку само нов назив кој го преставувате како да е нешто ново на овие простори донесено од западот и дека со таа професија во животот ќе ви тече мед и млеко:tapp:
Вистина... ама донекаде.... се што кажа, ама се донекаде.

Не се „лажат децата“ со зборовите менаџмент и менаџер - татковците и мајките се лажат (тоа ти е разлика помеѓу корисник и клиент - голема е). Дали пола гимназијалци одат за џабе на „менаџмент“ треба да покаже времето (бар едно 10-тина години да пројдат). Ам кога времето ќе го покаже тоа што има да го покаже, тогаш некои попаметни од нас (ако им е тоа важно) ќе седнат да проучат зошто и дали тоа било или не било џабе.

Околу речникот:
Менаџира Е релативно нов збор кај нас (cca 15 години) и ги надминува погореспоминатите компоненти на спорниот збор - менаџмент и од него изведените варијанти.
Еве зошто не би требало да ти се повраќа од самиот збор (ОК е да ти се повраќа од асоцијациите што овој збор ти ги буди - поради околината, личните успеси или неуспеси, увиди или разочарувања низ животот).
Управување (како управување со возило, на пример) или directing/steering, е делот од водењето каде насоките ги дава управувачот или директорот/управниот одбор.
Шеф, од друга страна, или boss или head укажува на полето каде имаш хиерархиски авторитет кој го треба да го имаш добиено според својата експертиза (или потврдени покажани умешности, ако си поише за изворни македонски речник).
Раководител, ако тргнеме од етимологијата на зборот (со РАКа ВОДИтел), е некој кој има одпогоре доделен авторитет да одреди кој што треба работи - да покаже со прст или со рака. Ова е навистина блиску до менаџмент, но и тоа не е целиот филм.

Спорниот збор „менаџира“ јас не го преведувам со никој од овие зборови од проста причина што во македонскиот јазик сеуште не сум успеал да пронајдам збор кој ќе значи „обврска и грижа за своето и времето на другите, фокус на задачите и потрага по подобар ред и подобри односи меѓу оние кои ги водиш и од кои најмногу зависиш“.

Искрено (озбилно, без заебанции) ме интересира како ти го преведуваш?
(ама она што тебе ти значи - овдека кај нас!)

аха... и ова... сигурно има „продавачи“ што викаат дека од менаџмент „ќе ти тече мед и млеко“, ама тоа ти го викаат и за тарифата на твојот омилен мобилен оператор и за компирите на пазар... сега, ти верувај на тоа што ти одговара да веруваш - тоа што после ќе те направи да се осеќаш боље, нели? Одлучи што ќе купиш!

Тука кај нас (пошироко на просториве балкански) баш и го немало - никогаш! Системите отсекогаш биле мали. Нас институција првпут ни се десила пред 70 години. До тогаш све владеел камшик. Ние немаме осет за договор! За покорност на авторитети да, ама за договор (рамноправен) - слабо.
Затоа, имаме што да научиме од „запад“, ама поише од подалечниот исток (ја сум највише за ова). Јапонците се може екстремно колективисти за нас, ама не трошат толку време и енергија као ние на мрчење, завист, разочарувања и гнев. Поише гледаат да завршат работа.
Anyway, ние тек треба да научиме пуно за одговорност и меѓузависност и почит за луѓе што не ни се пријатели.

инаку, профилите на БАС се баш тие што ги кажа: шеф, раководител, надзорник - оперативен менаџер е генеричкото име кое ги покрива сите вештини и знаења на претходноспоменатите три. Мислам дека пишува и погоре ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom