Интервју со Пато
Пато: Имам уште да учам
Сонувам да постигнам гол со ножички на Сан Сиро, признава напаѓачот на Милан
Роналдињо го нарече "иднина на фудбалот", Анчелоти секогаш зборува со ентузијазам за него. Кака на неколку пати изјави дека тој "ќе напише големи страници во историјата на фудбалот". А тој во своите први шест месеци во Серија А се претстави со 9 гола, така што допрва ќе ги потврдува оценките на неговата адреса и големите очекувања.
Алесандре Пато ја започнува новата сезна со широка насмевка, што ја отсликува безгрижноста на едно 18-годишно момче, што не ги гледа пречките пред себе.
- Се уште сум обично момче, тоа е сигурно. Не сум се променил воопшто. Во исто време пораснав, научив што значи да играш во италијанското калчо. Гарантирам дека ќе биде подобро. Тука уште не сте го виделе вистинскиот Пато.
На какви тешкоти наиде во Италија?
- Најтешко ми беше да се приспособам на тактиката. Во Бразил бев навикнат како напаѓач да чекам на проигрување од соиграчите. Тука сепак не е така. Анччеоти сака од мене да се движам по теренот. Прво треба да тргнам по топката, а потоа да барам слободнен простор.
Анчелоти сака да играш како типичен централен напаѓач?
- Ако тој ме гледа во таа улога, нема никакви проблеми. Јас сум млад и сакам да учам, да откривам многу тајни во фудбалот. Постигнав 9 гола за половина сезона, но знам дека можам повеќе. Многу повеќе.
Навивачите на Милан приредија вистински спектакл на претставувањето на Роналдињо.
- Невидено. Тој заслужува таков пречек, зашто што е многу голем фудбалер. Порснав во Порто Алегре, каде што е роден Роналдињо. Во градот зборуваа само за него, тој е легенда. Сонувам еден ден да бидам добар како него.
Кој е подобар Роналдињо или Кака?
- И двајцата се многу важни за Милан, но со различен стил на игра. Роналдињо игра повеќе на крило, а Кака обично се враќа во центарот на теренот. Најважно е што се во Милан, во мојата екипа.
Како влијае врз екипата Роналдињо?
- Роналдињо со себе донесе многу радост. Тој игра со насмевка и тоа е неговата голема тајна. Шкафчињата во соблеквалната ни се блиску, како и она на Кака. Мал Бразил во базата Миланело. Мислам дека многу ќе се забавуваме.
Што посакуваш во новата сезона?
- Освојување на титулата. Тоа е главната цел. Сега со Роналдињо можеме да освиме се. Ќе се бориме за Купот на УЕФА и Купот на Италија. Скудетото сепак е на прво место.
Кој е твојот сон?
- Еден гол. Сонувам да постигнам посебен гол на Сан Сиро. На цетаршутот од Кака или Роналдињо, правам ножички преку глава и постигнувам гол. Овации, публиката е во екстаза, соиграчите трчаат кон мене, ме носат на раце. Убав сон нели?.