Бараат луѓе за NOC (Network Operation Center), бар според ова што го гледам на сајтот. Тоа во суштина значи седење пред монитор и надгледување мрежни точки, рутери, линкови и слично, најверојатно како аутсорсинг шема за поголеми компании кои ќе им плаќаат на нив - а потоа они на вас. Мониторинг, пријавување проблеми и тн... Гледаш во монитор и чекаш нешто да светне црвено. Скапување пред компјутер во превод. Не е некоја комплицирана работа, што не може да се научи за 2-месечна обука.
А дека целиот пристап кон работава е тотално аматерски и промашен, така е.
И аман, нека ги научи некој новинариве дека не сите работи поврзани со компјутери се „програмерски“ работи.