Форум музичари

  • Креатор на темата Креатор на темата filip_247
  • Време на започнување Време на започнување
Со други зборови, озвучена акустична гитара. И има штимери со микрофон, така да ако ти е поефтина неозвучена, а немаш намера да идеш по свирки, земи си обична, и штимер со микрофон, нема потреба преку кабел да ја штимаш.

Слух е друга дваесе, треба вежбање за тоа.

не давајте пари по штимери снајдете се :smir: прогуглајте... јас гитарава ја штимам со обичен микрофон од 150 денари, и бесплатен штимер слегнан од нет кој е толку точен дури пишува колку херци треба да биде...
еве како се вика,од тоа подобро здравје :smir:

PitchPerfect Musical Instrument Tuner
 
Друже секоја ти чест за песниве. Со твоја огромна помош си ја научив од MR. Big песнава која веќе одамна се токмам да ја цакнувам.

Продолжи така само.
 
Со други зборови, озвучена акустична гитара. И има штимери со микрофон, така да ако ти е поефтина неозвучена, а немаш намера да идеш по свирки, земи си обична, и штимер со микрофон, нема потреба преку кабел да ја штимаш.

Слух е друга дваесе, треба вежбање за тоа.
Абе какви свирки, сакам обична акустична за да си свирам по дома, да си правам ќејф. Гледам има многу убави туторијали на YouTube па сакам да пробам. Е сега шо пари е тоа штимер со микрофон? Да не е 500 еура некое не ми треба :pos:
 
еве нешто од мене :smir: не е нај нај,но само тоа имам снимано утре ќе снимам нешто друго и ќе ставам.
Не е за восхитување,знам,но сепак во музичкото училиште се свири класика,а ние секогаш со професорот импровизираме вакви песни да бидат во класичен стил....

Утре ќе ставам нешто РОК :smir:
 
Сакам да им се заблагодарам на сите кој ми дадоа подршка и да дадам едно браво за класичниата преработка, иако песнава е лесна. Само така! Чекам многу нови работи... Поздрав!
 
Сакам да им се заблагодарам на сите кој ми дадоа подршка и да дадам едно браво за класичниата преработка, иако песнава е лесна. Само така! Чекам многу нови работи... Поздрав!

друже песнава е многу лесна,за 3 дена ја научив.Едната гитара свири рифови,и дурови т.е. држи ритам,а другата е солажа....

До после ќе ја снимам Фул Фор Јоур Ловинг од Вајт Снејк :smir: и ќе ја ставам.Само малце е глупо,бидејќи електричната ја продадов,и сеа на класичната свирам само, и неможам солажите да ги свирам што се од 13 поле нагоре бидејќи не ми засечена гитарата.
 
Филип, добар си :)
Него, гитарата електрична Астер ти е?
 
Знам друже кој шо свири. Steve Vai има верзија од Фул Фор Јоур Ловинг, и има откачено соло. Исто и ја ја знам песната да ја свирам, али солото на Vai не е аматерско... тешко е за свирење.

Филип, добар си :)
Него, гитарата електрична Астер ти е?
Фендер Стратокастер Мексички...
 
Знам друже кој шо свири. Steve Vai има верзија од Фул Фор Јоур Ловинг, и има откачено соло. Исто и ја ја знам песната да ја свирам, али солото на Vai не е аматерско... тешко е за свирење.

Фендер Стратокастер Мексички...

Не е битно колку е тешко за свирање...Може и да е во 2/3 тона па да е уметност....Инструментот е направа за свирење музика,не направа за докажување на неговите способности итд....значи може да се направи музика со 2 /3 добросврзани акорда,а да е поквалитетна од најбрзото,најебачкото соло на земјата...

Инаку - Epiphone Les Paul Standard here:D...Фендерите не ги многи поднасам...али телекастерот и скваерот се искрено добри гитари...стратокастерот лично не ми праи мерак....

Инаку Коњак + бира 4евар....:smir::smir::smir::smir::smir:
 
Ха, како баш на мене да ми објаснуваш. Знам што збориш, те разбирам, и го знам тоа од дамна. И најдобрите песни се со 3 дура ;) Викаш неможеш да поднесеш фендери, а скваерот и телекастерот биле добри. Скваерот е најниската, најлошата и најефтината верзија на Фендер гитарите и басовите, а има и Телекастер и Стратокастер Скваер. Телекастерите и ја повеќе ги сакам од стратокастерите, иако не сум свирел никогаш. Али Стратокастеров никако не го продавам, пошо тоа е класика, класика на која свиреле Хендрикс, Stevie Ray Vaughn, а свири и Malmsteen и многу други. Не ми е ич битна гитарата... јесте да е добро да имаш добра гитара со 24 полиња и со флојд роус, али кога ќе се изнавежбам и кога ќе се осетам спремен за нова гитара, тогаш ќе купам. Поздрав!
 
Ај еве нешто и од мене, знам дека не е некое ремек дело зашто сеуште учам професионално пеење, па се надевам ќе ви се допадне начинот на кој ги изведувам песниве:

Цела Here I Go Again - Whitesnake:

Кратко демо од Still Haven't Found What I'm Looking For - U2:

Кратко демо од With or Without You - U2:

Некои ми кажуваат нешто многу бука кревале видеава нешто со ниските фреквенции проблеми имале, не можев да ги чујам зашто имам мали звучници без басови па не осетив такво нешто.

Ај коментари чекам...позз и се најубаво ви посакувам на сите музичари и музиканти! Само напред!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Џ.

Здраво! Имам 14 години и се викам Филип, одамна не сум наминал накај форумов. Гледам дека нема ставено некои музички точки од страна на членовите на Кајгана, па сакав колку можам да ви покажам што знам. Свирам гитара од десет години, а од жанровите сакам рок, прогресив метал, џез, фјужн, блуз... Некои од моите поомилени бендови/артисти се: Red Hot Chili Peppers, Dream Theater, Symphony X, Disturbed, Superhiks, Joe Satriani, Steve Vai, Stevie Ray Vaughn, Van Gogh, Mr.Big и многу други...

Еве засега што имам ставено на мојот ЈуТуб канал...

Гитаристот Rob Chappers организираше натпревар со цел да се направи авторско соло на негова позадинска снимка. Пријавувањето треа до 1ви следниот месец. Наградата е прекрасна Mayones гитара. Никако не се пријавив за гитарата, пошо има многу поискусни и подобри свирачи од мене ;)
По видеата е очигледно дека потекнуваш од музичко семејство и дека има некој кој што те поддржува пред се од технички дел гледано:студиски миксер,монитори,клавијатури,процесори....про тулс,едноставно:) Добар си,се гледа.Со оглед на годините можам да кажам дека си и одличен.Не е спорен воопшто твојот сенс за музика и апсолутно ти посакувам да се искачиш кон најгорната точка што ја посакуваш!

Прашањето ми е: Дали имаш остварено контакти со музичари што се докажани на сцената и дали те има некој слушнато што знае дека имаш огромен потенцијал за тоа што го сакаш и што го работиш.

А целта не прашањето ми е: Ако одговорот е ДА,тогаш ОК.Веќе имаш некоја траекторија на движење и знаеш дека ќе успееш.А доколку одговорот е НЕ,ќе ти дадам совет: Не очекувај никој да те викни од дома! Праќај видеа праќај снимки и докажи дека тоа што го знаеш вреди и треба да се искористи како потенцијал!

А и ќе ти дадам една задача доколку би сакал да ја одработиш.
Научи ја од Gary Moore - Parisienne walkways.Ја сметам како една од подобрите ГИТАРСКИ песни и како пример за тоа како и што треба да одсвири еден добар гитарист. Повели па презентирај,нормално,доколку сакаш!

Здравје понатаму да си купиш една Лес Пол Ес Ге СТУДИО! :smir:
 
Одговорот е НЕ. Нема за жал, никој од ''ѕверките'' ме чуено. Не се осеќам уште спремен за таков чекор. Има уште многу да учам... Кога ќе се осетам спремен, прво шо ќе направам е ќе земам нова гитара, и потоа ќе продолжам. Барем така јас си имам замислено. Треба да научам, да ставам нешто ептен ''ѕверско'' за да ме прифатат како ѕвер. Затоа велам, има уште многу многу за учење... Инаку сонам за добар Ибанез со 24 фрета и Флојд Роус. А инаку Фендеров за жива глава не го давам. Фала на убавите зборови! Се гледаме!
 
Браво Филип, се гледа дека имаш голем талент. Само со бог напред и ќе успееш во се што посакуваш! Браво!
 
Браво Филип, се гледа дека имаш голем талент. Само со бог напред и ќе успееш во се што посакуваш! Браво!
Фала ти. Ми се допаѓа како пееш. Не си воопшто лош. Гласот ти е создаден за рок да пееш, само продолжи и ќе биде!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom