Теоретски можно, практично неизводливо. Самоодбраната е основно право, а проценка на ситуацијата за да не дојде до проблем е пожелна во сите случаи, како со животни, така и со луѓе.
Но она спомнато од ВониВарас со точакот и гумите, со храната...сето тоа не функционира во реалноста. Сосем подруго кога имате други триста грижи, кога немате за салама за внукот, а камоли за кучињата, кога сте рано наутро сами во темнина, кога мора да кружите околу блок/маало за да не ги вознемирите кучињата, а на работа ќе ве казнат ако доцните...има многу прашалници сето ова, иако теоретски добро звучи
Овие вести можда не се секојдневие, но глејте да не ви се деси вам или на вашите деца. Но тогаш мислам дека мислењето на некои форумџии ќе е поинакво за овие прашања
Куче изгриза четиригодишно дете
Ако градот/државата не презема мерки, воопшто не е едноставно да се справиме
ние самите со овој проблем.
ТОЧАКОТ,ГУМИТЕ, ХРАНАТА... и те како функционираат и во реалност и се практикуваат од многу. :smir:
Кучињата скитници реално се ПИТАЧИ, никако не може да се класифицираат како предатори (веќе е објаснето тоа).
Каков тип на територија бранат кчињата скитници?
1. Ако од станарите од некоја зграда или вработените во некоја фабрика (маркет ватевер) добиваат повремено храна, тие си ја исполнуваат “задачата“ на чувари и ја бранат “територијата“ од непожелни натрапници. (кратци, багабонти...)
Ако изреагираш соодветно и напраиш “муабет“ со нив ќе се разбереш, ќе ги убедиш дека си добар (а кучињата знаат да проценат верувај) и ќе си продолжиш со патот. (во или покрај зградата, маркетот...)
Ако некој е од “лошите“ оправдано ќе го спречат да влезе во заштитената територија.
2. Мајка со малецки ја брани територијата околу нив.
Во овој случај заобиколи (во поширок радиус).
Не е познат случај на ЛОВЕЊЕ (на човек) од страна на кучиња скитници.
Кој има кучиња во маало многу е полесно да се спријатели со нив отколку да ги истерби. Како некои овде што си организираат “сафарија“ и ги искажуваат своите мазохистички и нечовечни особини.
Секогаш ќе дојдат нови на нивно место.
Околу повторно и повторно давање на вакви линкови со вести за лошите кучиња.
Во двата наведени примери кој е виновникот?
која е револтирана на соседите кои никогаш не го врзувале кучето.
и
По три часа бил пронајден дресерот на кучето
Со вакви проблеми ако треба јас сам да се справувам ќе завршам, во најмала рака, со прекршочна пријава за физички напад. Виновникот не е кучето туку
човекот.
Затоа и предходно кажав дека итно е потребен ЗАКОН за домашни миленици.
Следна постирана вест на која ќе одговорам и обавезно ќе се извинам за се предходно напишано, ако гласи:
„Кучиња скитници
УЛОВИЈА и повредија некого (маж, жњна, дете...)“
Кога сме кај ловот мислам на лов како кај дивите животни.
ПС. Потсетување кај нас нема Динго кучиња. :smir: