Што значи тоа да бидеш наново роден христијанин?

Член од
12 мај 2009
Мислења
46
Поени од реакции
3
[FONT=&quot]Што значи тоа да бидеш наново роден христијанин?[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]​
[FONT=&quot]
Прашање: Што значи тоа да бидеш наново роден христијанин?

Одговор:
Што значи тоа да бидеш наново роден христијанин? Стандартниот цитат од Библијата, што одговара на тоа прашање е Јован 3:1-21. Таму се разкажува како Господ Исус Христос разговара со Никодим – познат фарисеј и член на Синедрионот (Врховно собрание и суд на евреите). Никодим доаѓа при Исус преку ноќ, за да му постави некои прашања.

Додека разговараа, Исус му рече: „ Вистина, вистина ти велам, ако некој не се роди одозгора, тој не може да го види Божјото Царство.“ Никодим Му рече: „Како може да се роди човек, кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата нај мајка си и да се роди?“ Исус му одговори: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, тој не може да влезе во Божјото Царство. Роденото од тело, тело е; а роденото од Дух, дух е. Не чуди се што ти реков: треба да се родите одозгора.“ (Јован 3:3-7).

Зборот „наново роден“ буквално означува „роден одозгора“. Никодим навистина има потреба од нешто, има потреба од ново срце, од духовна трансформација. Новораѓањето е Божјо дело, во кое се дава вечен живот на човекот, што верува (II Коринтјани 5:17; Тит 3:5; I Петрово 1:3; I Јован 2:29; 3:9; 4:7; 5:1-4, 18). Во Јован 1:12, 13 се посочува, дека идејата за новото раѓање ја содржи во себе и идејата да „постанеш Божјо дете“ преку верата во Исус Христос.

И тука сосема нормално се појавува прашањето: „Зошто човек има потреба да се раѓа одново?“ Во Ефесјани 2:1 апостол Павле пишува: „И вас, кои бевте мртви поради вашите престапи и гревови...“ Во Посланието до Римјаните 3:23 апостолот пишува: „зашто сите згрешија и им недостасува Божјата слава..“ Ете затоа човек има потреба да се роди наново - за да му бидат простени гревовите и за да има меѓусебни односи со Бог.

Како може да се случи тоа? Во Ефесјани 2:8, 9 се тврди: „Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите – тоа е Божји дар, не од делата, за да не се фали некој.“ Кога некој е спасен, тогаш тој/таа се раѓа наново, духовно се обновува и постанува Божјо дете , согласно со неговото ново право по раѓање. Да се „родиш наново – духовно“ означува да поверуваш во Исус Христос, Кој ја плати казната за гревот кога умре на крстот. „И така, ако е некој во Христа, тој е ново создание...“(II Коринтјани 5:17а)

Ако Му веруваш на Исус Христос како твој Спасител, ќе се замислиш ли врз тоа, што Светиот дух ти зборува во срцето? Ти треба да се родиш наново. Дали би сакал да се молиш ли со молитва на покајание? Дали сакаш уште денес да постанеш ново создание во Христос? „ А на сите, кои Го примија, има даде власт да станат Божји деца, на оние кои веруваат во Неговото име; кои не се родија ниту од крв, ниту од телесна похот, ни од волја на маж, туку од Бога.“ (Јован 1:12, 13)

Ако сакаш да Го прифатиш Исус Христос за твој Спасетел, тука ти предложуваме една едноставна молитва. Самото изговарање на овие зборови нема да те спаси. Единствено верата во Исус Христос ќе те спаси од твоите гревови! Оваа молитва е само еден начин да ја изразиш својата вера во Бог и да Му заблагодариш за спасението, што ти го дава. „Боже знам дека сум погрешил/а кон Тебе и дека заслужувам да бидам казнет/а за тоа. Но Исус Христос ја зеде на Себе казната, што јас ја заслужив, така да преку вера во Него да ми биде простено. Јас сега свртувам грб на својот грев и Ти се доверувам за моето спасение. Ти благодарам за Твојата прекрасна благодат и простителност, за дарот – вечен жовот! Амин!“

Дали тоа што го прочита до тука те доведе до одлука да Го прифатиш Исус Христос? Ако одговорот е „ДА“ тогаш притисни на копчето „Денес го прифатив Христос“[/FONT]
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
[FONT=&quot][/FONT][FONT=&quot]
Дали тоа што го прочита до тука те доведе до одлука да Го прифатиш Исус Христос? Ако одговорот е „ДА“ тогаш притисни на копчето „Денес го прифатив Христос“[/FONT]
Оф топик:
Woooow! The Holly Ortodox Church goes digital.
Прогрес за машала.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
[FONT=&quot]Прашање: Што значи тоа да бидеш наново роден христијанин?[/FONT]

[FONT=&quot]...[/FONT]
Тоа е најголемиот дар на Милоста БОЖЈА (ХРИСТОС) која БОГ му ја дарува на човекот од Љубов!

Тој дар неможе нити да се заработа, нити да се плати, ... тој е незаслужен ДАР кој што потполно го менува животот на човекот!


Одново раѓањето е моментот кога “гасеницата“ под влијание на СВЕТИОТ ДУХ , постанува “пеперутка“!


Среќен е секој кој што го прима тој дар и не го отфрла поради невера, книжнички квасец, ...!
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Тоа за мене значи еднаш засекогаш да ја прифатиш добрата страна без никаква резерва! Да го отфлиш дуалниот концепт. Да сјаеш како сонце према сите, не само према добрите. Всушност, во таа состојба на свест не разликуваш добри и зли, никако не го осудуваш самиот грешник, само злото. Тој неправедниот судија е зад дебели решетки. Комуникацијата нема шанси за фејлур.
Добиваш безусловен мир за вечни времиња, или просветлување.

Моли се за оние што ти грешат и простувај им. Земи го овој меч од моиве раце - Исус Христос на Јуда Бен Хур.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Па зависи за кого, на пример за некого може да значи исцеление,враќање кон традиционалните вредности,многу истомисленици,прифаќање од семејството,духовна обнова...и многу други работи.

Некој можеби го прави од страв од смртта на пример некои кои се покајуваат и покрстуваат на самртната постела...

А за атеистите значи само едно



ЛОБОТОМИЈА...





 
R

RAYTHEON23

Гостин
Па зависи за кого, на пример за некого може да значи исцеление,враќање кон традиционалните вредности,многу истомисленици,прифаќање од семејството,духовна обнова...и многу други работи.

Некој можеби го прави од страв од смртта на пример некои кои се покајуваат и покрстуваат на самртната постела...

А за атеистите значи само едно



ЛОБОТОМИЈА...





:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::aplauz::zver::zver::zver:

хахах а чекај сега имали препородување и абортус овде!!!!!

замислете да не била мрачната доба како ке живеевме колку ке бевме попрогресивни...не ја негирам етиката на религијата..туку олднесувањето на црквата:toe:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Таа состојба на наново раѓање е, гледано од една страна, многу егоистичка, човек престанува еднаш засекогаш да се лути, нервира... својата среќа ја наоѓа во љубовта према другите. Што сте запнале вие да не го пуштите своето его? Не треба да биде на сила тоа. Тоа е лажно јас. Многу филмови се гледа... Да, Танго и Кеш се импресивни ликови. :)
 
A

ateist

Гостин
Таа состојба на наново раѓање е, гледано од една страна, многу егоистичка, човек престанува еднаш засекогаш да се лути, нервира... својата среќа ја наоѓа во љубовта према другите. Што сте запнале вие да не го пуштите своето его? Не треба да биде на сила тоа. Тоа е лажно јас. Многу филмови се гледа... Да, Танго и Кеш се импресивни ликови. :)
не се збори за супер его туку обично нормално его
кое е одлична одбрана од сите злонамерници кој сакаат да те обезличат
да ти го одземат дарот за размислување , да ти ја наполнат главата со лајна
за некаков бог а у ствари тој збор им носи одлична заработка

човек без свое јас ...........е бројка од руља , толпа ..престанал да постои .
дозволиш ли други да размислуваат за тебе .....за тебе играта завршила
мислам значи постојам !
е оваа работа неможат да ја смислат религиите оти они како слуги на капиталистите и властите мора да си ја одработат работата луѓето да ги направат малоумни , да престанат да размислуваат со своја глава .

религиозното "препородување" значи .." верувам дека не верувам во себе оти други треба да мислат за мене" . Всушност на други СМРТНИ луѓе им го признавам правото на посупериорни од мене без тие да приложат било каков доказ за тоа .
Станува збор за одлично извежбан религиозен трик за масовно перење мозоци

...не ја негирам етиката на религијата..
непостои такво нешто сега собрале луѓе да смислуваат

нели ги собрал министерот да ја измислат религиозната етика

а зошто ако ја имаат не ја објават на форумов
барем во кратки црти да ја видиме

јас и те како ја негирам ( додуша сеуште не ја измислиле ама ај )
 
R

RAYTHEON23

Гостин
нека објават да видиме баш што е тоа:toe:
 
A

ateist

Гостин
нека објават да видиме баш што е тоа:toe:
нема ништо подобро од тоа кога работите претходно ќе се стават на увид и ќе се продискутираат доколку се имаат чесни намери

дури и некој лични видувања ( и себе тука се вбројувам ) може да се променат
доколку работите се образложат и се увиди нивна корисност и логична одржливост

ако е добро образложено и логички издржано тогаш ниту инаетот непомага

затоа ете им покана
форумов е добар за дискусија.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
човек без свое јас ...........е бројка од руља , толпа ..престанал да постои .
дозволиш ли други да размислуваат за тебе .....за тебе играта завршила
мислам значи постојам !

е оваа работа неможат да ја смислат религиите оти они како слуги на капиталистите и властите мора да си ја одработат работата луѓето да ги направат малоумни , да престанат да размислуваат со своја глава .
Good point!
Рене Декарт воопшто не им се допаѓа...им ја ебе целата смисла - мислам версус верувам...вечита борба од која засега едино атеистите излегуваат како победници.

Ако оваа максима на Декарт се пренеси на државата и власта, пак се испоставува истото - дека тие виреат врз верувањето на масите...
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
не се збори за супер его туку обично нормално его
кое е одлична одбрана од сите злонамерници кој сакаат да те обезличат
да ти го одземат дарот за размислување , да ти ја наполнат главата со лајна
за некаков бог а у ствари тој збор им носи одлична заработка

човек без свое јас ...........е бројка од руља , толпа ..престанал да постои .
дозволиш ли други да размислуваат за тебе .....за тебе играта завршила
мислам значи постојам !
е оваа работа неможат да ја смислат религиите оти они како слуги на капиталистите и властите мора да си ја одработат работата луѓето да ги направат малоумни , да престанат да размислуваат со своја глава .

религиозното "препородување" значи .." верувам дека не верувам во себе оти други треба да мислат за мене" . Всушност на други СМРТНИ луѓе им го признавам правото на посупериорни од мене без тие да приложат било каков доказ за тоа .
Станува збор за одлично извежбан религиозен трик за масовно перење мозоци
Види , се ставам на твое место и сфаќам што сакаш да кажеш, и се сложувам со тоа дека многу верници погрешно го сфаќаат тој препород и стануваат лицемери и плашливци. Не сфаќаат дека љубовта нема врска ни со сентименталност ни со слабост. Јас зборувам може идеалистички но тоа е, лично си е лично мислење. Она што сам сум го искусил како состојба на свест е дека е можно она што го напишав во првиот пост, не се осеќав слабо туку силно и добро. Исус попуштал не затоа што бил слаб туку затоа што бил силен. Но таа состојба бега од мене бидејќи уште не сум спремен за неа, може сум и спремен но не си ја дозволувам, сакам прво уште некои работи да расчистам со себеси. Инаку, да бидам овчичка што ведне глава и попушта секому а тоа да ме боли или да не ми биде сеедно, никако. (Само некои тоа го сметаат како дел од патот што треба да се изоди, т.н. страв од Бога) :raz:
Ова за што јас зборувам е една многу интуитивна сосотојба пред се, тешко воопшто некој да ти смета а камоли малтретира, таа делува на сечија потсвест и некој треба да е само ненормален па да не ја сфати. Ма делува и на нив. :)
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
46
Поени од реакции
3
има смрт и живот сега твои избор е каде ќе тргнеш по кој пат одиш во вечноста или во пеколот така да неможеш да бидеш слуга на два господара исто време така да на едниот повише ке му служиш на Мамона или Бог
 
A

ateist

Гостин
има смрт и живот сега твои избор е каде ќе тргнеш по кој пат одиш во вечноста или во пеколот така да неможеш да бидеш слуга на два господара исто време така да на едниот ПОВИШЕ ке му служиш на Мамона ИЛИ Бог
ајде бе ..да не лажеш можда :pos: :pos: :pos:

АБЕ НЕМА ..ПОВИШЕ ИЛИ ПОМАЛЦЕ
РАБОТАТА Е ..ИЛИ ИЛИ .........НЕМА ТРЕТА МОЖНОСТ


ЕВЕ ГЛЕДАЈ :

Матеј: 6:24 ”Никој не може да им служи на два господара; зашто или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го љуби; или ќе му биде приврзан на едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите на Бога и на мамона.”

Лука: 16:13 Ниеден слуга не може да им служи на два господара; зашто, или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го љуби; или ќе се приврзе кон едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да Му служите на Бога и на мамона!”

КАЈ ГЛЕДАШ ПОВИШЕ ИЛИ ПОМАЛЦЕ !

1 Тимотеј: 6:10 зашто љубовта кон парите е корен на секакви зла;
.
.

и затоа :

Дела Ап.: 2:44 А сите кои поверуваа беа заедно и сè им беше општо.
4:4 А мнозина од оние, кои го чуја словото, поверуваа, така што бројот на мажите се зголеми до пет илјади.
4:32 А множеството на оние, кои поверуваа, имаше едно срце и една душа, и никој не велеше дека нешто од неговиот имот е негово, туку сè им беше општо.

33 Апостолите сведочеа многу силно за воскресението на Господа Исуса и голема благодат беше над сите нив.

34 И никој меѓу нив не беше во скудност, зашто сите, кои имаа ниви и куќи, ги продаваа, а цената на продаденото ја донесуваа и ја ставаа пред нозете на апостолите.

35 И секому му се даваше колку кому му беше потребно.

.
.
..

ДЕМЕК

КАПИТАЛИСТИЧКИ ФИНТИ , ОНИ ЌЕ СИ ЖИВЕАТ ЛАГОДНО СО КРАДЕЊЕ ОД СИТЕ ЛУЃЕ А ДРУГИВЕ ЌЕ СЕ СРАМАТ И ПЛАТА ДА ПОБАРААТ ОД ОВИЕ БЕСРАМНИЦИ ОТИ НЕЛИ СО ТОА БИ МУ СЛУЖЕЛЕ НА МАМОНА .
ГИТЛА БЕ .....СЛУГИ КАПИТАЛИСТИЧКИ .

Матеј: 20:25 А Исус ги повика и рече: „Знаете дека владетелите на народите господарат над нив и дека големците ги угнетуваат.

Јаков: 2:6 А вие го презревте сиромавиот! Не се ли богатите тие, кои ве угнетуваат и ве влечат по судилиштата?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom