Вони, поговорката дека не каса ако лае не би ја проверувал. обично почнува со лаење на едно, а другите му се придружуваат...и лае и каса. Не сум ниту стручен (како и мнозинството граѓани на Скопје) да познаам кој е алфа, а кој бета, дали му е територија или не, но сум во состојба да забележам кога некое сака да нападне. Затоа и фала богу досега (иако доста ми се пуштале) ме немаат гризнато. но досега сум бил витален и релативно подготвен да им вратам, а што понатаму???
Состојбата во Скопје со животните не можам да ја прифатам како природна и нормална затоа што не е. Да беше тоа нормално, другите земји ќе го стореа истото. Затоа велам, доблесно е, но зависи во кои услови живееме (или преживуваме, според состојбите во Скопје). И јас не би ги мразел доколку ги нема на улица.
Сепак, ова е само мое мислење и став по ова прашање...секој со своите искуства.
Знаеш, проблемот не сме јас или ти, проблемот се малите деца, старите луѓе и сите други со кои го делиме градот.
Дури и да е во право за тактиката со кучиња, тоа би било во 99% од случаите.
А тој 1 % ќе не јебе сите, пошто Марфи владее.
Некое куче, таму некаде, малтретирано од сите кои живеат во маалото, цело пореметено, ќе се пушти на некое дете и можеби толку ќе треба.
Или ќе игра детево со топка, она ќе ја смеша играта (границите) како што викаше VoniVaras, ќе го гризне за нога.
Или некој што има страв од кучиња, ќе го збркаат и ќе направи глупост, како детето кое го познава Тончи и паднало од Кеј.
Едно е да се бара решение, али друго е да се тврди дека кучињата не се опасни.
Јас за мене ви тврдам, не се опасни.
VoniVaras ви тврди за него, не се опасни, во каква ситуација да се најде он, ќе се справи со тоа.
Али сериозно, можете да го потврдите тоа за секој жител во Скопје?
Опасноста е тука, затоа и треба да се бара решение.
Ви пишав и пред 15 страни, јас кога зборам на темава, не глеам на мој дискомфорт или страв (пошто го немам, пишав нека има и 80.000, не ми сметаат), туку гледам на сите оние кои би биле во потенцијална опасност од кучињата.