Во пресрет на расправата за ребалансот на буџетот СДСМ предлага 11 мерки за справување со кризата.
Партијата најавува дека со амандмани ќе бара имплементирање на нивните предлози во буџетот бидејќи предлозите на власта не значат напуштање на буџетскиот комодитет во делот на непродуктивните трошења и непродуктивните проекти. СДСМ се залага за поголем државен интервенционизам во стопанството.
„Намалување на ДДВ од 18 на 15%, и од пет на четири проценти. Второ, нула проценти ДДВ за 10 најопходни прехранбени продукти, од потрошувачката кошничка. Трето, ослободување на 50%, од обврската за придонеси за плати по сите основи. Четврто, ослободување на најмалку 50%, од обврската за плаќање на персонален данок на доход. Петто, државна стимулација од 90 милиони евра, за извозно ориентираните компании“, изјави Зоран Заев, в.д претседател на СДСМ.
дали ова не се контра со болдираното?