сега требаат 2 дефанзивци и еден голман:salut:
Добро ке биде да купат еден централен , по можност италијанец што би се согласил на ротации во тимот а не да се фура зашто не игра во прв тим , а за уште еден дефанзивец мислам дека не е потребно . Очекувам од Одо далеку подобра сезона , Замброта ке игра на позиција лев бек , нека не ве чуди истово , фановите на Јуве добро памтат дека пред да отиде во Барса , Замброта одлично се снаоѓаше на позиција лев бек иако е деснак .
Не би се согласил со Миланез , тешко дека тренер како Анчелоти ке го пушти Пато осамен во нападот , не е класичен напаѓач , сеуште е дете , нема искуство , слаб е во дуел игри така да мое мислење е дека Бориело од стартот на сезоната ке добива шанса во стартниот тим ( последна шанса за типов во голем клуб ). Кака да игра како плеј покрај Гатузо и Пирло во средината, Рони и Пато како полушпицови , а Бориело напред , тоа би бил тимот што би требал да разара .
Главна маана наредната сезона би биле повредите , не дека урочувам , али Кака и Роналдињо претходнава сезона во тој сегмент немаа среќа , а во Италија не верувам дека ке бидат нежни кон Рони и неговите циркузантски потези , а за Кака ноу комент , ке треба да трпи стартови цела сезона со оглед на неговиот начин на игра .