Форум музичари

  • Креатор на темата Креатор на темата filip_247
  • Време на започнување Време на започнување

filip_247

сељак...
Член од
30 септември 2007
Мислења
0
Поени од реакции
6
Веб-сајт
www.xeezi.com

Здраво! Имам 14 години и се викам Филип, одамна не сум наминал накај форумов. Гледам дека нема ставено некои музички точки од страна на членовите на Кајгана, па сакав колку можам да ви покажам што знам. Свирам гитара од десет години, а од жанровите сакам рок, прогресив метал, џез, фјужн, блуз... Некои од моите поомилени бендови/артисти се: Red Hot Chili Peppers, Dream Theater, Symphony X, Disturbed, Superhiks, Joe Satriani, Steve Vai, Stevie Ray Vaughn, Van Gogh, Mr.Big и многу други...

Еве засега што имам ставено на мојот ЈуТуб канал...

Гитаристот Rob Chappers организираше натпревар со цел да се направи авторско соло на негова позадинска снимка. Пријавувањето треа до 1ви следниот месец. Наградата е прекрасна Mayones гитара. Никако не се пријавив за гитарата, пошо има многу поискусни и подобри свирачи од мене ;)

Joe Satriani - Satch Boogie, не цела верзија

Mr.Big - To Be With You. Малку акустика. Прекрасна песна од Mr.Big.

RHCP - Dani California. Малку постаро видео али нема везе...

Очекувајте многу нови работи...
 
Браво Филип, потребна беше една ваква тема на Кајгана за самопромоција на членовите кои се занимаваат со музика! Ајде, сите што имате снимено ваши преработки постирајте овде! Јас наскоро ќе постирам нешто...
 
Затоа и ставив, гледам некако умрен е овој дел :) Ајде чекам нешто и од вас, а секако чекајте и од мене ;)
 
Браво за тебе.
Одлично свиреш,се гледа дека имаш талент:)
 
Звер само продужи така и ќе те биде.:helou:
 
Абе да ја искористам темава да прашам нешто. Сакам да си купам гитара и дома сам да свирам од туторијали од YouTube. Е сега сакам акустична да зеам. Прашање ми е како да ја штимам сам и на колку време се расштимува:toe:
 
Па вака, ако земаш акустична, ја би ти препорачал да земаш електрифицирана акустична гитара. Зошто? Пошо, се купуваат штимачи, кој се поврзуваат со гитарата преку кабел, и е многу лесно и практично да се наштими гитарата. А и ако земаш електрифицирана, ќе ти се најде можеби за некоја свирка итн. А додека научиш да ја штимиш гитарата по слух, ќе ти треба најмалку една година. Се надевам дека ти помогнав...
 
Темава ја прекрстив во ‘‘Форум музичари‘‘.Сите оние кои мислат дека имаат доволно знаење и вештини, и дека можат да се покажат во најдобро светло пред форумџиите, нека ги постираат својте обработки , сите оние кои свират и сакаат да покажат колку се умешни во тоа, единственото место да го направат тоа е ова овде, токму на оваа тема.:smir:
 
Извини вака, али мислам дека одлуката е глупа. Ќе се наполнат на пример многу музичари и како луѓето ќе оставаат коментари. Треба се да цитираат, да постираат без везе, некој треба да бара по страните за да најде друг музичар освен мене. Мислам дека е подобра предходната варијанта, ова му доаѓа како твое соспствено портфолио, да не треба да ти се меша некој друг. Или па да отвори посебна под-тема кај шо ќе може да се отварат теми за сопствени изработки и преработки... Поздрав. Се надевам дека ме разбра...
 
Добро студио!!

Алесис се мониторите?
 
Mr.Big - To Be With You. Малку акустика. Прекрасна песна од Mr.Big.

лично мене оваја намногу ме бендисва ... супер си дечко само продлжи со свирење (ти кажвам од лично искуство да не прекинваш :wink:).
Да имав синтисајзер ќе постирав и јас нешто , сега засега дур не купам нема да има ништо од мене :).
Во секој случај темата е закон, редно беше да се покажат кајгана музичарите :)
 
Извини вака, али мислам дека одлуката е глупа. Ќе се наполнат на пример многу музичари и како луѓето ќе оставаат коментари. Треба се да цитираат, да постираат без везе, некој треба да бара по страните за да најде друг музичар освен мене. Мислам дека е подобра предходната варијанта, ова му доаѓа како твое соспствено портфолио, да не треба да ти се меша некој друг. Или па да отвори посебна под-тема кај шо ќе може да се отварат теми за сопствени изработки и преработки... Поздрав. Се надевам дека ме разбра...

Отварање на посебен под форум во музика за да се отвараат теми за сопствени изработки и преработки е многу неизводливо, дека всушност на форумов таквите како тебе(талентирани, надарени и учени музичари) кои сакаат да се покажат пред останатите се сведува на минимум.Во принцип, тука сите се знаат за музиката а уствари појма немаат.Подфорумот би бил празен.
А ке видиш, дека и покрај тоа што вака ја именував темата, бројот на оние кои ке прикачат свои видеа од некои настапи и соло изведби ке биде многу мала.Така да немој да мислиш дека ке се направи хаос.
Еве ја темата, тие што сакаат да се покажат, нека го прават тоа тука, и на ниедно друго место.:smir:
 
Инаку мн добри кавери за таа возраст!! Ќе очекуваме повеќе штом велиш така:smir:

Инаку јас нз како и што ќе правам, сепак очекувајте некој екстремен кавер летово..:D:D
 
Па вака, ако земаш акустична, ја би ти препорачал да земаш електрифицирана акустична гитара. Зошто? Пошо, се купуваат штимачи, кој се поврзуваат со гитарата преку кабел, и е многу лесно и практично да се наштими гитарата. А и ако земаш електрифицирана, ќе ти се најде можеби за некоја свирка итн. А додека научиш да ја штимиш гитарата по слух, ќе ти треба најмалку една година. Се надевам дека ти помогнав...

Со други зборови, озвучена акустична гитара. И има штимери со микрофон, така да ако ти е поефтина неозвучена, а немаш намера да идеш по свирки, земи си обична, и штимер со микрофон, нема потреба преку кабел да ја штимаш.

Слух е друга дваесе, треба вежбање за тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom