НБА драфт 2009

  • Креатор на темата Креатор на темата the Consigliere
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
25 јуни, Њујорк , пренос на ЕСПН телевизија...

Распоред на бирање

Очекувања, прогнози , карактеристики на играчите , сето тоа во оваа тема...
 
Клиперс фиксно ќе го земат првиот пик , Грифин мислам дека беше.
А понатаму ништо не се знае, ќе видиме.
Факт е дека оваа година на драфтот го нема квалитетот од сезоните на Дурент или на Леброн.
 
немало потреба од Рики Рубио да се појавува на драфт,мислам дека уште не е спремен за НБА залак.
 
Мојот фаворит е овој дечко. Дефанзивна машина, а и во нападот не е лош. ОВаа сезона имал 4.2 блокади по натпревар. Мемфис може да го лапне.

 
Nz so e rabotata so Riki Rubio,neknja citav vo sport nikoj ne go sakal,a pred toa se tepaa za nego
 
Мојот фаворит е овој дечко. Дефанзивна машина, а и во нападот не е лош. ОВаа сезона имал 4.2 блокади по натпревар. Мемфис може да го лапне.



Да Табет е и мој фаворит дури поголем и од Грифин, едноставно дечкото е супер, може да игра и 5 и 4 и многу е подвижен за својата висина.

Дефанзиве е можда и бољи него офанзивец, све на све најкомплетен играч според мене на драфтов
 
Го сакам во Њу Орлеанс ! Со Крис Пол ќе прават растур !
 
Од колку саат е Драфтот на 25ти?
 
Во пресрет на драфтот што ќе се одржи вечерва по полноќ(7 часот по источно амер. време) во Медискон Сквер Гарден во Њујорк...еве ја листата на десетте најголеми промашувања во изборот на НБА драфтот...


1. Дарко Миличиќ ( Детроит ) пред Двејн Вејд, Кармело Ентони и Крис Бош – 2003 година.

Детроит во драфтот 2003. година влегоа со шампионска НБА титула и имаа огромна шанса со прв пик да го зацементираат својот статус во НБА династијата, но тие го одбраа талентираниот српски центар кој засекогаш остана вечен талент и пропуштија три all – star играчи, од кој барем еден ќе биде избран во кошаркарската Куќа на славните.

2. Сем Боуви ( Портланд ) пред Мајкл Џордан, Чарлс Баркли и Џон Стоктон – 1984

Портланд го имаше правото на втор избор и бараше центар и, бидејќи Хјустон како први го избраа Хаким Олајџувон, тие се одлучија за Сем Боуви. Но, можеа да изберат помеѓу Чарлс Баркли или Џон Стоктон и, што е најлошо пропуштија прилика да го донесат најголемиот од најголемите – Мајкл Џордан.

3. Сихуго Грин пред Бил Расел – 1956

Ниту најголемите НБА фабнатици не знаат кој е Сихуго Грин, за разликa од Бил Расел? Неможевме ниту да најдеме фотографија од него...

4. Микал Томсон, Фил Форд и Пурвис Шорт избрани пред Лери Брд – 1978 година

Дури тројца играчи се пред Лери Брд и тоа се три глупости во низа.

5. Џо Смит пред Кевин Гарнет – 1995

Доволно е да се спомне дека Кевин Гарнет и денес е еден од најдобрите играчи во лигата.

6. Армон Гилијам и извесен Денис Хопсон наместо Скоти Пипен – 1987.

Сепак во тоа време Пипен беше „необработен дијамант “ кој не беше брилијантен на Универзитетот.

7. Лоренсен Врајт и Виталиј Потапенко избрани пред Коби Брајант и Стив Неш – 1996.

Шарлот го избра Коби Брајант, а Феникс Стив Неш, додека ЛА Клиперс се одлучија за украинскиот центар Виталиј Потапенко.

8. Антонио Даниелс, Тони Бати и Адонал Фојл наместо Трејси Мекгрејди – 1997. – првиот пик Тим Данкан

Таа година првиот избор беше логичен и точен бидејќи Сан Антонио го избраа Тим Данкан, но го пропуштија Трејси Мекгрејди кој беше избран од Торонто.

ЛИНК
 
^ Тука може да се додаде и Кваме Браун кој беше избран за прв пик во 2001 - пред Пау Гасол (3), Тони Паркер (28), Гилберт Аринас (31), Мемет Окур (38), Шејн Батие (6), Џо Џонсон (10) ...

Доста промашувања имало во 2001.
 
За Кваме Браун мислам дека имаше операција на срцето и не се разви како што треба, може и грешам?!? Инаку драфтот сега гледав започнува во 01:00. Може некој да каже зошто Сакраменто нема да бидат први туку 4-ти пошто не сум баш во тек со настанива?
 
За Кваме Браун мислам дека имаше операција на срцето и не се разви како што треба, може и грешам?!? Инаку драфтот сега гледав започнува во 01:00. Може некој да каже зошто Сакраменто нема да бидат први туку 4-ти пошто не сум баш во тек со настанива?

Епа батка пред изборот на драфтот се влечат со топчиња екипите кои ќе бираат по редослед, не секогаш последниот го има правото на првиот пик на драфтот, последниот има највеќе шанси, односно највише топчиња у барабанот е сеа баксуз тим ка Сакраменто годинава нема да биде прв избор на драфтот туку 2,3,4 итн

Дури може да се случи и шампионот да бира прв но шансите за тоа се 1:300 , првиот има 1 а последниот 300 топчиња у барабанот ( не се ова бројките ова е размерот ) на пример

кужиш ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom