Гоч
33 1/3 rpm
- Член од
- 17 мај 2009
- Мислења
- 1.417
- Поени од реакции
- 47
Кажи дека се согласуваш со Љубчо, ама дај аргументи, а не празни зборови - подвоеност, целосна антиквизација.... И каде виде некој да кажува дека сме скоро чисти потомци на античките Македонци?Стварно ме разочарува ваквиот пристап...исклучувате член од дискусија зашто можеби изнел поинакво мислење од оноа што е доминантно во дискусијава. Овде се изначитав (со прескокнување) многу "пристојни" коментари, кои не се исфрлаат и се полни со навреди и непристојности. И тоа, за жал,само го докажува она што Љубчо го кажа а Паско упорно негираше дека постои. Имено, дека Античките Македонци и Славомакедонците во РМ ќе се заколат меѓусебно докажувајќи кој од каде е, и притоа дека оние Античките се прилично агресивни во искажувањето (и наметнувањето) на своето мислење. Добога, Паско негираше дека постои тенденција за т.н антиквизација (инсистирање на античко македонско потекло и форсирање на тој дел од историјата), што веќе и врапчињата го пеат овде, и спомна нешто, што мора да признаам дека прв пат го слушам во последниве 2 години а тоа е дека сме мешавина од повеќе народи кои живееле и се мешале тука. И да, тоа е логично за мене, но не се совпаѓа со форсираната теорија за скоро чисти потомци на античките македонци со капката словенска крв... Гледајќи ја дебатава, ме запрепасти несигурноста на П.Кузман како врвен стручњак во својата работа чиј основен аргумент зошто треба да инсистираме на Античкото потекло е истото да ни послужи како основа во решавањето на сегашните проблеми што ги имаме со името и постоењето, односно право на името Македонија и Македонци (парафразирам). За мене е тоа недоволно. Недоволно како аргумент на стручњак...А за Љупчо, тој само знае зошто токму сега и токму на оваа тема искача во јавноста, и ДА мора да му се признае дека изгледа доста сигурен во тоа што го тврди (и НЕ, не викам дека е во право, но соговорниците како да не можат да го докажат спротивното)...
...И уште нешто, јас демократијата ја сфаќам (меѓу другото) и како слобода на говор и слобода на искажување на своето мислење и слобода на Љупчо Георгиевски да го каже своето мислење и слобода ЈАС да кажам дека се сложувам со Љубчо, без страв дека некого овде на форумов смртно ќе навредам до таа мера да ми го банира постот...па нели против едноумие се боревме?
Со што се согласуваш со Љубчо? Поточно. Не само генерално - се согласувам. Па ќе направиме нормален муабет :smir:
Па какви одговори да дава кога од другата страна му стои политичар?Od inzeneri i od veterinar ne moze da ja krojat istorijata.
Ednite go prevedoa Kamenot od rozetata a drugiot zbori za grobot na A.Makedonski .
Fakt e deka vecerva Pasko davase politicki odgovori.
Sto znaci deka sepak nekoj protezira fals istorija.
И ај кажи која е таа фалш историја. Пак генерално. Поединечно. Што што кажа Паско е фалш?
Со што се виде? Аргументирај понатаму...Јас мислев Паско дека е попаметен ама се виде дека не знае и тој доволно (или не кажува).