String Forces

Самара Морган

НЕ Е ВЕЌЕ ЧЛЕН НА КАЈГАНА
Член од
24 јуни 2009
Мислења
511
Поени од реакции
33
Значи ова е македонска група сознадена во 2001 година.Песните им се прекрасни.Самите текстови се возвишени и треба да се слушнат поубаво за да можат да се сфатат.Не зборуваат за типична девојка која се заљубува во недостижен или обратно.Пеат за нивната смисла на животот , за начинот на кои тие го гледаат светот.

 
Најдобра нивна песна ми е:

 
Супер бенд, само кај се изгубија во последниов период не знам...едино што имаа свирка пред месец во Кастро...
 
Еве ги во акција, далечната 2002 на No Borders фестивалот. Јас се криев под една стреа и на крај на свирка им стигнав :kesa:
Интересен бенд. На времето ги вртеа по телвизииве.
На овој YouTube канал има повеќе за нив.
 
Вау кој бенд јеботе, ги имаат направено едни од најсентименталните и најпрекрасните мелодии кои сум ги слушнал и кои можеби го имаат допрено совршенството. Не ми е јасно како ваков бенд може да биде така запоставен од македонската публика, девојката има прекрасен глас, текстовите се неверојатни и магични. Ги слушам веќе две недели постојано, особено овие две песни кои се можеби најдоброто нешто кое што воопшто излегло како продукт од Македонија а може да се сврсти под поимот музика


 
вокалот е парче! =]
 
Одличен бенд. Едни од поомилените песни ми се:
Води ме, Каде бегаш?!, Sub, Мали души (со Скелку Скас), Ќелари шарени.
 
Имаат квалитетни текстови спакувани у убав целофан. Sub мај фејворит.
 
Ima robovi ti gi imash li?

 
My favourite


Гледаме небиднини и вистини.
Слушаме невистини и причини.
Ќе сме летале, ај и јас, ај и јас.

Зборуваме, но сами не се слушаме
Тишината во сонот ќе не прекрие
Ќе сме молчеле, ај и јас, ај ијас.

Огништето не ти згрешило.

Каде бегаш, нели гледаш,
јас и ти во тој свет не припаѓаме.
Како ќе сме ние чисти,
капка роса таму труло се кај што е.

Посакуваме акција, случување.
Нудиме дразба, надмудрување.
Ќе се спасиме, ај и јас, ај и јас.

Предците од нас не се откажуваат.
Туѓи бајки не не залажуваат.
Ќе останеме, ај и јас, ај и јас.

Огништето не ти згрешило.

Каде бегаш, нели гледаш,
јас и ти во тој свет не припаѓаме.
Како ќе сме ние чисти,
капка роса таму труло се кај што е.
 
Една од поглавните, не сте ја постирале досега :)

 
По четригодишна визуелна пауза, македонскиот состав „Стринг Форсис“ во четвртокот на 21 март го промовираше своето ново аудио и визуелно остварување под наслов „Причина-предумисла“. Темата е истовремено и нивни прв сингл од новиот албум во изработка.
Покрај музиката која што е на Стринг Форсис, видеозаписот е режисерско дело на Дина Дума, врз основа на концептот на Дориан Јовановиќ. Во главната улога се појавува Влатко Зафирковски, директор на фотографијата е Горан Наумовски, Тања Рибарска монтажа, сценографија на Влатко Зафирковски, шминка Жанета Димитриевска и колор корекција Александар Стојановски. Видеозаписот ќе може да го погледнете на веб-сјатот на Стринг форсис: http://stringforces.info, на некои од македонските телевизии како и на музичкиот канал МТВ Адриа (MTV).
Премиерата на видеозаписот се одржа во преполниот клуб Менада, во четвртокот навечер (21 март) каде што покрај премиерното прикажување на видеозаписот, се претстави и екипата што работеше на него, а целата атмосфера беше надополнета со диџеј-настапот „A Lazarus Taxon“ на тапанарот на Стринг форсис, Лазар Дарковски.
 
Еве ги во акција, далечната 2002 на No Borders фестивалот. Јас се криев под една стреа и на крај на свирка им стигнав :kesa:
Интересен бенд. На времето ги вртеа по телвизииве.
На овој YouTube канал има повеќе за нив.
Песнава едно од подобрите им е заедно со таа Кде бегаш , женскиот вокал е преногу добар ,а текстовите претерано добри .
 
Moментално на МРТ или МТВ 2(како е), концертче оди од Форсис.
 
Back
На врв Bottom