А2- дебата Паско и Љубчо

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Токму ситното политичко профитирање ја наметна дилемата бе Гоч.
Најлошото во ова ситуација е тоа што денес сите политичари станаа историчари, а на вистинските историчари им е одзедено правото на глас.
Болдираново ќе го сватам како ниска провокација и нема да го коментирам.

Во врска со другиот дел - какво е тоа чувство кое те тера да се чувствуваш како Антички Македонец ?
Ај долови ми го моментот те молам.
1.Не е ситно политичко профитирање, туку КРУПНО. Многу крупно.
2.Каде јас напишав дека се чувствувам како Антички Македонец? Ај жити бога најди ми еден таков пост. Јас се чувствувам едноставно како МАКЕДОНЕЦ, со сите последици од таквото мое определување. А една од нив е античкиот народ кој живеел на овие простори и кој го носел истото име. Така?

П.С.
Коментарот не беше предвиден да биде провокација, туку искрено прашање - дали ти како Македонец не чувствуваш никаква врска со античките Македонци и со културното наследство кое го носат тие? Сосема едноставно, а не провокативно.
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Словени сме биле, антички Македонци сме биле...бре , бре , бре !!!
Македонија има географска положба којашто секогаш низ историјата претставувала своевидна раскрсница , многу народи поминале, останале , живееле ....антички Македонци, словени, готи, крстоносци, племиња...... не сум некој страствен историчар па затоа и нејќам да навлегувам ниту да солам памет. Но едно сум сигурен ....не сме ниту чисти антички Македонци , ниту Словени... на Балканов во историјата не се знае кој кого клецнал, па какви се мешавини има! КОјзнае што сме....од аспект на генетиката?!?! Она што е битно е како што се чувствуваме ??? Она што е битно е што определуваме да бидеме и она што ни се негира е едно основно право да бидеме тоа што сакаме, тоа што чувствуваме во себе дека сме и да се нарекуваме како сакаме.
Меѓутоа не е тоа најтрагично! Искрено више преку к...в и од името , и од словени , македонци ,грци.....толку сме опседнати со минатото што заборавивме на сегашноста а уште помалце мислиме на иднината.
А сегашноста е дека се случува пропаст во државава ни наша на идеолошки, културолошки , економски, социјален, политички план . Многу си ја сакам, никогаш неам намера да се отселам ама државава за кур не ни ја бива. Џабе сите се праат патриотишта у душа, поотмци на Алкеснадар кога 90% од народов е поделен на ВМровци и Сдсмовци. Македонскиот народ кој живее на територијата на сегашна Македонија , сега во моментов е најголем безкичмењак. Политичкава елита не гази , не праи будали и пак на избори ќе идете ќе ги гласате и пак ќе се чукате у груди за нив. ПОлитика влезе и во МАНУ и во судтство и во спорт па дури и на кајгана.ком кога се дискутира за историја гледајте колку се доведуваат работите во политички контекст.
А најпарадоксално е што ваква дискусија се развива за емисија во која за историјата говореа поет и археолог, мислам каков нон сенс!
некои го величаат едниот , некои го величаат другиот! А паралелно сите јадат говна за Б. Ристовски , Љ. Фрчковски , Д. Малески и други кои само си го користат своето демократско право да си го кажат своето мислење и да си ги бранат своите интереси. Они можеби се корумпирани, предавници и нешто друго, но они си имаат свое мислење, си го кажуваат и го бранат. Дејствуваат!!! А овие бесполезни полемики кои континуирано се водат на форумов станаа више досадни и стерилни. Ме потсеќа на оној Јудејски народен фронт од МОнти Пајтон- Житието на Брајан!!! Discusonс, discusions , discusions!!! And what about action????
 
Член од
27 март 2009
Мислења
445
Поени од реакции
14
Ако народт зборел како што тврдиш ти на словенски тогаш уште подобро :helou: Затоа што тракијците биле составен дел од војската на александар велики и биле од словенско потекло.







и како ова нема врска со темата? Па вие не ја прифаќате вистината :helou:
I vasiot omilen Pasko kuzman rece deka ima fakti deka Slovenite prvo bile zad Karpatite.
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
Јас сум многу разочаран.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ама за стапицата треба елаборат од 1000 страни поткрепени со факти кои ни се пред нос.
Ама од тоа не се печали, туку се работи за ситна пара или волонтира.
Наскоро ќе ви поставам тема во историјата да ја видите најголемата заблуда за Пелазгите, протоСловени, протоМакедонци како сакате наречети ги, најголемиот народ заедно со Индијците кој и во антиката очи си ваделе едни со други.



Извини, по сите карактеристики вие припаѓате на македонската цивилизација а името го добивте по племе кое многу кратко престојува на Балканот и скоро ништо не остана од него.
Македонците во антиката ги фузираа Траките бидејќи припаѓаа на истата група, Пелазги-Венети, имаа многу допирни точки.
Изворите велат дека траките са вториja по големина народ на светот след индусите.Така вели самиот Херодот во изворите си.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Не ми е јасно како можеме да допуштиме некој да ни дискутира за индентитет,кој ги секса Македонец сум ,каков Македонец,веќе се дискутира на подфорум Историја,на овој подфорум темата е офтопик
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
А ШТО ВИКАТЕ ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ ДА ГО ПРОГЛАСИМЕ ЗА ТАТКО НА НАЦИЈАТА А А1 ЗА РЕЛИГИЈА ХАХАХАХА -се зезам,
абе луѓе оладете малце, дури да сме и марсовци дојдени у 91 со кое право ни забрануваат државата да ни се вика Македонија, нацијата -македонци, јазикот- македонски КОГА ДРУГА ДРЖАВА СО ИМЕ МАКЕДОНИЈА НЕМА, СО ЈАЗИК МАКЕДОНСКИ НЕМА, СО НАЦИЈА МАКЕДОНЦИ НЕМА!!!
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Се гледа колку имате чувство за чест!!!!Ме баниравте и ti продолжи да ме навредуваш знаејќи дека не можам да ви вратам!!!За твоето прашање една парафраза затоа што ме мрзи да цитирам:

„МИСЛАМ ДЕКА ГО ИМАМЕ Љ НА ФОРУМОТ“
„НИКОТ ДА НЕ МУ ПОЧНУВАШЕ НА Д“
„ИМАШЕ ЧЕСТ ДА ГО БАНИРАШ ПЕДЕРЧЕ ЕДНО“

Каков ви е овој форум ако не дозволувате некој да го каже своето мислење!!! Откако ме баниравте првпат го тргнавте и мојот потпис од профилот, тоа е уште еден доказ дека ниту вие не сте сигурни во вашето верување, да не беше така немаше ниту Бугарите да ги банирате, а камо ли Македонците со различнo мислење од вашето. На емисијата Паско оспоруваше дека нема раздор меѓу Македонците на антички и Словени, овој форум е жив доказ за тоа дека има!!!!! Банирајте ме и по третпат, ама оставете го овој пост да се чита, доколку останало и најмала честитка за чест во вашите ситни души, инаку докажувате дека сте погадни и од комунистите против кои кобајаги зборувате!!!

Поздрав, ваш DZE:smir:
Стварно ме разочарува ваквиот пристап...исклучувате член од дискусија зашто можеби изнел поинакво мислење од оноа што е доминантно во дискусијава. Овде се изначитав (со прескокнување) многу "пристојни" коментари, кои не се исфрлаат и се полни со навреди и непристојности. И тоа, за жал,само го докажува она што Љубчо го кажа а Паско упорно негираше дека постои. Имено, дека Античките Македонци и Славомакедонците во РМ ќе се заколат меѓусебно докажувајќи кој од каде е, и притоа дека оние Античките се прилично агресивни во искажувањето (и наметнувањето) на своето мислење. Добога, Паско негираше дека постои тенденција за т.н антиквизација (инсистирање на античко македонско потекло и форсирање на тој дел од историјата), што веќе и врапчињата го пеат овде, и спомна нешто, што мора да признаам дека прв пат го слушам во последниве 2 години а тоа е дека сме мешавина од повеќе народи кои живееле и се мешале тука. И да, тоа е логично за мене, но не се совпаѓа со форсираната теорија за скоро чисти потомци на античките македонци со капката словенска крв... Гледајќи ја дебатава, ме запрепасти несигурноста на П.Кузман како врвен стручњак во својата работа чиј основен аргумент зошто треба да инсистираме на Античкото потекло е истото да ни послужи како основа во решавањето на сегашните проблеми што ги имаме со името и постоењето, односно право на името Македонија и Македонци (парафразирам). За мене е тоа недоволно. Недоволно како аргумент на стручњак...А за Љупчо, тој само знае зошто токму сега и токму на оваа тема искача во јавноста, и ДА мора да му се признае дека изгледа доста сигурен во тоа што го тврди (и НЕ, не викам дека е во право, но соговорниците како да не можат да го докажат спротивното)...
...И уште нешто, јас демократијата ја сфаќам (меѓу другото) и како слобода на говор и слобода на искажување на своето мислење и слобода на Љупчо Георгиевски да го каже своето мислење и слобода ЈАС да кажам дека се сложувам со Љубчо, без страв дека некого овде на форумов смртно ќе навредам до таа мера да ми го банира постот...па нели против едноумие се боревме?
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Изворите велат дека траките са вториja по големина народ на светот след индусите.Така вели самиот Херодот во изворите си.
Тоа се говори за Пелазгите на кои и Траките се дел.
 
Член од
30 март 2009
Мислења
418
Поени од реакции
27
Добар е како историчар онолку колку што било кој друг не ја познава историјата.
Od inzeneri i od veterinar ne moze da ja krojat istorijata.
Ednite go prevedoa Kamenot od rozetata a drugiot zbori za grobot na A.Makedonski .
Fakt e deka vecerva Pasko davase politicki odgovori.
Sto znaci deka sepak nekoj protezira fals istorija.
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
абе луѓе оладете малце, дури да сме и марсовци дојдени у 91 со кое право ни забрануваат државата да ни се вика Македонија, нацијата -македонци, јазикот- македонски КОГА ДРУГА ДРЖАВА СО ИМЕ МАКЕДОНИЈА НЕМА, СО ЈАЗИК МАКЕДОНСКИ НЕМА, СО НАЦИЈА МАКЕДОНЦИ НЕМА!!!
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Јас мислев Паско дека е попаметен ама се виде дека не знае и тој доволно (или не кажува).
 

Mangavadu

пролетер
Член од
23 март 2009
Мислења
695
Поени од реакции
42
Od inzeneri i od veterinar ne moze da ja krojat istorijata.
Ednite go prevedoa Kamenot od rozetata a drugiot zbori za grobot na A.Makedonski .
Fakt e deka vecerva Pasko davase politicki odgovori.
Sto znaci deka sepak nekoj protezira fals istorija.
А кој може да се бави со дешифрирање на антички јазици ако не добри програмери и математичари?

На темава: Вештачка дилема наметната

Словени против Македонци - со една единствена цел: поделба на Македонците за да може полесно да ни протуркаат промена на име.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom