Cи заљубив едно моме... трагичност, судбина или македонска апотеоза на битисувањето??

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Малку ми се неприфатливи вашите теории дека околу кармата и оваа на Гаго за биолошкиот раст и пад.

Македонскиот народ последниве 2 илјади години стагнира, па ако се ослониме на кармата тогаш кој знае какви радости не чекаат, но искрено се сомневам.
Во некој учебник по мојата славна етнологија имаше запишано коментар на некој патеписец и анализатор на словенските племиња на балканот. За македонците напишал дека се неверојатно гостопримлив народ за странците но неверојатно нетолерантен во рамките на својата заедница. Кога би пишувал извештај за еден германец би рекол дека е тој работлив и арогантен. Секој народ си има свои црти и карактеристики, македонскиот има такви, не сме ние најдобриот народ на светот, но далеку од најлошиот.
Значи повеќе си во линија со втората интерпретација а?
Искрено и јас повеќе би типувал на втората
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Значи според ВикторГГ и Бацилко, ние старееме рапидно, заситени сме со самите себе и светот околу нас, што е неважно дали...си заљубив едно моме...или дали е високо поставено или сепак само кисело грозјето....туку полека, како и сите други цивилизации од искона, одумираме и се трудиме да опстанеме некако, дури и во ова време проклето.
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Мислам дека и харизмата што ја поседуваме, а за која не сме свесни во целиот наш период на битисување, успеала, можеби на потешкиот начин, но успеала да не држи настрана од фокусот, свесно посматрајќи се себе си во фокусот на вниманието, како другите не калат како народ. Да поедноставам, харизмата секогаш несвесно како неми посматрачи не ставала од страна, а сепак со мимика сме го воделе натпреварот кој се играл за нас. Свесно или не тоа е нашата судбина.
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Значи според ВикторГГ и Бацилко, ние старееме рапидно, заситени сме со самите себе и светот околу нас, што е неважно дали...си заљубив едно моме...или дали е високо поставено или сепак само кисело грозјето....туку полека, како и сите други цивилизации од искона, одумираме и се трудиме да опстанеме некако, дури и во ова време проклето.
Ајде малку попластично, станува збор за различни стратегии еве колку за споредба, ние успеваме да развиваме стратегија за опстанување дури и во најмизерни услови иако за тоа реално во моментов немаме потреба, додека еве на пример германците развиваат стратегија како може да се извлече максимумот од тоа што е понудено од страна на дадените услови. Која стратегија во иднина ќе с епокаже како подобра за преживување не знаеме, а најверојатно поради нашите кратки животни најверојатно нема ни да дознаеме. Битно е дека за опстанокот на човекот има повеќе стратегии кои се негуваат и развиваат од страна на различни култури.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
@ Bacillus

Ти збориш за еволутивно прилагодување кон средината и околностите?

Инаку, зарем сметаш дека со пасивноста, зависта и останатата малодушност и ситнодушност (што е дефинитвно дистинктивна карактеристика на македонскиот "код") сме успеале да опстоиме?
Тие биле нашиот "спасносен" еволутивен клуч?

Јас лично сметам дека баш поради нив, си бевме, онака, трпеливи со турците, го имавме третманот што го имавме у екс сфрј, а и денес сме на "завидна" позиција...И све некако ми кажува дека она што го одиме не е еволуција, туку регресија и стагнација.

Па, или не сме и миленичиња на природата и истата не заебала со давање на погрешни упаства за еволутивен развој, или пак сами се држиме заробени и блокирани во своите постсвесни шеми, а ја обвинуваме судбината, кармата, ватевр.

Како што индивидуата бива заробена во стари шеми на страв и трауми, кои раѓаат дефанзивно однесување, така е и со македонскиот народ, како целина.
Но дефанизвата, не нуди прогрес. Само стагнација и регресија.
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
@ Bacillus

Ти збориш за еволутивно прилагодување кон средината и околностите?

Инаку, зарем сметаш дека со пасивноста, зависта и останатата малодушност и ситнодушност (што е дефинитвно дистинктивна карактеристика на македонскиот "код") сме успеале да опстоиме?
Тие биле нашиот "спасносен" еволутивен клуч?

Јас лично сметам дека баш поради нив, си бевме, онака, трпеливи со турците, го имавме третманот што го имавме у екс сфрј, а и денес сме на "завидна" позиција...И све некако ми кажува дека она што го одиме не е еволуција, туку регресија и стагнација.

Па, или не сме и миленичиња на природата и истана не заебала со давање на погрешни упаства за еволутивен развој, или пак сами се држиме заробени и блокирани во своите постсвесни шеми, а ја обвинуваме судбината, кармата, ватевр.

Како што индивидуата бива заробена во стари шеми на страв и трауми, кои раѓаат дефанзивно однесување, така е и со македонскиот народ, како целина.
Но дефанизвата, не нуди прогрес. Само стагнација и регресија.
Погрешно ја имаш разбрано еволуцијата. Имено еволуцијата не значи промена односно адаптивна промена за да се биде подобар (иако тоа подобар е многу субјективно) туку значи промена односно адаптација за преживување. Па следствено има и ретроградна еволуција, како во случајот со китовите и делфините како цицачи кои се вратиле назад на морскиот начин на живот. За разлика од нив да речеме крокодилите пак се практично живи фосили односно немале потерба ништо менуваат на себе, па ене ги далеку се од истребување. Еволуцијата не е нешто што причинува всложнување на и само создавање на нови особини, туку може да занчи и придобивање на некои постари напуштени особини.
Едноставно еволуцијата не значи по дифолт прогрес, некогаш е и стагнација и регресија. Е сега која од дадените појави била вистинската за преживувањето на видот тоа останува да се види.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Znaci ние сме аtavismus naturalis, своевидни ајкули т.е крокодили кои со своето неменување, но и комплаценција, опстојување и покрај усилбите за наше истребување, а кое самите го дозволуваме?
 
Во ред.
Еве, исклучуваме прогрес кој подразбира акумулирање нови особини, не ги сметаме регресијата и стагнацијата како контрасни на еволуцијата и остануваме со тоа дека истата претставува процес на адаптација која има цел, преживување.

И во тој случај повторно останува валидно она што претходно го зборев (настрана несоодветната терминологија која ја употребив).

Имено, се користиме со идентична ментална матрица и шема на однесување, која очигледно не ни користи. Значи, не се адаптираме соодветно (затоа и преживувањето ни е загрозено...и постојано се враќаме на таква ситуација, да се биде или не).

Едноставно, не флексибилни сме, исклучително крути за адаптација..ерго, не кадарни за преживување, а камо ли прогрес.
Врста која е постојано на работ на изумирање. Еволутивно неподобна.

Znaci ние сме аtavismus naturalis, своевидни ајкули т.е крокодили кои со своето неменување, но и комплаценција, опстојување и покрај усилбите за наше истребување, а кое самите го дозволуваме?
Велиш опстојуваме?

Јас би рекла, на вештачки апарати за одржување на живот сме одамна.
Тоа, не е преживување, ниту успешна презервација од истребување.
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Во ред.
Еве, исклучуваме прогрес кој подразбира акумулирање нови особини, не ги сметаме регресијата и стагнацијата како контрасни на еволуцијата и остануваме со тоа дека истата претставува процес на адаптација која има цел, преживување.

И во тој случај повторно останува валидно она што претходно го зборев (настрана несоодветната терминологија која ја употребив).

Имено, се користиме со идентична ментална матрица и шема на однесување, која очигледно не ни користи. Значи, не се адаптираме соодветно (затоа и преживувањето ни е загрозено...и постојано се враќаме на таква ситуација, да се биде или не).

Едноставно, не флексибилни сме, исклучително крути за адаптација..ерго, не кадарни за преживување, а камо ли прогрес.
Врста која е постојано на работ на изумирање. Еволутивно неподобна.

Велиш опстојуваме?

Јас би рекла, на вештачки апарати за одржување на живот сме одамна.
Тоа, не е преживување, ниту успешна презервација од истребување.
Се додека не се истреби целата популација неможеш да донесуваш заклучок дека таа матрица на размислување води кон истребување. Освен тоа може има одредени елементи од начинот на нашиот живот за кои не си свесна но сепак се тука кои сепак ни овозможуваат да преживееме.
Помири се со фактот дека некои работи неможеме однапред да ги знаеме бидејќи бројот на фактори од кои зависи преживувањето е многу голем.
Еве на пример дел од тој наш начин на живот односно една особина не се сретнува во многу други популации. Имено ние сме такви да на прв поглед и на подолги патеки даваме впечаток на неспособни да направиме развој и да издигнеме нешто као што треба и ради тоа сме генерално земено прости. Но секогаш буквално секогаш тоа води до тоа токму ради тоа да бидеме потценети што ние несвесни го користиме со тоа што во последен момент кога никој од тие кои знаат плански да работата и да се развиваат и да искористуваат потенцијал не ни очекува, да направиме потег кој ќе ги изненади и ќе им ги помати сметките во однос на наше тргање на страна како непродуктивна популација без придонес за развојот.
Со други зборови да делуваме самуништувачки поради летаргичниот однос и скептицизмот ама сем во основа многу заебани и погани кога ни треба.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Нешто сум денес леФ...но:

...си заљубив едно моме, ама кисело беше, а и на многу високо беше ставено грозјето, поради тоа, седнав да гувеам, онака, иконско македонски, троскотен, како кош-трева, која сите се трудат да ја исплевелат и се прашував чуму ќе ми е да ме корнат за да никнам кога ме никој не нејќе, чуму ќе му да сум, кога не сум, а и чуму сум?...

Ада? Бацил?
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Нешто сум денес леФ...но:

...си заљубив едно моме, ама кисело беше, а и на многу високо беше ставено грозјето, поради тоа, седнав да гувеам, онака, иконско македонски, троскотен, како кош-трева, која сите се трудат да ја исплевелат и се прашував чуму ќе ми е да ме корнат за да никнам кога ме никој не нејќе, чуму ќе му да сум, кога не сум, а и чуму сум?...

Ада? Бацил?
Неприкосновениот инстинкт за преживување те затоа, да го немаше тој инстинкт до сега сите ќе се фрлеа од згради. Бидејќи инстинктот за преживување ти вика седи доле како кош трева што е можно подолго, бидејќи никогаш не се знае колку јако ќе свети сонцето и дали и колку брзо ќе узрее грозјето па само ќе си падне пред тебе. Едноставно фактот дека не знаеш што следува те тера да преживуваш што е можно подолго.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Rekof deka sum lef denes, therefore:

...подобро сонце силно да свети и прав и пепел да ме стори, но во миг, мигновено да заблеснам и го засенчам, отколку в сенка да бледнеам постојано како призрак...

И?

....Подобро зрнце да не вкусам, но да умрам трагајќи по начини да го дофатам, отколку да чекам да видам дали навистина е кисело!...

Но, тоа и ми беше думата, дали призрачиме, бледнееме или клетва црна не клети вековно ил' друг се усилил да не порази и в земи згнети?
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Неприкосновениот инстинкт за преживување те затоа, да го немаше тој инстинкт до сега сите ќе се фрлеа од згради. Бидејќи инстинктот за преживување ти вика седи доле како кош трева што е можно подолго, бидејќи никогаш не се знае колку јако ќе свети сонцето и дали и колку брзо ќе узрее грозјето па само ќе си падне пред тебе. Едноставно фактот дека не знаеш што следува те тера да преживуваш што е можно подолго.
Епа зошто тогаш се фрлаат од згради?:smir:
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
Се разбудил балканот едно утро со ужасна главоболка.Незнаел дали претходната вечер шмркал или пиел,немал појма што направил со себе...ама бил сигурен дека болката во неговиот анус не е од природни причини.

По поблиска анализа,забележал дека некој на неговиот задник испишал p.w.n.e.d.
За да се спаси од срамот,решил комплетно да ја игнорира незавидната ситуација кон која очигледно бил волев субјект претходната вечер,па со тоа и неговиот анус станал негово лично табу.

Накратко,тоа е моето мислење за глобалниот аспект на проблемот.Искрено неможам да најдам романтични филозофски моменти во однос на нашата "serious ownage" историја во која сме го кркале константно и разни Цвети и Трајанки (во кои се заљубиле локалните кременковци ала Сердари) биле мошне редовно "бодени" од "мечот" на некој Центурион,Бег или...србин.
Така,поради недостигот на исфрлање телесни течности,македончето изнапишало многу битови песни и Blizzard ја направија WoW. :helou:
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Rekof deka sum lef denes, therefore:

...подобро сонце силно да свети и прав и пепел да ме стори, но во миг, мигновено да заблеснам и го засенчам, отколку в сенка да бледнеам постојано како призрак...

И?

....Подобро зрнце да не вкусам, но да умрам трагајќи по начини да го дофатам, отколку да чекам да видам дали навистина е кисело!...

Но, тоа и ми беше думата, дали призрачиме, бледнееме или клетва црна не клети вековно ил' друг се усилил да не порази и в земи згнети?
Па можеби и призрачиме, иако за да може тоа да се востанови треба да помине многу долго време, ама можеби призрачиме бидејќи на сите останати од истиот вид имаат потреба од такви као нас кои ќе призрачат и најверојатно имаат една уникатна особина која многу ретко е потребна а другите ја немаат а во дадени услови таа особина да биде клучна за преживувањето на видот (species). Оваквата појава е всушност е многу распорстранета и во природата и ние иако можеби не си ја сакаме улогата и позицијата свесни сме дека без нас помали се шансите за преживување.
Еве неколку такви примери.
1. Во една популација на пчели сите работат и неверојатно многу и трошат многу енергија, но секогаш има два три трута, кои неможат ниту да летаат. Ама популацијата не ги елиминира трутовите туку така туку ги чува во многу мал број, бидејќи ако нема трутови нема да има кој да ја оплоди кралицата што би значело изумирање на популацијата пчели.
2 Еден друг пример на таков призрак има во западна африка каде што многу раширена е една една генетска мутација која предизвикува српеста анемија, тие кои ја имаат неможат никогаш да бидат толку ефективни и да трошат повеќе енергија како тие што ја немаат таквата мутација. Ама пак токму таквата анемија е причинува точно тие слабите и нетолку ефективните да преживиеат маларија, додека тие што ја немаат таа мутација имаат многу мали шанси да преживеат заболување со маларија, кој толно во тој простор е доста честа.
И ова е уште еден пример во врска со тоа како функционира еволуцијата што сакав да и го објаснам на ада.

Епа зошто тогаш се фрлаат од згради?:smir:
Да гледам сите се испофрлија од згради. Тоа е само автоматски процес на елеминирање од популацијата на тие што немаат доволно силен инстинкт за преживување. Природата има некои многу елегантни методи а?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom